Амбурет и Попол ги напуштија „лавовите“ !!!
Актуелниот фудбалски шампион Македонија ЃП остана без Жорж Амбуруе и без Бени Попол, откако тие мораа да се вратат во родниот Габон по воведувањето на строги правила на Министерството за внатрешни работи за престој на странците во македонскиот фудбал. Проблеми со обемната документација што ја бара МВР имаат и другите клубови, зашто новата сезона веќе е во тек, а не е јасно дали ќе биде даден одреден рок за регулирање на престојот. Македонија ЃП е особено погодена, зашто Амбуруе и Попол, кои важат за најдобри фудбалери од странство во редовите на првакот, доаѓаат од далечна африканска земја.
- Имаме големи тешкотии, бидејќи е потребна документација која е тешко достапна, а најблиската амбасада што може да ги застапува овие играчи е во Египет. Многу сме погодени, бидејќи Амбуруе стандардно беше еден од нашите најдобри играчи минатата сезона, а Попол само што почна да влегува во одлична форма. Тие се уште во договор со нас, но нема да можеме да сметаме на нив, бидејќи се протерани од земјава. Преодниот рок е затворен, а да знаевме за ова, ќе можевме да ќариме барем на трансфер на Амбуруе, кој е стандарден репрезентативец на Габон - изјави Илчо Ѓорѓиоски, тренерот на Македонија ЃП.
За бекот и за офанзивецот било барано дури и свидетелство за завршено средно училиште, што практично е невозможно да се набави. Од скоро, за настап на странски фудбалери во Македонија потребно е да се пријавени како вработени со платени придонеси и персонален данок, потврда од ФФМ дека се професионални играчи, потврда од Агенцијата за млади и спорт дека се занимаваат со таа дејност. Мора да биде покажан договорот од нотар дека е закупен станбен простор за нивно сместување и да имаат виза за долгорочен престој. Ова е главнината од барањата на МВР, но потребни се и други докази за престој на странските фудбалери.
Останатите интернационалци во Македонија ЃП, Данило Пустињаковиќ и Фелипе Монтанари се во Србија, односно Бугарија, каде што ги вадат визите и другите документи, а ѓорчепетровци прават напори за да ги задржат и што побргу да ги „легализираат“.
Ова не е нормална работа у пм нека иде се
. Кај нашле сега овие од МВР вакви глупости да прават во тек на сезона бе бог да чува и да брани еееејјј џандарска работа . Ги измалтретирале играчиве до максимум . Тие место да мислат на натпреварите што ни се од големо значење тие ги протеруваат ко најголеми државни непријатели ццццц
. Па и тие од управа бе не се нормални што не им ги спремиле сите документи како што треба да не си имаат вакви проблеми . Тие сега ќе треба да се замараат . Пустињаковиќ у Србија не ми е јасно зошто треба виза да вади
.