Godin ne se vazi, Lazaro ne se vazi, Sensi ne se vazi, samo Lukaku i Barela gi zemavme. Ali ok bitno e da se hejta, ostanatoto nema veze.
Годин е добар трансфер, ама направен е многу одамна. Откако се купи Годин, дискутиравме на темава кој со што е задоволен и што очекува од летово. Мислам дека СИТЕ на темава пишаа нешто што е повеќе од ова што досеа се случило.
Лазаро и Сенси можеби ќе бидат новиот Бејл и Пирло, ама сеа за сеа се НЕ ДОКАЖАНИ играчи. Ништо спектакуларно. Па дури и Барела (потег кој ептен го подржувам) не може да го сметаме за докажан играч, нешто што сигурно ќе биде апгрејд, нешто што ни треба. И тој спаѓа во оваа група, играчи што треба да се докажат во иднина.
Требаше да се земи еден САЛАМ ДОКАЖАН играч на средината и јако ново крило. Ова требаше да бидат ДВАТА ГЛАВНИ ТРАНСФЕРИ ЛЕТОВО. Под јако крило подразбирам нешто што може да прави разлика на теренот, не Бираги и остала боранија.
Или во превод, се зема Барела или некој сличен за поефтина сума + младинци, ДОКАЖАН играч на средината (макар и постар) од 50-60 милки, пари кои шти ќе се обезбедеа од Марио, Весино, Гаља, Барбоса, Далберт или слични излезни трансфери. Па дури и парите потрошени за Лазаро може да ги додадете овде. Немаше потреба од бркањево на Раџа исто така. Ама ако пушел цигари, тогаш ОК.
Двата преостанати трансфери: Крило, кое што ќе ни ги однесеше главните пари, пари кои што не можат да се покријат со продажба на Перо, туку ќе мораше да се искешираат, како за Лукаку.
И шпиц, кој би се покријал со продажба на Икради. Буквално како глава за глава да ни дојдеше новиот шпиц. Па макар би крпеле и со Џеко наместо Икарди. Со салам среден ред и крила, немаше да изгледаме лошо. Нека бараа салам замена за Икарди в година, годинава ќе истеравме со Џеко, подржан од страшен среден ред.
Да те потсетам, не сум јас крив што не можат соберат пари од непотребниве играчи( со се Икарди).
Ова што го напишаав е можно остварливо т.е беше. Не барам ниту нешто неверојатно, ниту нешто што го прават Сити и ПСЖ.
Ама на крајот, ќе дркате на тоа што Икарди сме го замениле со Лукаку, Раџа со Барела и ќе го прикажувате како супер трансфер лето.
Тоа што ќе имаме успешна сезона не значи дека трансфер летото било УАУ и не можело да биде подобро.