Веројатно нема да се сложиш со ова, бидејќи си фан на Лацио, ама верувај ми дека 90% од фудбалерите кои играат за Лацио во моментов го гледаат како отскочна даска. Пандев е сигурно во нив. Балота не е.
Лацио е еден од поголемите клубови во Италија тоа е точно во секој случај. Но во моментов Лацио е сеуште во финансиска криза во која падна по неуспехот на европска сцена на онаа екстра-скапа екипа што ја имаше, па едвај се спаси од банкрот. Играчите во моментов играат за смешни пари, посебно Пандев кој може да заработи 5-6 пати повеќе во некој поголем клуб. И се разбира, не е се во парите туку и во можноста да се освојуваат титули.
Така да, многу ти е погрешно да им се даваат квалификации од типот “од типот на Стендардо“. Стендардо е од истиот тип како и другите. Клубот одлучува дали ќе го продаде играчот кој е под договор. Значи, можеле да го задржат а ако му истекува договорот да му понудат продолжување. Ама тие, со сиот памет на полусезона продаваат одличен дефанзивец кога и така и така одбраната им е многу лоша. Играчите не им се ништо виновни. Толку се можностите на екипата. Кога на времето еден Неста кој беше икона на клубот и заработуваше многу повеќе од овие сега си замина, нереално е да очекувате раководството на Лацио да одбие понуда од поголемите европски клубови за некој свој играч. Примерот со Стендардо кого го продадоа иако се во очајна состојба го потврдува ова.