Ова не е никаква провокација, сите знаеме дека Јунајтед допираат дно, но чисто ме интересира што според тебе значи да сменет цел систем?
Еве сменија сопствеништво, целосно ја променија раководната структура, нов тренер, 4-5 нови играчи секоја сезона.
Што според тебе треба да сменат за тоа да биде цел систем?
Извинете за оф топикот.
Ќе ви се убацам у муабетов со Федора, и ќе завлеземе малце оф топик, ама мое мислење е дека промените не може да почнат со лоша одлука.
Манчестер смени буквално се, ама се по лош распоред и со лош тајминг. Не знаат кај тераат и само фрлаат одлуки без да ја анализираат цела ситуација кај се и што сакаат да постигнат.
Да не одиме подалеку, еве со Тен Хаг нека биде. Не смееше клуб како Манчестер да го ангажира најдобриот од холандска лига. Најдобриот од холандска лига е доволно за 10 место у Англија, ништо повеќе. Некогаш, се случуваат чуда и тренер од послаб клуб/лига наеднаш тргнува јако и се формира јак тим со добра аура околу него и се е океј, ама тоа е исклучок, а не правило.
Типот доби голем договор, пари за трансфери, му се даде огромна моќ и доверба, а нити на терен покажа нешто, нити добра атмосфера во соблекувална ништо.
Требаше да добие клоца одамна, ама го врткаа непотребно. Посебно годинава уште во мај требаше да се избрка, да се потпише тренер и летово да почнат вежби со нов тренер. Они го оставија да ја посере црпко сезоната и сеа среде сезона го бркаат, а и плус веќе домкна нови трансфери.
Манчестер во најмала рака барем требаше да учи од грешките, еве сеа и Аморим што го домкна од португалско првенство пак згреши. Пак иста ситуација. Аморим е добар, ама добар е у португалија. За англиско ќе видиме, ама моја прогноза е дека горе доле исти резултати со Тен Хаг, ништо повеќе. Голем клуб бара голем тренер, посебно кога има пари во буџет, а Јунатед очигледно ги има.
Ако Манчестер сака да смени мора да направи темелна стратегија за тоа каде сака да биде после 5 и после 10 години.
Прво мора директорска структура јака што знае како ќе го управува клубот. Интер е сега кај што е зашто Жанг отиде на Јувентус што 10 години по ред зимаше титули им го зема Марота(повеќе Марота избега ама фала му), и од тука тргна тркалото напред за Интер. Марота го донесе и задржа Инзаги, Марота сите конци ги влечеше од првиот ден кога е во Интер. Жанг беше свесен дека не се разбира од фудбал и водење на клуб и него му остави се, он само си се сликаше.
Второ, мора да се донесе тренер со филозофија што знае што ќе прави и знае што бара, тренер што има искуство на победник во голема лига или Европа.
Ќе го спомнам Конте, он игра глуп затуцан фудбал, ама има резултати и смирување на екипата и пронаоѓање на победнички пат со него.
Ја би рекол, првен добар тренер Тухел го испуштивте пред малце Ханси Флик во Барса ене го чуда прави со дечишта игра. Двајца испуштени тренери заради тоа што не се избрка на време Тен Хаг.
Трето, треба да се бара искуство и докажаност кај фудбалери од повеќе време што има капацитет да одговори на предизвикот на Јунајтед. Последниве години трансферите ви се огромни пари за играчи шо биле one season wonder или другарчиња од Ајакс на Тен Хаг.
Антони, Јоро, Зиркзе, Хојлунд, Маласиа, Угарте, Амрабат, се е овоа просечни и подпросечни играчи, со овакви црпковци нема борба за титула, да бидеме реални.
Сакаш борба за титула, донеси играчи што кревале титули претходно што биле дел од шампионски екипи, нека бидат и постари, нека бидат избркани од други клубови. Ние на Лукаку, Санчез, Џеко Дармијан најубави ќарови направивме имаше и киксови како Квадрадо лани ама многу помалце киксови од ќарови.
Уште првата сезона си во топ 4. На таков готов состав калеми му секоја сезона по едно две вакви цуцулчиња, ако го биде супер, ако не клоцата у газ.
Барем ја вака мислам дека би било најпаметно да се делува, од горе па надоле со одлуки носење, не обратно. Инаку нема фан на фудбал у светов шо не сака Јунатед да си се врати горе и да се бори за титули, барем не од нашиве генерации, без разлика кој за кој клуб навива, сите сме пораснале со Сколс Бекам и Руд, сме чекале викенд да дојде Руд главоњата да тртори голови со глава или Руни манијакот да растура. поздрав.