- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
Според мене главната причина за слабата игра на Монтоливо,Пирло и Маркизио е заморот.Првиве двајца се моторот на своите екипи и играа на најголем дел од натпреварите за нивните тимови бидејќи реално гледано ниту Јуве има достојна замена за Пирло ниту Милан има достојна замена за Монтоливо.Пирло изиграл за Јуве 32 натпревари (2858мин.),Монтоливо има исто така 32 наптревари (2701мин.) и Маркизио 29 наптревари (2478мин).На сето ова кога ќе се додадат и оние 6-10 утакмици во ЛШ заради кои овие играчи се приморани да играат секои 3 дена мислам дека горе-доле е појасно од каде доаѓа таа слаба игра.Од друга страна Де Роси играше оваа година само во Серија А и тоа одигра 25натпревари (1755мин.) па од таму е и онаа свежина и отскокнување во неговата игра,а Џакерини има одиграно само 943мин. на 17 натпревари.Како и да е...играта на турниров е далеку од онаа што ја гледавме минатото лето и се надевам дека на СП ќе гледаме далеку подобра игра од Италија иако до тогаш има многу време.Ако збориме најреално средината на Италија е мизерна ова натпреварување, и единствен со прелазна оценка е секогаш одличниот Де Роси.
Највеќе сум разочаран од Монтоливо и Маркисио затоа што од нив очекував многу, за разлика од Кандрева и Аквилани од кои што и не очекувам нешто да направат. Ама Маркисио и Монтоливо ептен ме разочараа да се надевам дека за идната година на СП ќе може да се потрат на Верати и дека колку толку ќе биде од помош на тимов.