Сантон замина... Џонатан... Џонатан бе ејјјј... Џонатан и Нагатомо.... Џонатан, Нагатомо, КИВУ и ЗАНЕТИ...
Ајде да заврши трансфер рокот без тевез а со паласио и да ги запалам дресовите...маме нивно ретардирано
Чекајќи го Тевез...
Добро бе, до кога ќе те лажат?
По мене ситуацијата е ваква:
- Дадовме пари за Џонатан, а Фараони е супер резерва на Маикон.
- Ќе дадеме пари за Паласио, за да може Кастињос да си помине како Арнаутовиќ.
- Сеуште живееме во илузија дека Нага е вистинско решение за лев бек. Сантон си замина.
- Киву си е Киву.
- За среќа Вивиано се повреди, па има теоретски шанси да остане ако Цезар фати лоша серија. Вредноста ќе му рипне многу за 2-3 години а ние го даваме со доплата за Паласио.
- Оби, Алварез, Кутињо... никој не знае кои двајца од нив ќе бидат вишок.
- Ги сакам и Форлан и Милито, Пацо е добар а Кастињос ќе биде. Ама факт е дека имаме натрагикомично составен напад во целина.
- Разликата во години е таман доволна за постарите да им удираат чврги на помалите кога нема да им дадат топка. Ќе има шутирање од 35м, многу...
- Ако Гасперини успее нешто да уигра од оваа турлитава, секоја му чест, треба орден да му дадат.