Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Ако Андерсон не биде спремен за против Вила најверојатно во средниот ред ќе игра двоецот Флечер - Гигс :vozbud:, за потоа за против Порто да играат одморените Сколс и Карик.
Бидејки сега Сколс е суспендиран со сигурност знаеме дека ќе ги одигра двата натпревари во Лигата на Шампионите против Порто.
 
N

navivacka

Гостин
sepak mancnester ke bide sampion:baeh:
Добредојде во најдобриот фан клуб:helou:уште еден Ѓавол на број:)

За Андерсон не е проблем,проблем е за Руни,иако имаме играчи сепак Тевез не е во форма а за Берба да не зборувам...за натпреварот против Порто добро е што ке имаме свежи играчи за настап.
 

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Добредојде за новиот член:helou:

Ферги ке се снајде за со Вила...мислам дека на двата натпревари би настапил и Парк,Ферги секогаш го игра на такви тешки натпревари...само нападот бе е проблем...Бербатов некако не се докажува,како да не му се игра а Тевез го бие малер колку и да шутира топката не влегува онаму кај што треба...останува да видеме што ке направи Ферги,каква тактика ке смисли.

Нови проблеми за Ферги,Рио е неизвесен за дуелот против Вила:tapp::nesvest:
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=16255d2d-aacc-47aa-a10c-908a3b3da04e&ln=3&typeBack=default
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.678
Поени од реакции
43.581
Добредојде на vladko duna..

Леле уште Рио да не игра против Вила и ќе треба со Еванс и Екерсли да играме:tapp:
Но Вила се во поголема криза од нас така да имаме поголеми шанси,иако не треба да потценуваме!

Ама и овие од УЕФА толу прости.Ливерпул-Челзи и Баерн-Барселона во ист ден.Во вторник Виљареал-Арсенал најглупавиот натпревар.
Што има ова веза со Манчестер????
 
Член од
17 февруари 2009
Мислења
728
Поени од реакции
60
Поздрав и од мене до новиот член vladko duna. Само нека пишува кирилица :). Незнам што се случува со Рио Фердинанд, јас синоќа го гледав не се забележа некоја посериозна повреда. Дали е тоа официјално дека нема да игра против Вила, или само претпоставки?
 
N

navivacka

Гостин
Поздрав и од мене до новиот член vladko duna. Само нека пишува кирилица :). Незнам што се случува со Рио Фердинанд, јас синоќа го гледав не се забележа некоја посериозна повреда. Дали е тоа официјално дека нема да игра против Вила, или само претпоставки?

Абе дај боже да се претпоставки ама нема да ме изненади воопшто ако е повреден,ич нема срека со повредите...а и репрезентациите донесуваат проблеми:toe:изгледа не е сериозна повреда

Централниот стопер беше приморан да го напушти натпреварот со Украина со поткривнување во 88та минута.

По крајот на натпреварот селекторот Капело Потврди дека Рио чуствувал болка но не можеше да го потврди типот на повредата.

“Тој чуствуваше малку болка и ќе биде потребно да разговарам со докторите.” – рече Капело.

Дај боже да не е сериозно.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.614
Поени од реакции
22.430
Се надевам дека не е ништо сериозно...Без Видич сме па и бес Рио ќе биде тешко..
Но сепак мораме да одиме на победа..
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.571
Поени од реакции
6.266
добредојде и од мене владко.ожекувам бербатов да блесне со а.вила,рио ке биде тешко(секако доколку не игра) но оваа ке биде шанса за еванс да се проба како лидер на одбраната (мислам дека со ошеј во тандем ке игра) не една од крилните позиции очекувам да игра нани(го нема веке подолго време) :toe: :smir:
 

манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Натпреварите на Манчестер Јунајтед во месец Април

5 недела - Астон Вила - дома
7 вторник - Порто - дома
11 сабота - Сандерленд - гости
15 среда - Порто - гости
19 недела - Евертон - неутрален
22 среда - Портсмаут - дома
25 сабота - СП*РС - дома
и евентуален натпревар против Виљареал или Арсенал доколку го поминеме Порто на 28 или 29 Април.

Доколку не ги победиме сите овие натпревари сезоната ќе ни отиде во вода, и ќе ни бидат за џабе 14 натпревари без примен гол во Премиер Лигата, победата против Интер во Лигата на Шампионите и победите против Саутемтон, СП*РС. Дерби и Фулам во ФА купот.
Но доколку ги победиме сите овие натпревари ќе бидеме многу блиску до сите три титули. Значи овој месец треба Манчестер да го покаже вистинското лице и со искуството на Фергусон до нови многу значајни победи.

За конкурентите. Ливерпул очекувам да киксне на Кревен Котиџ. Фулам дома нема загубено натпрењвар ова сезона против “големата четворка“(не победија нас и Арсенал, а одиграа нерешено со Челзи).
По порзот на Челзи против СП*РС шансите за титулата значително се намалија и сега тие се конкуренти од сенка за титулата. Челзи игра на Сент Џејмс Парк против Њукасл и не очекувам кикс на Челзи бидејки секогаш лесно ги собираат трите бода од СЏП. Но оваа е Премиер Лига сите се борат за нешто. Во овој случај Њукасл се бори грчевито за опстанок така да не верувам дека лесно ќе се предадат ако се знае дека од ова недела имат нов тренер, Алан Ширер, но сепак шансите им се минимални.

Не верувам дека повредата на Фердинанд е нешто сериозна и сигурно ќе игра против Вила па макар и под инекција, бидејки овој натпревар е “маст вин гејм“.
Но ако е нешто сериозна повредата тогаш би требало О’Шеј да игра на местото на Фердинанд, а Невил на местото на О’Шеј.
:smir:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.911
Поени од реакции
1.320
Голманот на Виљареал заинтересен за Јунајтед
Диего Лопез голманот на Виљареал изјави дека би бил заинтересиран да го замени ветеранот Ван Дер Сар.

Гледај 1:28 - 1:30​


Јунајтед ќе разаботи од евентуална продажба на Роси
Јунајтед ќе заработи од можниот трансфер на сега-вредниот, поранешен играч на Јунајтед, италијанецот Џузепе Роси.Анонимниот тим се верува дека испратил понуда за италијанецот од 19мил фунти.

Мислам дека добро преведов :pipi:
 
N

navivacka

Гостин
Голманот на Виљареал заинтересен за Јунајтед
Диего Лопез голманот на Виљареал изјави дека би бил заинтересиран да го замени ветеранот Ван Дер Сар.


Мислам дека добро преведов :pipi:
Секој сака да игра во Јунајтед само прашање е дали Ферги ке се одлучи да го купи...обично ретко купува а веке имаме голмани кои би го заменниле ВДЦ ама се може да се случи можеби Ферги ке се одлучи да го земе.
 

__MaNu__

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Член од
30 ноември 2008
Мислења
520
Поени од реакции
3
Голманот на Виљареал заинтересен за Јунајтед
Диего Лопез голманот на Виљареал изјави дека би бил заинтересиран да го замени ветеранот Ван Дер Сар.

Ретко купува Ферги,ама сепак би сакала да купеме еден добар голман,Кушчак е многу несигурен а за Фостер не сум баш сигурна дека би го заменил ВДЦ првата година кога ке се пензионира,оставаме на Ферги да одлучи.
А ке ја дават ли Манчестер на МТВ пошто БТВ не ја факам.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.571
Поени од реакции
6.266
мислите ли дека лопез е подобар од фостер?јас искрено незнам.добри се и двајата :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom