Да ги имавме барела и сенси друга ќе беше приказната, вака пак игрицата ни е пуштена на legendary моуд.
Нит весино е адекватен за овој систем и може да го достави она што можат барела и сенси, на прв подобар противник, Рома,тоа најдобро се осети, нит пак броз или валеро, и двајцата се идеални за една позиција на теренот, онаа пред дефанзивата, понапред потенцијалот им се десеткува и потешко се снаоѓаат, не се доволно брзи со топка затоа и нападот (ќе) трпи и ќе делува отсечено ко што беше случајот со Рома. Друго е со послаби противници кога играш, друго е против тимови кои играат висок пресинг, напаѓачки фудбал и имаат акумулирано голем квалитет у ростерот, у ваква ситуација лаутаро и лукаку ке мора да се надминат себе си зашто без барела и сенси позади нив преголем товар ќе носат вечерва, a и сите останати уствари, ретко кога повеќето од нив изиграле меч од ваков карактер.
Дополнителен проблем е што и на бековските позиции најверојатно остануваат само на бираги и лазаро, асамоа овфицијално не е повикан, а Кандрева е под знак ?, што значи остануваат само на тројца играчи, бираги, лазаро и дамбросио, не дека тие што се првотимци газат, ама и овие не се воопшто сигурни опции, а кога ќе размислиш боље, од сите тројца, дамбросио најбољи партии покажал сезонава ко век ... што многу говори. Барса ќе игра у комбиниран тим али сите што ќе добијат шанса ќе се остават на терен така да ако се земе све у предвид ова е убедливо најтешкиот предизвик до сега сезонава, а и оппшто у задњи скоро 10 години.
Како и да е како што рече Конте, го заслуживме натпреварот со оглед на тоа каква сезона играат и у какви околности, односно меч со вакво значење во ЛШ на Меаца, ќе врие стадионот, мислам дека се пуштени сите блокови па можен е и рекорд во поглед на заработката, не дека е ова битно, али ваква еуфорија за меч на Меаца одамна немало.