Еве ви уште еден пример колку тимов кондициски едностанво ужасно стои, а и дека нема везе тоа дека Инзаги се повлекува во второ, прво и основно екипа што свесно се повлекува и брани, нема на поставена одбрана да прими онакви 2 гола, каде другиот тим создава класични зицери од кои не ни можеш да промашиш. Тонеме кондициони и тоа се одразува врз целата игра, штета, ама тоа е реалноста мислам дека и лани ова го воочивме нарочито у вториот дел од сезоната.
Ако остане Инзаги тука наредна година нека си најде едно 2-3 фитнес тренери и од прв ден нека почне да ги билда играчиве, недопустливо е ова, Пеп и Карло 2-3 месеци цело време играат со своите најдобри 11 и газат, ние и со ротации и со комбинации пак физички пропаѓаме во вторите полувремиња.
Денес имавме среќа, зашо оној Руан после прво полувреме имаше PTSD, психички растроен после едно полувреме чување на Лукаку, второ автогол си дае а и дирекно кумуваше и за третиот гол по што беше изваден, иначе смрдеше ова на кикс класика против умрениве кои напред делуваат ко да се прајм Барса.
Мнооогу битни 3 бода реков и пред мечов, до крај 3 да освоиме и идеме ЛШ сигурно, па дури и бод од следни 3 може да биде доволен ако се поклопат другиве резултати, ова не верувам дека би го пропуштиле, не смее.
Следна Милан, мора да паднат овие и горе доле веќе да се каже дека имаме добра сезона со шанси да биде фантастична, во игра сме сеуште за 2 титули, Куп и ЛШ.