Најапсурдното големо фудбалско првенство у светот, ако може и да се нарече големо. Одложени се неколку натпревари од пред 2 недели, меѓу кои и мечот Интер - Сампдорија, поминати се 9 дена од тоа коло, точно 0 пати е дискутирано кога тие термини треба да се одиграат и сеуште тема на муабет е колото кое следеше и кога истото да се одигра, односно она од овој викенд каде требаше да играат Јуве и Интер. : )))
Ваков апсурд и преседан не е виден до сега во калчото, да се игнорираат и запостават натпревари од пред 2 недели на сметка на оние мечеви кои следеа потоа, а логиката вели прво едните, па другите, како што си е и редот. Сега викендов и интер и сасуоло ја одлагаат на сметка на мечот јуве - интер, кој би требал да се игра во Понеделник но и тоа тешко дека ќе се случи.
Марота испратил писмо до Лигата каде е наведено дека ова нема шанса да биде случај, прво треба да се најде место за мечот со сампдорија па потоа на тапет да е тој против Јувентус, а следново коло да си се игра како што е и договорено, или истото да се одложи но не на сметка на мечевите од претходното коло, туку поради истата причина ваљда, корона има, нема публика, нема фудбал, јебига, тој ви е критериумот измислен и поставен викендот што помина.
Во спротивно клубот ќе превземе и правни мерки контра Лигата и нивниот однос последниов период кој е на штета на одредени тимови, нарочито оние кои веќе имаат утакмица плус за играње од пред 2 недели.