- Член од
- 13 февруари 2007
- Мислења
- 5.165
- Поени од реакции
- 6.046
Фала на сите за честитките. Истовремено сакам да им честитам на Интер за добрата игра што ја пружија на денешниот натпревар. Едноставно немаа среќа, шансите што ги создадоа не успеаа да ги искористат, што во фудбалот често се казнува. Јеби га, мора понекогаш и среќа да се има во фудбалот, не е секогаш до квалитетот.
Кога сум веќе кај квалитетот (или неквалитетот), морам да го спомнам средниот ред на Лацио, во кој ептен се приметуваше дека фали Ледесма. Сосема неповрзана игра, 2 паса не знаеја да врзат. Баронио и Маури не ги видов, не знам што бараат во прв тим. Дабо не го видов освен во ситуацијата кога ја музеше топката, ја изгуби и примивме гол. Броки се трудеше како и секогаш, но ништо посебно нев видовме од него денес. Единствено Матузалем изигра добро од средниот ред, и во офанзива и во дефанзива.
Значи испадна како што предвидов, Ледесма многу фалеше во тимот, додека отсуството на Пандев не се забележуваше многу, пред се заради одличната реализација во нападот, особено голот на Роки.
Од одбраната единствено имам забелешки за мајмунот Сивиља, за кој обавезно мора да се најде замена. Коларов и Лихтштајнер одлични како секогаш, Диаките во главно добро изигра и покрај грешката при враќањето на голманот, кога за малку ќе примевме гол. За Муслера не треба многу да се коментира, младичот брани супер, како што сме навикнати да го гледаме последниве неколку месеци. Уште еднаш покажа зашто е прв избор меѓу стативите оваа сезона и зошто Каризо беше принуден да го напушти тимот.
За на крај, да кажам дека ова е одличен почеток на сезоната и се надевам на успешен настап во УЕФА купот (или како и да се вика сега) и во Серија А годинава. Ако ништо друго, повторно имаме шанса во купот.