Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
16 октомври 2021
Мислења
421
Поени од реакции
893
Odlicni bevme protiv Salernitana, veruvam deka Juve vise nema da bidat golem problem osobeno sto gi ceka pozaeban raspored za razlika od Milan kade sto ke igraat i liga Evropa i Kalco, ne veruvam deka ke go zadrzat istovo tempo kako do sega.

Praviot test doprva ne ceka protiv Atletiko, mozebi najteskata ekipa ke bide sto sme igrale do sega sezonava i tuka ke se vidi dali ekipava moze da se nosi so poseriozni protivnici.

Forza Inter!!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.516
Поени од реакции
43.001
Тотал фудбал против салернитана, еднаш шутнаа кон гол, 18 требаше да примат, до првиот гол промашивме 2 шанси подобри од пенал, празен гол Турам, и Барела уз една надреална одбрана на Очоа.

Изјавата на Инзаги по меч феноменална, за титулата, рече памтам и пред некоја година дека овој период исто ја имав освоено па на крајот видовме што се деси. Тоа е пристапот што се бара, и што се виде всушност и против Салернитана, од прва секунда безмилосно одеа по 3 бода и го газеа противникот. Дамфрис мотм, добив тон смарање од марио на месенџер, ама нека го, уште пред меч му реков очекувам денес да достави, читав дека сакал пак да се наметнува кај Инзаги, така да добро почна ама не верувам дека со Атлетико првава ќе е стартер. Влезе и Бјукекејн, немаше простор нешто да се докажува али доброто е што и Аранутович погоди, за да влезе у останатиов дел од сезонава со поголема самодоверба.

Фантастични сме сеа за сеа, следни Атлетико, не знам од ова што да очекувам најмногу поради пристапот на Симоене, ќе биде доста тешко и ќе се решава ова секако у Мадрид, не верувам и ако победиме, дека ќе биде убедливо, једино нешто што ме плаши се повреди поради нивниот агресивен фудбал.

Јуве кикснаа, така да колово уште од сеа е god did што би рекол шашеџипити.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.861
Поени од реакции
9.126
Боље фудбал не сме играле уште од триплета, па дури ни тогаш. Страшилиште екипа, 10 измени да има пак ќе имаме играчи што заслужуваат шанса, а не влегле.

Аугусто достави вчера исто, клучни две асистенции да се отвори резултат. Арнаутович солидно, 2 шанси, 2 гола, штета за малиот офсајд. Дамфриз исто добар, Буканан ала Перишич. Лагано шетаме низ лигава, мора all in на ЛШ да се удри против гнасиве шпански.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.632
Поени од реакции
21.960
Очекувам многу неизвесен двомеч со Атлетико Мадрид.
Вакви екипи кои се дисциплинирани во одбрана уопште не му лежат на Инзаги и нема да ме чуди да се посереме уште во Милано.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.516
Поени од реакции
43.001
Очекувам многу неизвесен двомеч со Атлетико Мадрид.
Вакви екипи кои се дисциплинирани во одбрана уопште не му лежат на Инзаги и нема да ме чуди да се посереме уште во Милано.
Тврда ќе е, 50-50 шанси, и ново искуство за Инзаги, до сеа во Европа не играл против ваков профил на екипа со ваков систем, ама од друга страна, играл во Италија, нешто налик на моменталните јуве.
Паметно треба да пристапиме у мечов, и нерешено е ок резултат од првата, без паника и по секоја цена да се победи и остави простор позади, неиграњето на Мората е добро за нас, во многу јака форма им е сезонава ама имаат други играчи ко Гризман, Депај, Кореа, сите со 1 тон искуство, и далеку поискусен тренер за вакви мечеви, кој веќе втора или трета година почна да форсира систем со тројца во одбрана, за што сметам дека конкретно за таква формација, е полош од Инзаги кој цела кариера ја игра.

Битно е и судијата каков критериум ќе има, лошо ќе е ако им дозволи да ја тераат онаа агресивност по која се препознатливи, се плашам и од евентуални повреди а гарант ќе маваат нарочито по Лаутаро, Барела, Хакан, ќе имаме проблеми со транзиција све додека судијава не почне со жутите, зашто се експерти за правење на оние паметни фаули.

Колпани иначе денес го гледав, играч за кого пројавуваме веќе долго време интерес, ако истиот сеуште постои, денес го положи тестот, само не знам колку е баш за ваков систем у средина, нешто измеѓу е до душа ама ако евентуално дојде, сигурно постои зацртан план од Инзаги и управата за неговото место у тимот. Ваму игра позади напаѓач, во 3421 формација.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Атлетико ќе падне во Милано, но со некој тесен и активен резултат за нив.
1-0 2-1 некој таков бесен резултат и во Мадрид ќе има покољ, па ко преживи причаче.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.568
Поени од реакции
17.248
Тврда ќе е, 50-50 шанси, и ново искуство за Инзаги, до сеа во Европа не играл против ваков профил на екипа со ваков систем, ама од друга страна, играл во Италија, нешто налик на моменталните јуве.
Паметно треба да пристапиме у мечов, и нерешено е ок резултат од првата, без паника и по секоја цена да се победи и остави простор позади, неиграњето на Мората е добро за нас, во многу јака форма им е сезонава ама имаат други играчи ко Гризман, Депај, Кореа, сите со 1 тон искуство, и далеку поискусен тренер за вакви мечеви, кој веќе втора или трета година почна да форсира систем со тројца во одбрана, за што сметам дека конкретно за таква формација, е полош од Инзаги кој цела кариера ја игра.

Битно е и судијата каков критериум ќе има, лошо ќе е ако им дозволи да ја тераат онаа агресивност по која се препознатливи, се плашам и од евентуални повреди а гарант ќе маваат нарочито по Лаутаро, Барела, Хакан, ќе имаме проблеми со транзиција све додека судијава не почне со жутите, зашто се експерти за правење на оние паметни фаули.

Колпани иначе денес го гледав, играч за кого пројавуваме веќе долго време интерес, ако истиот сеуште постои, денес го положи тестот, само не знам колку е баш за ваков систем у средина, нешто измеѓу е до душа ама ако евентуално дојде, сигурно постои зацртан план од Инзаги и управата за неговото место у тимот. Ваму игра позади напаѓач, во 3421 формација.
Не се знај дали Мората со сигурност нема да игра, веќе почна да тренира и ќе отпатува за Милано, утре ќе се знае дали ќе биди вклучен во составот.
Гризман ни е аут од форма оти е прегорен од минутажа и Симеоне прв пат вчера го одмори цел натпревар.
Депај е оној кој ни е во форма од напаѓачката линија моментално и мислам дека напред со Гризман ќе играат стартери, ама не се знај со Чоло, блесавиот го играше Маркос Љоренте напаѓач а овој па даде два гола во првите 20 минути, ништо чудно со него да почни напред :D
 
Не верувам дека ќе си дозволи Чоло такви екскурзии да игра со Љоренте напаѓач. Сепак не е ова Лас Палмас, туку најдобрата одбрана сезонава у сите побитни лиги у светов.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.516
Поени од реакции
43.001
Мора да го пофалам господинот Карлос Аугусто, што би рекол еден наш верен интерашки комрад, типичен играч од задача.

Дојде испод радар, со 0 очекувања, и го доставува буквално она за кое е и донесен, да биде достојна замена на Димарко, да не го урочам сега ама до овој дел од сезоната игра буквално без грешка, и ја нема онаа драстична разлика кога стартерот не игра.

За следна година огромна работа веќе завршивме со Тареми и Зиелински, се пополнуваат оние дупки од сезонава кој сега за сега многу не не коштаат, нарочито за нападот зашто средината е многу боље покриена со Фратези, Класен и Аслани.

Мои желби за следна сезона откако веќе Тареми и Зиелински се донесени, Скалвини одбрана, веќе 3 години го следат и се поврзуваме со него, и ќе кошта сигурно над 30м евра и би ни бил главен трансфер според тоа колку се вложува, десен бек под услов Дамфрис да си оди, Колпани средина и уште сум За Икарди иако наидов тука на поише мислења проти. Самото негово инсистирање да дојде во ваков тим каде нема загарантирано место у прв тим е веќе виткање на опашка, никаков зијан од ова мислам дека нема да имаме, секој потенцијален проблем тимот ќе го реши ко и со Лукаку, ќе биде ногиран одма ама не верувам тоа да се деси, лекцијата му е научена.

Како и да е, со Тареми, во глобала е решен проблемот и во нападот, Арнаутович сигурно ќе остане и следа, Алексис не, Карбони не верувам да се согласи Инзаги тука да е, ќе иде на позајмица. Треба да се внимава и на Фабијан кого го дадоа во Болоња летово а претходно го договорија за Удинезе бидејќи Самарџич требаше да заврши кај нас, игра доста добро кај Мота и имаме бајбек клаузула од 12м евра, покрива неколку позиции од средниот ред, 3 гола и една асистенција има сега за сега во 16 настапи за тимот.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.861
Поени од реакции
9.126
Скалвини за сеа ми е доста преценет… многу е млад и има за учење и потенцијал, ама не ми декува дека е спремен да достави одма, а нас ни треба инстант замена за Ачерби, од кого ги цедиме задњите атоми ко спонзоруша сељак. Плус го имаме Бисек, нека земе нека вежба за централен, нека не се надева дека ќе го мења Павар на небитни текми. Ја мислам тешко да се одлучат за него, ради цената пред се, освен ако не напраат некој дил ко со Сасуоло за Фратези.

Колпани почна јако со пар голови, се крена галама и наеднаш исчезна од мапата, стивна хајпот, не успејаа Монца да го увалат дур беше на цена. Премногу везњаци имаме моментално, мора да се расчисти малце. Агуме да го увалат на Севиља, Сенси конечно останува без договор, Класен е енигма, иако се поверојатно е дека иде у Туркије. И тогаш нека размислуваат дали Фабијан, Колпани или нешто трето. Иако историјата вика дека најчесто не ги купуваме тие за кои има премногу информации по весници.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.516
Поени од реакции
43.001
Па не глеам на која основа е преценет, 2 години е веќе перманентен стартер во Аталанта, и сезонава има голем напредок a знаеме каков извор на таленти се тие и какви се денешните услови на пазарот. Ние Бастони со минута изиграна го земавме 30м од Аталанта, не знаевме ни дека постои како играч сите се чудеа кога видоа за колку е земен, не глеам основа да се нарекува Скалвини преценет играч, за денешни услови цената е ок. Секако ќе бара доста Аталанта за еден од своите најдобри играчи ама ако има желба кај играчот да дојде, нема шанса да му застанат на пат и лесно ке се договорат со Бепе и компанија.

Ама овој у моментов е еден од најголемите потенцијали за одбрана у цела Италија, репрезентативец стана со 19 години ако не се лажам, моментално е 20, не верувам Марота да го пропушти и ако има шанса да се земе не треба воопшто да размислуваме за вакво долгорочно решение, глупо би било да заврши кај некој од ривалите кога имаме шанса да обезбедиме одбрана за наредни 5-6 години со него, Бастони, Павард и Бисек. А и не знам зашто забораваме на постоењето на Де Фрај, тој е у моментов инстант замена за Ачерби, кога и да игра, доставува.

Муабетот ми е, ко со Бремер, самиот Аусилио пред неколку недели имаше интервју и кажа дека тоа е еден од оние примери за кои жали што не успеале да дојде играчот во Интер, а заврши кај наш најголем ривал. Скалвини факт е дека го пратат веќе 2 години и активно се поврзува со нас, прилично сум убеден дека Марота го сака тука зашто сака да создаде Интер каде најголемиот дел од најквалитетните италијански играчи, играат за нас, а овој е таква (долгорочна) прилика. Хипотетички, да дојде, ќе имаме 5 репрезентативци у тим, повеќето првотимци, Барела, Бастони, Димарко, Фратези, Скалвини. Технички тука се и Ачерби и Дармијан кои играат за репка ама веќе се ветерани они.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.459
Поени од реакции
109.415
Требаше 45-0 да водиме у прво против Салернитана, буквално викторија игравме пред нивен гол. Ваква доминација немавме ни во 2010 мислам, не само резултатска него и играчка, мелем за очи е кога ги гледам. Не е Салернитана репер ама овие резултати сезонава не се за џабе, сите можни дербиња ги победивме, на гости имаме само 2 нерешени и сите победи до сега, немам проверено ама можно е и некој рекорд да имаат бутнато за освоени бодови на гости во ова доба од сезоната.

Барела треба малце да биде рашамаран за тоа себичењето на 0-0 и изведување бесни глисти, место да му ја даде на Турам и овој да финишира на празна мрежа овој земал ми изведува некои шутеви од 16 метри при ситуација 1 на 1 со голманот, гомнар скапан.

Се слагам дека со Атлетико ќе е заебана, утре очекувам 0 до 2 гола во кладилничарски речник кажано, Инзаги секогаш е претпазлив во првите мечеви, а не е ништо поразличен ни Чоло, башка Интер тешко игра со вакви екипи кои играат позатворено и кои имаат длабока одбрана. Би било убаво да однесеме предност во Мадрид од 1 или 2 разлика, особено ќе е добро ако тоа е без примен гол. Знам дека не важи гол на гости ама чисто за самодоверба.

Во секој случај втората ѕвезда не смее да дојде под знак прашалник ни во најлудите сништа, треба само уште повеќе да се загризе до крајот на месецот и во март за што порано да се осигура истата.
 
Која цврста одбрана попара сме во одбрана откако смена Чоло систем.
Со тројца играчи игра назад и Лино и Љоренте најчесто летаат напред, ама затоа во напад сме поефикасни. Врска нема овој Атлетико со тој од пред неколку години. Јас пак типувам да има голови во Милано, Интер и Атлетико го имаат најефикасниот напад во Европа ако не се лажам, статистички гледано кога станува збор за напаѓачите.
Мората мислам дека го заврши и последниот тренинг денеска и најверојатно ќе биди вклучен во составот, ќе добие минутажа.

Ифрид сум шо не видов меил навреме, за 59 евра карти можев да земам, и ефтин лет имав до Милано али то е, ќе се нервирам пред телевизор :D
3500 навивачи ќе има од Шпанија, ќе крцка стадионот утре.
Да нема повреди и да има чисто судење то е то шо го барам, Интер е екипата која е респектирана од сите навивачи на Атлетико, а и знам дека и обратно, така да нека победи подобриот и да се изнагледаме убав фудбал
 
Kajgana Shop

На врв Bottom