Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.675
Поени од реакции
59.798
Не знам кај ги читаш дефинициите за млад играч :)
Млад човек де.

Стеф, не е тоа воопшто просто како што го замислуваш, можеби не си бил во ситуација да те убедуваат такви father figure ликови, да видиш какви се методи постојат... сега нормално, ако тој решил да замине без оглед на се, ќе биде многу тешко за убедување, но поверојатно е дека и тој си има одредена црвена линија.

Инаку го спомнавте Снајдер, последна ваква драма беше со Снајдер, до последен момент беше иде не иде, нерви искинавме на форум.

Нема ништо подобро од играчи кои се сметани за отпадоци во Реал и Барса, доаѓаат со огромен мотив за докажување.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.948
Поени од реакции
116.488
Нема ништо подобро од играчи кои се сметани за отпадоци во Реал и Барса, доаѓаат со огромен мотив за докажување.
И јас ова го мислам, мада Модриќ реално не е отпадок, далеку од тоа. :D

Ајде утре ваљда ќе го одржат тој состанок и работите ќе станат јасни, се надевам со позитивен исход за нас.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.675
Поени од реакции
59.798
Модриќ не е. Самуел, Камбиасо и Снајдер беа. Технички и Ето беше во Барса, не поради квалитетот туку поради односот со Пеп стана вишок таму.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Модриќ не е. Самуел, Камбиасо и Снајдер беа. Технички и Ето беше во Барса, не поради квалитетот туку поради односот со Пеп стана вишок таму.
Дренте исто :)

Бат ај гер јур поинт
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.120
Поени од реакции
9.068
Модриќ не е. Самуел, Камбиасо и Снајдер беа. Технички и Ето беше во Барса, не поради квалитетот туку поради односот со Пеп стана вишок таму.
"One club's trash is another club's treasure."

Сега кога имаме ЛШ полесно се пазарат "одпадоци" од големите и богати клубови.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Брозо не е на продажба, попрво би го продале Перо кој полесно може да се замени, Брозо кој ќе го замени на негова позиција за 40 милиони? Зимата кога сакаше да замине во Севиља, ако е точно што се пишуваше, Спалети лично му ја искинал авионската карта. Од тогаш Брозо е друг човек.

Друга работа, батали англиски таблоиди.[DOUBLEPOST=1533728711][/DOUBLEPOST]@beneamata, @loophole, ако имате време и желба да се борите против гугл транслејт, би ве замолил за едно резиме на текстов: https://www.fcinternews.it/news/fcin-modric-l-inter-e-il-bilancio-ecco-come-i-nerazzurri-possono-permettersi-la-perla-di-zara-284154
@beneamata одговорил веќе, очигледно прават некоја проекција за наредната финансиска година, дали Интер би можел финансиски да го издржи трансферот на Модрич. И тоа, колку што разбрав од оваа салата од зборови што ја прави гугл транслејт, зборат под претпоставка Интер да нема дополнителен раст на приходите, освен оние приходи кои Интер би ги добил од учество во ЛШ. Што значи, горе-доле зборат на памет. И во таков случај, Интер би го исполнил условот за breakeven, со продажба на играч.

Што уствари и ме носи до прашањето. Не знам дали јас лошо сум разбрал, или новинариве не се информирани, ама јас мислев дека, според таа спогодба што Интер ја склучи со УЕФА во времето на тој Тохир, Интер беше обврзан заклучно со оваа година да биде на нула на крајот на финансиската година, по тие параметри што се таму дефинирани. Ама дека од следната година излегува од таа Спогодбата, барем во однос на условот за breakeven? Што значи дека, почнува нов период од 3 години во кој не смее да има кумулативно повеќе од 30 милиони загуба по FFP terms? А спогодбата останува во важност, за оној дел со листата на пријавени играчи во ЛШ.
Јас така имав разбрано, можда сум грешка, во кој случај се надевам дека барем не ја направиле грешката од ова лето и опциите за позајмиците, ги договориле после 30 јуни.

Иначе, не разбрав ни денес што имаше. Сега и тој услов за листата на пријавени играчи во ЛШ и нивната амортизација е изменет, или не? Односно дека се договориле за нешто покомотни услови, што би значело дека Уефа убаво ги истрола на сред трансфер пазар, со оглед на тоа што тоа им влијаепо на цела трансфер стратегија ова лето. Барем така самите кажуваа.
IoSono, можеби дури и Малком ги кошташе тоа. :( Ја чуствувам твојата болка, до тука.
(ако растури сезонава во Барса, знам што ме чека :D)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.675
Поени од реакции
59.798
Пази, @Io Sono Interista се нервирал за Малком ако постанел многу јак, па нека се теши со мене, што на аеродром го чекав да пристигне:popce:
Ти го чекаше два дена, јас од јуни го чекав.

@loophole, нека го земат Кеита и простено им е.

Кандрева го тролаат од вчера, на профилот од жена му пишале да дојде во Монако и таа им одговорила дека едвај чека :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom