Као беше оноа на Ико, beware, Syn's post is coming, кој сака нека чита, кој не
...
Во Италија ретко кој ја забавувал публиката, Рома на времето тоа го правеа со Спалети, 7-0 дома со Катанија, Спалети по утакмица отиде у соблекувалната на Катанија да им се извини ( true story
) и на клоци сакале да го избркаат ( и ова, true story
) али затоа подоцна беа понижени од Јунајтед ...
Италијанска екипа без одлична игра во одбраната тешко до успехот, едноставно у гени им е тоа, поготово на Интер, сеуште се единствени у последниве 2 години што изиграле таква страшна одбрана против моменталнава Барса, и кои го оставија Чави без идеја, да шири раце на терен ...
Да дадам едно мое стандард, долго мислење за она што сметам дека е проблем во моменталниов тим.
Она што треба екипава да го разбере е фактот дека веќе сме влезени у 11та година од 21ви век и истава привршува а тренери кои се едуцирале у 80тите и 90тите ко Раниери, имаат 4 бајпаса направено и преферираат фудбал неадекватен за денешницава едноставно не смеат да бидат во клубот. Бојан, дечкото што пишуваше на времето на темава а инаку е еден од момците што го водат 24фудбал, убаво пиша. Темпото на игра, значи она офанзивното, се знае, го диктира средината, не значи дека ако на терен имаш 3 напаѓачи, или 4, дека под дифолт, ќе играш офанзивен фудбал ( муабетот му се однесуваше на периодот кога Интер со Мур се мачеа а типот ќе ставеше 4 напаѓачи напред а Интер нит напаѓаа нит ништо, но со неговата среќа некако доаѓаа до посакуваниот погодок ).
Со Каљари гледав инсерти на фудбал Италија, у прво мачење со тој тим, во второ по влегувањето на Алварез и променаа на тактика, 4321, со Коутињо и Алварез ко везни играчи, нештата се променија.
Според мене, Зарате треба да има фиксна позиција на терен со големи ограничувања без поголема слобода, а тоа е лево напред, на остатокот од теренот од него тимов нема апсолутно никаква корист, декор е. Алварез исто, да биде користен десно во нападот. Снајди незаменлив централно и напред 1 од Пацини и Милито.Форлан кога ќе се врати, или најистурен, или да се менува со Зарате, Кутињо стандард, замена за Снајди и по потреба замена за Зарате, за десно малиов не е.
Во средината Мота и Камби, замени Оби, Дејо и Поли.
Ова е моментално најсилната постава на Интер, постава која може да се трансформира многу лесно од обрана во напад ( нешто што воопшто го нема со Раниери ) и обратно, и постава која е кадарна ако ништо друго, лесно да се справува со екипи ко Катанија, Новара, Аталанта. Затоа и беа лесен залак за нив, едниот тренер користеше 343 формација, моменалтиов користи формација која е аналогна само за чување на резултат, не и за напад, па тоа им остава на противниците поголем простор да го нападнат Интер без некаков страв од против напад кој пример со Мурињо беше многу силно оружје ( вториот гол против Барса дома, голот на Балотели со Јуве, првата година на Мур, и тн и тн ), сум кажал 100 пати ќе кажам и пак, ретко кој тим во денешно време брка победи со само тројца фудбалери кои имаат офанзивни карактеристики и 7 останати ( плус голманот ) кои имаат дефанзивни карактеристики и се губат во нападот.
И ова што го имам напишано во постов е всушност и причина зашто го бојкотирам лузерот, не дека нешто тоа значи, гледач помалце за Телма, повеќе лимит на PC, и нервоза нула во мене. Но не можам да најдам здрава логика како еден менаџер во 21ви век на терен, прво, не го вади најсилниот состав на располагање ( каков апсурд ! ), второ, преферира формација и играчи кои се класично контрирање на она што го бара денешниот модерен фудбал. Одговорот за ова ваљда лежи погоре, кај бајпасите ...
п.с. И Тевез МОРА да дојде, реков пред некој ден потребен е напаѓач напред, не статикус ко Пацини, Тевез е одлична прилика која мора да ја искористат, и истиот е солуција за наредни 3-4 сезони. Гадно ќе се заебат ако дозволат во Милан да отиде, нивниот наводен интерес е причина плус зашто треба да направат СЕ за да го земат, ем е преадекватен за Интер, ем на овој нивни јак напад уште он им фали и ќе може да му мафтаат на Скудетото и у наредни 2-3 сезони. И ем
, милион посто се сигурни за играње во ЛШ ( наредна година ) со него од Јануари па нагоре.
п.м.с. То је то.