S
Stivie G
Гостин
Ситуацијата е хаос, не личи ова на Ливерпул. Состојбата не била поочаајна од сегашната од кога памтам јас. Нешто слично на 2010 сме.
Прочитајте ја статијата од Ловренсон екслузивно преведена на македонски
Прочитајте ја статијата од Ловренсон екслузивно преведена на македонски
"Знам дека сопствениците се во потрага по нов менаџер на нивниот американски начин, но тоа го прават погрешно. Не можам да поверувам дека тоа го прават толку јавно. Всушност им дозволија на сите да дознаат кој е на нивната ли
ста и кого сакаат да интервјуираат. Не видов ВБА или Астон Вила да го прават тоа. Тоа можеби е начинот на кој се прават работите во Америка, но ова е Англија и ние ги правиме работите поинаку. Исто така тоа е многу срамно за менаџерите кои се инволвирани, само треба да ја погледнете реакцијата на Брендан Роџерс кога тој одби да учествува во овој "избор за мис" организиран од страна на сопствениците. Тој ги одби и со тоа им покажа дека ако тие навистина го посакуваат во Ливерпул, треба да зборуваат лично со него. Погледнете го и Мартинез. Ако тој не ја добие работата и Виган стартува лошо наредната сезона, нивните фанови ќе мислат дека Ливерпул го растревожиле него. Се додека трае овој процес, Ливерпул губи драгоцено време. Клубот е на крстопат и мислам дека сега уште повеќе се оддалечија од топ 4ката отколку што беа на почетокот на ланската сезона. Големата петорка од Сити, Јунајтед, Арсенал, Челси и Тотенхем ќе се засилат и ќе биде тешко за Ливерпул да ги прати. Одиме назад, не напред. Кога гледам кон наредната сезона, мислам дека за најдоброто што можат да се надеваат е шесто место, не заборавајте дека ќе играат во Европа Лигата и играњето во четврток и недела ќе влијае на динамиката на тимот. Кога гледам долгорочно, тие нема да можат да ги привлечат најдобрите играчи ако не играат во ЛШ и ќе треба да одлучат дали да градат нов стадион, или да го прошират Енфилд - и двете ќе ги чини многу пари. Сега Ливерпул има шанса да ги донесе играчите кои тие чувствуаат дека им се потребни пред да почне ЕП и тоа да го направат пред нивните ривали. Но наместо тоа, имаме ситуација во која нема никој во клубот кој може да потпишува играчи. Нема менаџер и Комоли кој беше одговорен за трансфери, сеуште не е заменет. Имам чувство дека американците пробуваат да го водат клубот оддалечени со илјадници километри. Знам дека Иан Ер е сеуште тука и тој е главен за секојдневните случувања во клубот. Комоли го нема, Далглиш го нема, си отиде и Иан Котон кој со години беше во делот за медиуми. Сигурно Ер помислува дека тој е следниот. Мислам дека од денот кога Питер Робинсон си отиде од Ливерпул пред една декада, клубот никогаш не беше ист. Луѓето велат дека работите денес се различни, но интелгентни луѓе (П. Робинсон) се прилагодуваат на промени. Чувството кое го добивам од навивачите на Ливерпул е дека нив им е сеедно, и тоа е најчудното. Тие само сакаат работите да се средат и да се назначи нов менаџер што поскоро, за клубот да може да напредува