Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Интер во финале оди без никаков притисок , ова е голем успех за клубов со овие играчи и ретко кој веруваше дека ке дојдеме до тука ..

Финалето е еден меч , све може да се деси иако јасно дека ке бидеме аутсајдери со било кој да играме , ако биде Ман Сити они ке бидат под огромен пристисок дека треба да освојат , Интер овде влага релаксирано со надеж за историски успех без притисок , со малце среќа и ден на Онана имаме шанси :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.985
Поени од реакции
23.958
Урко доста! Заради тебе го бркав пред еден месец. Ме маѓепса со тие долги кирилични постови и заборавив уствари кој ни е тренер.
Алоооо ГАЉАРДИНИ ќе игра финале ЛШ заради Инзаги. Треба до крај на живот да му е благодарен а и ние што имаме прилика Интер да го гледаме во Истанбул. ПСЖ и Сити едно финале со милијарди вложени а на мастерот Инзаги му успеа тоа со крпен состав, дебел Лукаку и повреден Шкринијар.
Свака част и за Лукаку последниве неколку натпревари. Ти зборев и тогаш дека он е виновен за лошите резултати. Еве - почна да игра на повисоко ниво, у еден месец од катастрофална сезона се претвори во историска. И самиот кажуваш дека победата е историска ама лепење епитети на Инзаги нема шанси.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.949
Урко доста! Заради тебе го бркав пред еден месец. Ме маѓепса со тие долги кирилични постови и заборавив уствари кој ни е тренер.
Алоооо ГАЉАРДИНИ ќе игра финале ЛШ заради Инзаги. Треба до крај на живот да му е благодарен а и ние што имаме прилика Интер да го гледаме во Истанбул. ПСЖ и Сити едно финале со милијарди вложени а на мастерот Инзаги му успеа тоа со крпен состав, дебел Лукаку и повреден Шкринијар.
Свака част и за Лукаку последниве неколку натпревари. Ти зборев и тогаш дека он е виновен за лошите резултати. Еве - почна да игра на повисоко ниво, у еден месец од катастрофална сезона се претвори во историска. И самиот кажуваш дека победата е историска ама лепење епитети на Инзаги нема шанси.
Во еуфорија си бабан, успех е ова ама за да биде некој дел од најголемите во историјата на Интер се знае што треба сеа реални да бидеме, и сам си свесен за тоа ама те сфаќам, ја веќе со недели зборам дека не знам како да се понашам во едно вакво сценарио зашто никој не го очекуваше, уште не сум свесен дека сме во финале искрен да бидам, т.е. сум ама чудно ми е.

Имавме 1 тон среќа со ждрепката тоа е факт, за финале почнавме веќе да размислуваме уште кога видовме каква е проекцијата за таму кога не извлекоа со Бенфика, ги избегнавме сите моментални гиганти во фудбалот ама па затоа среќата не ни беше наклонета за групната фаза а таму излеговме пред Барса кои станаа прваци на Шпанија сезонава.

Ама пак ќе ти кажам, за најдобар во историја, а тоа е рамо до рамо да седи со Мурџо таму или Херера не, тоа е сеуште ниво на кое нема дојдено Инзаги. Во вакви умрени сезони за своите тимови Аврам Грант стигнал до финале во ЛШ и изгубил на пенали што беше прво за Челзи таа сезона па секако не е легенда или до тој момент нивни најбољи у историја, Ди Матео со Челзи освои, Тухел исто, пак со Челзи, да се надеваме дека тоа ќе му успее и на Инзаги во спротивно губење на финале е губење на финале, не е нешто со кое би се гордеел ама со оглед на нашата ситуација имаме барем право да сме со крената глава.

А и ќе се согласам и со Ио, за нас финалето беше денес, другово е само бонус, ја повеќе се плашев од помислата дека постојат шанси да егзистираме во свет каде Милан прво ни освои скудето пред нос, а потоа и не елиминирал во полуфинале во ЛШ, ова второво не се деси така да спасени сме од тешка и неподнослива голгота со која многу лошо ќе се носевме. Така да за ова сум им неизмерно благодарен на сите.

п.с. И сунинг ако гледаме така, ако се освои ЛШ, ќе ги освојат сите трофеи со тимов за многу пократок период отколку што тоа го направил Морати и со многу помалце вложени пари, така да у еуфорија треба и нив да ги креваме до небо. :ROFLMAO: У реалноста, сите ги сакаме надвор и сакаме нов газда.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.774
Поени од реакции
6.569
Колку од вас веруваат дека може да освоиме :)
Знаеме сите за луди утакмици во фудбалот каде појакиот не победил / освоил ..

Грција европски шампион
Аргентина - Саудиска Арабија 1-2 со два шута во гол
Што мислите против кого би имале поише шанси Сити или Реал :D
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.949
Една од оние слики што ќе иде во историјата на клубот ко една од најлегендарните

1684276855708.png

Уф каква перфекна ноќ.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.949
Јадете гомна и двајцата.
Taка е зборот бе, стравот од можноста Милан да не елиминира од ова натпреварување си го направи своето а и општо фактот што со Милан игравме наш најголем ривал, како и да ја вртиме историски меч е ова, после 20 години пак се среќаваме тука така да влогот беше преголем, не е ова обична лигашка текма ова е изнад све реално и ко шо глеаме не дека се дешава често.

Моментално во центарот на Милано се слави полн е со луѓе доволно говори ова за значењето на текмата, не беше вака кога Барса ја победија во 2010 и се пласираа во финале, само на аеродром ги пречекаа, едноставно ова е нешто посебно за секој интераш и тоа е тоа, уникатна текма и двомеч, немаше да можам да живеам со самиот себе ако денес испадневме, прилично сум убеден дека ова важи за секој еден од нас тука.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.985
Поени од реакции
23.958
Ама пак ќе ти кажам, за најдобар во историја, а тоа е рамо до рамо да седи со Мурџо таму или Херера не
Да не навлегувам во другите теми муабетов е за друг пат не за вечерва. Kога пишувам најдобрите во историја, мислам на онаа историја позната на нас, последните 30 години она што сме го гледале и по што можеме да оценуваме. Ако го тргнеме Мурињо кој е апсолутно на врвот во историјата, кој друг тренер донел ваков успех? Манчини е истотака меѓу најдобрите и он имаше лесна група со Петржалка и Ренџерс во група и Ајакс, Виљареал, Арсенал за до финале па не му успеа тогаш иако имаше играчишта на располагање. Аврам Грант, Тухел и Ди Матео не им успеало до финале со Ачерби и Дармијан, 37 годишен Џеко и Дамброзио плус Беланова како oпции ако рикне некој од Думфриз/Дармијан јер играат секој трет ден.
Интер во оваа сезона на ЛШ играше против минатогодишниот шампион на Италија, шампионот на Германија, новиот шампион на Шпанија, Бенфика која заврши прва во група со ПСЖ и Јуве, и Порто кој е секогаш незгоден противник. Истотака победник во нивната група.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.464
Поени од реакции
7.789
Кога ќе прочитам демек Цобе пиел виски класа човек бил а тоа во реалноста со Џонтра во Белимбегово во кафана 'Бункер' моментално свадба прават, едниот го побарал другиот за жена после пласманот во финале. Во живо од евентот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.329
Поени од реакции
46.949
@SK-92
Губење на финале, неосвојување на трофеј, и во нашата ера не го става таму, тоа се памти во спортот, баш Мурињо ќе ти го спомнам во тој контекст за Аврам Грант, кога овој вториов рече ја со Челзи стигнав до финале во ЛШ а ти не, и овој му реплицираше многу паметно, му рече ти за малце таа година ќе освоеше лига, за малце ќе освоеше и ЛШ во иста сезона, еден пенал те делеше до тоа, двете титули за малце ти избегаа ама за малце во фудбалот е еднакво на Ништо. Ти си освоил Ништо, ја сум најтрофеен тренер во историјата на Челзи, а историјата тоа го памти, а не оние за малце-успеси.

Тоа е спротот, јебига, како и да е огромен успех е ова све ако се земе во предвид, услови во тим, финансии, ростер, огромен успех е ова тоа си стои, ама за да биде дел од легендите се знае што треба да направи, како и да е ко и во групна фаза така и сеа на крај од сезона се вади со стил од катастрофалните периоди. Сите го бркаа од тимов не само ја или не ти па шо си потпаднал под туѓо влијание хаха, везе нема, историски негативен рекорд срушивме у лига дома со недавање голови и порази, ама ете што ти е спорт и фудбал, на крај сме во многу добра ситуација која може да стане и легендарна ако освоиме.

Колку и да звучи чудно ама неосвојување на ЛШ има шанси и да го избрка од тимот, и пак доаѓаме на Мурињо кој 2009 кога бевме пред елиминација во групна фаза па у задњи 5 мин ја свртевме со Динамо Киев гости рече, фудбалот е таков спорт, во еден момент си во пеколот, во друг во рајот, на крај после тоа вадење у Киев он достави тројна. Ќе видиме Инзаги на крајот каде ќе заврши, сите навиваме тоа да е со титула во ЛШ.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.444
Поени од реакции
3.702
Како до карта за финале?!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.774
Алоооо ГАЉАРДИНИ ќе игра финале ЛШ заради Инзаги
Гаљардини и Кореа ако влезат во последните 10 минути како на предходните два натпревари, два гола ќе примиме само во тој период. Не го пишувам ова коперациски со гајбата под мене, тоа е факт - првиот нема никакви атлетски способности, не може да се надтрчува со ѕверови, а вториот е играч помалку, страшно е колку не знае што прави. Вчера Лукаку се спремаше да втрча овој не може да го види, пимпла со топката во нозе. Тој мора во тим од средина на табела во најдобар случај каде ќе игра повеќе во 16-ник затоа што нема никаква визија што да направи кога игра со топка позади напаѓачот. Како прв напаѓач може и ќе убоде нешто. Никако не смее да ги стави во игра Инзаги во финалето. За нападот се доволно Лаутаро Лукаку и Џеко,а во средина Аслани, или ако се брани Де Фрај. Мислам дека сепак ќе ги стави во игра мистерот.

Колку од вас веруваат дека може да освоиме :)
Знаеме сите за луди утакмици во фудбалот каде појакиот не победил / освоил ..

Грција европски шампион
Аргентина - Саудиска Арабија 1-2 со два шута во гол
Што мислите против кого би имале поише шанси Сити или Реал :D
Арг-Сау не беше финале, друго се финалињата. Кога игравме со Баерн убедени бевме дека освојуваме и тоа се случи. Исто како и со Милан полуфиналето. Во најголем број случаи кога разликата во квалитет е очигледна, фаворитот победува и тоа глатко. Нашето финале во смисла на квалитет во однос на противникот наликува на Барселона - Ман.У, на двете финалиња кои Јувентус ги загуби со Барселона и Реал, Ливерпул против Тотенхем и слично.

Значи доста неверојатно според мене. Згора на тоа, вчера во добар дел од натпреварот изгубивме контрола во средината и на моменти таа замислена формација се распаѓаше и бевме повлечени длабоко. Реал или Сити нема да ни простат такви ситуации, ќе мораме да одиграме перфектен натпревар за да имаме некаква шанса.

Јадете гомна и двајцата.
Таков те сакам. А не „имајте пријатни денови“ како да си секретарка во туристичка агенција.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.253
Поени од реакции
10.343
Ај една дискусија околу посакуван финалист? Реал или Сити? Јас би идел со Сити само ради доминацијата на Реал во натпреварувањето, еден тон искуство имаат у постава и мислам дека многу потешко би ни било со нив. Ама да не забораваме, Дон Инза е роден за било кое куп натпреварување, го мрзи да се замара 38 кола, дај нешто набрзина.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.668
Поени од реакции
59.774
Ај една дискусија околу посакуван финалист? Реал или Сити? Јас би идел со Сити само ради доминацијата на Реал во натпреварувањето, еден тон искуство имаат у постава и мислам дека многу потешко би ни било со нив. Ама да не забораваме, Дон Инза е роден за било кое куп натпреварување, го мрзи да се замара 38 кола, дај нешто набрзина.
Јас би сакал да игравме со тие што ќе изгубат вечер, дека послаби :D
Автоматски споено мислење:

Ашраф, сине...

Автоматски споено мислење:

Матераци и Весли Снајдер:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom