Лукаку ќе дојде, за платата што не сакаа да му ја дадат на Икарди.
Па ова говори дека Икарди е тој што не сака во тимот, ја не верувам дека Конте, ако доаѓа, мирно си го прифатил тој факт, еј абе Икарди ние го нејќеме, бирај друг, и сам знае дека е најквалитетниот играч во екипата, така да ако има простор да остане, сигурен сум дека ќе седне на маса со него у моментот кога ќе дојде и да се види на што се ...
Вака парите не се проблем повеќе, бар за толкав договор, класичен пример за тоа ти е и Годин кој исто ќе зема голема плата, што значи има нешто друго кое не ни е презентирано во медиумите. Икарди е во лоши односи со Спалети тоа е факт, ама Спалети повеќе нема да е тренер во клубот така да голема е веројатноста дека и он крева раце од Интер и сака нешто ново во кариерата.
Икарди последниот гол од игра го има дадено у 2018, не е дека нема играно во остатокот од сезоната иако еден период не беше викан, ама неговиот однос на терен многу говори, го нема оној жар, инат, залагање, мотивирање на соиграчите, едноставно се понаша мртво, анемично, не е тоа тоа, всушност и бројките тоа го говорат, кои се доста нетипични за играч од такви квалитети ( дабогда у недела 3 да дае ).
Од Икарди и Лукаку нема голема разлика, според стилот на игра, и двајцата зависат многу од тоа кој и како ги храни со топки, 90% од головите им се внатре у шеснаестерец, не верувам дека Лукаку би бил проблем за Интер против помалите екипи, ама ќе е проблем против јаките у европа а и Италија, кога Интер би играл подефанзивно. Истиот проблем го имавме и со Икарди, зашто и он и Лукаку не се играчи што обожаваат да водат топка, и се брзи со истата во нозе, има пар исклучоци кога изненадиле на тој план, последно што ми текнува за Лукаку е мечот со ПСЖ гости, ама реткост е тоа. Пример, гостување на барса и лукаку нема да се види, ко и икарди што не се виде на нивни терен, кога се затворивме целосно, или со тотенхем гости исто.
Апгрејд не е Лукаку у тоа сум сигурен, а дали ке го стигне нивото на Икарди со 20 гола у сезона, и тоа е знак ?, зависи како ќе функционира новиот систем на Конте, и кои све играчи ќе играат во истиот. Ќе донесе искуство тоа секако, зашто го има на повисоко ниво, има играно и на ЕП и на СП каде беше стартер, Икарди има исто 26 години, плус спукуење со пола навивачи, а и со соиграчи, тренер, ништо освоено нема у кариера а време му е, едноставно ова се све ситуации кои налагаат негово заминување.
Јас сум многу повеќе за поуниверзален напаѓач ама па од друга страна, кој јак таков е достапен на пазар, еве у ситуација да си оди Икарди ...
Кавани е стар, да беше барем 30 топ, ама не е, плус се повредува, Џеко исто, сместа ќе го земев да беше под 30, ама не е, и он е стар исто, така да најидеално за нас е Икарди да остане, ама шансите за тоа се мали.
Во една таква ситуација Лукаку и не е лоша опција ако стварно е достапен иако ич ја лично не сакам ваков киклопски профил на напаѓач, годините се тие ко и на Икарди, профилот на напаѓач е горе доле ист, така да реално друга опција и нема, колку и да сакаме ние.