Сосема друго време е тоа. Денеска постои голем ризик, ако на млад играч, на млади години му дадеш до знаење дека веќе е толку добар што може да е повикан на 20 години на големо натпреварување да му удри во главата и целосно да ја заебе работата. Јас сум за тоа да се повикуваат млади играчи, ама само ако сериозно се планира на нивен ангажман во текот на првенството. Ругани и Ромањоли немаат речиси никаква шанса да добијат настап и најдобро е и двајцата да продолжат да тренираат и да станат колку што е можно подобри играчи, тргнувајќи ги на страна повици во репрезентација, трансфери и така натаму.
Истото важи и за вашете голманче од 99та. Работа и само работа треба на тие години, без дополнителни притисоци и очекувања. Нека се развиваат слободно, само така може играчи да станат.