Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Незнам како те служи меморијата али ти го спомна Ферги :D
Калма те порфавор ;)



Ништо интересно нема кај вас у фан клуб, па нашиот го читаш а? :LOL:
Модератор сум, морам све да читам :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
НЕ, туку слободно, јавно ќе му карам мајка, жена, сестра, ќерка итн... А недај боже да испадниме, тогаш ќе најдам некоја баба Ванѓа, таква клетва да му фрли, цел живот наназад да оди :D
Ова не.....родителите му се починати!!
А жена, ќерка, внука итн итн во зависност од резултатите
--- надополнето: 29 јули 2012 во 20:35 ---
Пачеко - Уште еден Шпанец, немам шо да коментирам, нема лош Шпанец
Eнрике :icon_lol:
--- надополнето: 29 јули 2012 во 20:36 ---


Тоа е таа шанса која Брендон ќе им ја пружи на млади играчи да се докажат:facepalm:
Па си стој на зборот. Еве Спиринг ќе игра, слушнав Кол ќе го подмладувале, Аквилани исто.......
--- надополнето: 29 јули 2012 во 20:36 ---
Супер ќе биди барем ако се задржиме на горната половина од табелата, па в година ќе гледаме ќе прајме за да фатиме некако Лига европа...:свиркам:
Иначе годинава си заминаа Кајт и Макси кои колку толку знаеја фудбал да играт, а го донесовме страшниот италијански пастув Роки Балбоа, уствари Борини. Тој Борини е само зделка на американциве ти дај ми играч да замачкам очи дека сум купил нешто па јас ќе ти позајмам една сеозна еден безбол играч....а и Демпси ќе биди нешто слично.
Не чинеше да го вратат Бенитез или некој друг подобар менаџер шо знај шо прај, чини овај шо ни прај филмој нешто тика така кратки додавања демек Барселона ќе ја заменуваме:facepalm:
И немој да прочитам нешто од типот играчите биле глупи не знаеле кратки додавања. Сакате да кажите дека Џерард ако му речи тренерот да игра на кратки и брзи додавања тој напред ќе ја клоца ????
Не е Џерард проблемот
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
Шо му се мешаш у сексуалниот живот?? Може некрофил е човекот :)
Еееее мој Гучи......абе за се имаш одговор и коментар еј.:) Многу си духовит изгледа имаш дух лапнато. А богами и курназ си :pos::pos::pos::pos:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
Туку гледам сите заклучоци носите. Заклучоците беа донесени уште пред да почнат подготовките секако со чесни исклучоци (Пачеко и Шелви). За другите мислењето ми остана исто
Кол да си оди, Спиринг да биди закован на клупа (ипак е наше дете скаузер така да не би го продал засега. Можи и да се број во англиски и домашни играчи така да нека седи ама на клупа). Дони чим не сака да седи одма да си оди. А гледам Аквилани демек пак плачел? Од него а и од глупостиве на Адам ми е смачено. Двајцата нека се носат упм и нека го купат овој Ален и да завршиме со приказнава веќе еднаш.
И крило под итно
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Ти демек животен експерт си на делото на Роџерс и знаеш дека он не знае што праи и дека дојде само да не заебава нас така? Луѓе ко тебе нема ни да дадат шанса на човек да се докаже, туку ако повеќе сакале друг да биде на негово место на клада ќе го стават. После ќе биде ко за Лукас, аа добар бил овој бе, џабе викавме дека има две леви нозе, дека е пропадната инвестиција и дека крвта треба да му ја ебеме.

Ај седи малце и стрпи се, човекот не водеше на само три некомпетитивни натпревари со пола младински состав, кој си ти да кажеш дека не знае шо прави?


Јас само си го користам правото за демократско изјаснување иначе не сум никаков експерт и затоа моето мислење ќе го прочитате вие тука а не некој фудбалски професионалец ......
Инаку моето мислење се базира на овие натпревари шо досега сум ги гледал а за во иднина не знам како ќе биди. Во тие 3 натпревари стоеше името Ливерпул а не пола младинци четврт старци итн. Никој не излезе јавно да кажи дека овие натпревари се онака само за ладење јајца, нели со овие натпревари ние се подготвуваме за новата сезона, а после прикажанава игра гледам дека ќе бидат многу стручни и подготвени за Премер лига. Јас искрено имам желба моето мислење да се покажи погрешно, тогаш ќе признаам дека сум згрешил и Брендан ќе ги добие сите почести од мене, нели целта на секој човек е да се докажува и да му докажи на тие шо не верувале во него дека грешеле ......па Брендан слободно нека повели кон остварување на таа цел.
Зошто ЈАС мислам дека Роџерс засега нема да успее и тој потег го гледам како погрешен: Шкртел, Адам, Енрике, Карагер, Даунинг, Хендерсон, Лукас, Керол не се спремни за брза игра туку се купуваја за сосем друга филозофија. Е сега која е целта да земиш менаџер на којшто замислата му е да ги истера сите играчи во следните 4 години( да ги продај испод цена најверојатно) и да носи некој други играчи кои ќе се вклопат во некаква си филозофија која патем никој не гарантира дека ќе биди успешна. Цел свет очекува Ливерпул да биди во врвот затоа не смееме да дозволиме да се чека 4 -5 години да се постигни нешто и тоа со недокажан тренер. А ако не успее во следните 4 години да направи ништо ??????? ќе земиме нов надежен тренер шо ќе го чекаме уште 4 години ??
Не дека некое позвучно име гарантира оти ќе не однеси на врвот , но веројатноста за тоа е поголема.....
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Прочитав вака набрзина па имам 2 прашања?
Кој го знаеше Фергусон пред да стане менаџер на Јунајтед? Шо успех имал до тогаш?
Шо толку катастофално има направено Роџерс во неговата кариера како менаџер па уште сега пишувате дека е флоп........
Брат они гледаат на гравчиња, ти ако не знаеш така да гледаш твој проблем...
--- надополнето: 29 јули 2012 во 22:07 ---
Јас само си го користам правото за демократско изјаснување иначе не сум никаков експерт и затоа моето мислење ќе го прочитате вие тука а не некој фудбалски професионалец ......
Инаку моето мислење се базира на овие натпревари шо досега сум ги гледал а за во иднина не знам како ќе биди. Во тие 3 натпревари стоеше името Ливерпул а не пола младинци четврт старци итн. Никој не излезе јавно да кажи дека овие натпревари се онака само за ладење јајца, нели со овие натпревари ние се подготвуваме за новата сезона, а после прикажанава игра гледам дека ќе бидат многу стручни и подготвени за Премер лига. Јас искрено имам желба моето мислење да се покажи погрешно, тогаш ќе признаам дека сум згрешил и Брендан ќе ги добие сите почести од мене, нели целта на секој човек е да се докажува и да му докажи на тие шо не верувале во него дека грешеле ......па Брендан слободно нека повели кон остварување на таа цел.
Зошто ЈАС мислам дека Роџерс засега нема да успее и тој потег го гледам како погрешен: Шкртел, Адам, Енрике, Карагер, Даунинг, Хендерсон, Лукас, Керол не се спремни за брза игра туку се купуваја за сосем друга филозофија. Е сега која е целта да земиш менаџер на којшто замислата му е да ги истера сите играчи во следните 4 години( да ги продај испод цена најверојатно) и да носи некој други играчи кои ќе се вклопат во некаква си филозофија која патем никој не гарантира дека ќе биди успешна. Цел свет очекува Ливерпул да биди во врвот затоа не смееме да дозволиме да се чека 4 -5 години да се постигни нешто и тоа со недокажан тренер. А ако не успее во следните 4 години да направи ништо ??????? ќе земиме нов надежен тренер шо ќе го чекаме уште 4 години ??
Не дека некое позвучно име гарантира оти ќе не однеси на врвот , но веројатноста за тоа е поголема.....
Натпреварите беа за евалуирање на составот, што дури и ние сами видовме каде стојат играчите и кој треба да се продаде. Ако некој не се покажал не значи дека мора да се продаде за помалку од 24 часа по завршувањето на турнејата. И не знам какво звучно име од менаџер би сакал ти. Ај да земеме звучен некој, што има над 60 години ко Ван Марвик, Капело, Ван Гаал и кога за 4 години ќе се пензиноира ќе бараме нов звучен тренер што ќе наметнува своја филзофија, па кога он за 4 години ќе се пензионира пак истото? Гледаш дека единственото решение е млад тренер со голема визија за иднината. Со све што направи за овие 2 месеци, Роџерс во ниеден момент не ми изгледаше како некој паднат од Марс, башка дури и ме изненади со неговиот цврст став. Ја очекував сега 39-годишен, дојден од Свонси во ваков голем клуб да биде малку изгубен и на самиот да му треба време дур се снајде, али човекот се гледа дека си ја знае работата. Дај мајка му стара стрпете се малце, видете дека човеков не е за фрлање. И никој не кажа дека ќе бидеме Барса 2, туку дека ќе играме со таква филозофија. А исто така никој не гарантира дека поинаква филозофија би била успешна. Тоа е фудбалот, нема гаранции што и да биде. Што демек сеа да го седневме ние Бенитез, Капело или некој сличен тоа ќе значеше дека ако не оваа сезона, следната освојуваме титула? Не, ништо никогаш не е загарантирано у фудбалот. Само треба да се даде поддршка во стилот на Ливерпул. Да, она потценетото YNWA што очигледно ретко кој гледа колку големо влијание има тоа во целата наша историја. Ако еден човек добие огромна поддршка само поради претходни успеси со други клубови, а друг не добие поддршка бидејќи немал толкави успеси, тогаш се губи самата смисла на дефиницијата на тоа каков е еден фан на Ливерпул. Ако ве разочара и ни донесе пропаст, ТОГАШ веќе може да го ругате и пцуете. А вакво напаѓање на менаџер кој уште го немал ни водено компетативно својот нов клуб е комплетно неприфатливо. Лесно е да се извиниш што не си верувал у некој ако тој некој направи големи успеси, ајде ја ќе јадам лајна за секое деталче што не ми се свиѓа, али после ако освоиме нешто, ја ќе признаам дека сум грешел и кога ќе бидеме на врвот и ја ќе поддржам. Поддржувај од почеток, дај му шанса на секого што ја имал честа да биде во нашиот клуб. Тоа го правеле сите фанови на Ливерпул од основањето на клубот, и јас не планирам да бидам поразличен, а мислам дека не треба ни вие. Тоа е моево мислење околу поддршката што (не) ја давате. Фала, пријатно.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.666
Поени од реакции
11.816
А да.....овие оптимистиве што се им се гледа розево што и да прави клубот - ќе добиеле статус на вип навивачи слушам. А на нас другите ќе ни се забранело да го гледаме Ливерпул и да навиваме за него само поради тоа што сме критикувале
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
А да.....овие оптимистиве што се им се гледа розево што и да прави клубот - ќе добиеле статус на вип навивачи слушам. А на нас другите ќе ни се забранело да го гледаме Ливерпул и да навиваме за него само поради тоа што сме критикувале
Брат едно е конструктивен критицизам, друго е ебење мајки и сестри на некој шо уште немал време да се докаже...
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Џабе се расправате сега, времето ќе покажи се. А Steve-G Шкртел не ни мора да биди брз за да ја игра таа игра, негова првична задача е да не дозволува да примиме гол, па кога ќе ја освои топката негова задача е само да ја додаде до играчите од средината. Голем плус кај нас е што имаме стопер што одлично игра со топка (Агер). Енрике со тек на време мислам оти ќе се навикни на кратки пасови по земја, тоа што моментално не е во форма е друга работа ама јас имам верба во него оти ќе ја врати својата форма, е Адам уште на почетокот се знаеше оти ќе биди играчот на кој веројатно најтешко ќе му биде да се вклопи во оваа игра..сепак мислам оти ќе остани, ама во средината ќе имаме многу јака конкуренција....гледам многу се спомнува за Рамирез дека е блиску до потпис со нас, ако го земиме него а Аква да си оди, во средината ги имаме Лукас, Спиринг како последни играчи за врска (макар што јас само тука можам да го видам Адам како би играл најдобро), во средината за двете преостанати позиции ги имаме Џерард, Рамирез, Адам, Хендо, Шелви, што значи имаме силна конкуренција во средината. Е во нападот ни треба уште еден крилен напаѓач, бидејќи во шпицот ги имаме Керол, Борини, Суарез (мислам оти еден од овие двајца ќе игра како крилен напаѓач, а се мислам оти тоа ќе биде Борини) и на десната страна го имаме Даунинг, и Кол кој и не е баш десно крило. Значи ако купиме уште еден играч од средина и едно крило навистина ке имаме јака екипа е сега колку е тоа доволно за во оваа луда лига ќе видиме.....
--- надополнето: 30 јули 2012 во 03:06 ---
Инаку само да споменам, на Олимпијадава , на два натпревари за Велика Британија, Белами има постигнато 1 гол и има 2 асистенции....не се дава старово :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Брат едно е конструктивен критицизам, друго е ебење мајки и сестри на некој шо уште немал време да се докаже...
Конструктивна критика е нешто што не е познато кај навивачите на Ливерпул. Уствари, ништо не е познато, освен неоснован оптимизам.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Агер и Аква изгледа си одат..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom