CrashoverRide
Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
- Член од
- 9 јануари 2008
- Мислења
- 1.293
- Поени од реакции
- 114
Лацио почна со финансиската криза поради тоа што Крањоти переше пари преку клубот,значи малку време пред да заврши тој во затвор поради малверзации го купија Мендиета за огромни тешки милиони.Тука почнаа долговите на Лацио зошто неможеа да го исплатат неговиот трансфер од Валенсија,а нормално дека ќе немаат плата и за останатите тогашни звезди во тимот од типот на Клаудио Лопез,Поборски,Фиоре,Џаникеда итн да не набројувам кои беа страв и трепет на терен.Почна продажбата на играчи,па клубот никако не можеше да се поврати од долговите,подигнаа позајмица од банка,сакаа да се префрлат на друг стадион,клубот го презеде Лотито кој што мора под ултиматум на фановите да донесе по 1 звезда секоја сезона или пак да не продаде ниеден миленик на клубот.И време беше да се сложиме за нешто
Немав слушнато дека е на позајмица, ама сепак е лудост во ваков момент да го дадат. Ако се покаже во вистинско светло во Јувентус, нека не го чекаат да се врати.
Честитки за победата против Фиорентина!
Клубот има некоја строга политика,барем јас колку што разбрав да ги чува тие играчи што сакаат да играат за Лацио,значи тоа не е до бордот на директори,туку под притисок на навивачите(Curva Nord)да не речам фашистичките навивачи коишто и не ми се толку омилени,и другата главна група на фанови Ирубичили коишто се против продавањето на нивните миленици како што е моментално Пандев.Значи под тој т.н.притисок на фановите(Навивачите од северот) го донесоа Ди Канио којшто нормално за 1 сезона колку што играше во Лацио им стана омилен на таа навивачка група поради испадите.
Примерот со Стендардо е таков што сакал да замине човекот,го пуштиле,се карал со Лотито и Роси,тој веќе не се враќа.Паметно изиграле,ја руши рамнотежата во тимот.
Денес мислам дека потпишале со Осман Дабо од Манчестер Сити,своевремено го напушти тимот поради долговите,значи не по своја желба.Клубот се враќа полека-полека на нозе и веднаш си ги враќа своите играчи,нормално не сите,ама се гради тим за респект како што беше до пред неколку години.Новост е и Романецот Раду кој вчера се покажа како сосема солидна замена за Стендардо во одбраната.
Новост се и Роландо Бјанки и уште еден млад напаѓач од Јужна Америка за жал не го запамтив името.
Мислам дека доколку се комплетираат трансферите на Закардо и Барзаљи би се завршило голема работа.