Стварно му се дивам на Флано. После онакви две хорор повреди да се вратиш посилен е нешто за респект. Ајде кај Кени и кај Роџерс ја доби довербата, ама и кај Клоп за кој нема врзано ни 3 месеци тренинг а да го натераш лично тој да ургира да добиеш нов договор...не знам. Флано е еден од ретките профили на играчи денеска, кои не се многу технички потковани, но со нивната борбеност, лојалност и истрајност пленат. Тешки да имаше и уште многу играчи со срце и желба за игра како Флано, фудбалот ќе беше и повеќе од најдобра споредна работа на светот. Секоја чест момче, гордост и чест ќе ми биде да те гледам низ годиниве во Црвениот дрес.