Кога се зборува за Ериксен и колку фали, а се руга Чалханоглу после секоја стандардна утакмица која се рачуна дека му е слаба...
Видете ги вкупните бројки на 2цата во Интер...
Ај да помогнам:
Ериксен:
- 20/21 на 30 утакмици има 4 гола и 1 асистенција.
- 19/20 на 20 утакмици 1 гол и 2 асистенции.
Чалханоглу
21/22 на 15 утакмици има 4 гола и 3 асистенции
Голема улога во овие очајни бројки на Ериксен има Конте дека на дел од утакмиците му даваше по помалку од 5 мин игра, и секако беше во нова далеку подефанзивна улога од вообичаената.
Муабетот е дека е далеку од флоп Турчинов, апла си го исплаќа секое евро вложено (упс).
Навивачите во однос на Ериксен и слабите игри си наоѓаа алиби во гореспоменатите причини и имаа повеќе разбирање и трпение.
Чалханоглу после една лоша утакмица одма е дочекан со поприлична доза ругање од навивачите.
Вчера MOTM е, среќа што даде таков гол, ќе имавме проблем со бункерот на Венеција. Џеко и Кореа со 7 дефанзивци околу нив на центаршутеви беше сликата. Тешко ќе пробиевме...
Повеќе од достојна замена, најдобра за парите во моментот на фрка.
Мастер клас на Марота пуштен на најјако.