Бербатов: До крајот на кариерата во Манчестер Јунајтед
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов изјави дека би сакал својата кариера да ја заврши на Олд Трафорд.
Бугарскиот интернационалец кој од Тотенхем се пресели во Манчестер Јунајтед, вели дека ужива во животот во новата седина.
"Доколку јас неможам да бидам среќен овде, неможам никаде" - изјави Бербатов за Daily Star.
"Се е како што еднаш рече Рајан Гигс. Тој тука е од почетокот и не сака да игра на друго место. Јас сум тука и несакам да одам никаде".
"Понекогаш се случува да седам дома и да размислувам: Еј јас сум во Мачестер Јунајтед! Jaс сум најсреќниот човек. Тоа е прекрасна работа. Но, мора да продолжите да се борите во секој натпревар".
На гостувањето против Алборг, Бербатов ги постигна и првите голови за Манчестер Јунајтед.
"На почетокот бев разочаран кога ја пропуштив првата шанса, бидејќи некогаш на натпреварите ви се укажува и само една шанса".
"Тоа беше фрустрирачки, но продолжив да се обидувам, и на крајот постигнав два".
"Притисокот секогаш го има, но се надевам дека ќе можам да се справам со него со помош од моите соиграчи.
Бербатов скромно го прослави својот прв гол во дресот на Манчестер, тој вели дека тоа е заради првата пропуштена шанса.
"Не го прославив мојот прв гол бидејќи сеуште бев лут и разочаран на себе си за првата пропуштена шанса".
"За фудбалер кој е купен за толку пари, морам да ги реализирам таквите шанси, па затоа бев лут" - заврши Берба.
:helou: