Гледав до 75 минута негде така да коментарот му е за до таму, ама ко што читам после влегол Мунтари, така да мило ми е што не сум догледал.
Рома не доминираше во играта по тоа што го гледав. Се што ние направивме доаѓаше од индивидуални акции или грешки во играта на Рома. Искрено, ако оваа утакмица се играше откако Рома би поминала барем 6 месеци заедно, новите играчи и новиот начин на игра, мислам дека би завршиле со 2 или 3 парчиња во мрежа. BTW Рома иде во супер правец, ако продолжат вака за 1 или 2 години ќе бидат супер тим. За разлика од нас, кои очигледно немаме правец.
Ич немаме баланс во играта, ама апсолутно никаков. Јас сум само гледач и знам малку за фудбалот и затоа не можам точно да проценам до што е работата, ама не сум толку сигурен дека целиот проблем е во тренерот. Ова не значи дека го бранам Гасперини или дека мислам дека прави добра работа, само кажувам дека многу работи во клубов не ми штимаат. Од менаџмент до некои од играчите кои веќе ми идат по живци. Последното посебно се однесува на Камби и Занети. Мора да се седнат на клупа, или барем да не се играат заедно. Едноставно ни ја лимитираат играта страшно. Безброј пати вчера централните мораа да исфрлаат панично во аут, затоа што и двајцата незнаат да изиграат како мидфилдери и да примаат топка и да дадат едноставни пасови а се играат на таа позиција. Плус се бавни и плус постојано одбегнуваат одговорност.
Ако сега мењаме тренер тоа значи дека уште една сезона ќе се бориме само за излез во Европа. А и ако за нецела година ипол се сменети тројца тренери и ни еден не е добар избор, тогаш мислам дека е време одговорност да се бара и на друго место, малце повисоко во хиерархија.