Верував во победа денес многу, Рома иде надоле задњи месец дена, Интер нагло крена форма, плус они имаат проблеми со повреди огромни а ние па сме комплентни скоро, ептен ни се подредија коцките за да денес изгубиме од ваква падната Рома.
Доволен доказ колку се лоши е што 60 мин имаа играч повеќе, после тоа влезе Лаутаро и толку беше фората што им ја дадовме, а и у таква ситуација водевме. Мизерно бескорисен Кореа аууу, богзнае каква му е индивидуалната статистика денес за саат време игра, 2 допири со топка, едно подавање, и еден премизерен шут каде изреагира мислиш пречка погоди, па уште и се изнервира кога излезе а типот не ни влезе денес у игра, умрен еден.
Пребитна победа како и да е, со ова имаме и подобар меѓусебен со нив мислам првата 0-1 го јадевме, исто и со Аталанта со кои се тегавиме за ЛШ и играме дома а првата ја тепавме кај нив 2-3, од Милан исто имаме подобар меѓусебен јер тука битни се головите ко гостин, 3-2 пораз и 1-0 дома победа, јуве пак ќе кажам има шанси да бидат суспендирани од ЛШ следна сезона така да и тоа е исто битно, со други зборови, од нигде никаде пак сме во пол позиција за ЛШ и ова едноставно како знаат и умеат мора да го искористат. Па и до Лацио дојдовме на бод али гледајќи им ги утакмиците нивни до крај прилично сум убеден дека секоја една од нив веќе е наредена од Лотито и Таре, играат со Лече, Удинезе, Кремонезе, Емполи, тури им кур на нив.