Изјава на Фергусон за голот на Браун во саботата:
"Топката беше долго време во воздух, доволно за голманот да ја процени и навреме да интервенира. Тие мислат дека Немања се судрил со него, но на снимката јасно се гледа дека нашиот фудбалер беше оттурнат. Како и да е, ова беше наш најдобар натпревар сезонава бидејќи ја имавме контролата на топката и бевме самоуверени. Гостувањата кај Блекбурн во последните сезони за нас беа доста тешки, овде знаевме и да губиме, а сега дојдовме до лесна победа. Тоа е одлично", смета менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон.