Ама стварно не е толку лошо покриен тимот, нема потреба од премногу драматизирање. Ориги и Шакири ќе покриваат наместо тројката напред, Брустер исто е во игра тука. Средината е дури и overcrowded, со воскреснат Окс многу повеќе опции има, Лалана со новата позиција ќе биде сигурно доволно добар како бекап за куповите, Кеита пола сезона аут беше и се надевам ќе го видиме неговото право лице. Место Робертсон како и до сега би покривал Милнер, работа што доволно добро ја вршеше човекот и претходно. Ќе беше идеално да се земе некој како Заха на пример, ама не секој би се нафатил за таква улога.
Верувам во одлуките на Клоп, ако зариба некаде јануари има шанса да се корегира, мислам дека балансот и атмосферата во екипата е топ и не треба да се ризикува тоа да се наруши.