hotmail
GiO
- Член од
- 1 февруари 2008
- Мислења
- 1.333
- Поени од реакции
- 426
исоно, јас мислам дека е глупост за Хамшик да се дават толку пари(читај, 40М), сепак на таа позиција каде игра Хамшик кај нас игра Снајдер, потоа има многу други играчи кои се стварно квалитетни, и не коштат многу, само што Бранка треба малку да прошета. Сепак ако веќе сакаат или се решиле да фрлат 40М, еве им го Санчез, барем во него се гледа дека има голем потенцијал, и ептен таков профил на играч и треба во моментот на Интер.Многу погрешен пост.
Прво, Снајдер не е феномен за Хамшик. Хамшик е зверотиња, има различни карактеристики од Снајдер, супер играч е во офанзива. Со играчи како него и Санчез трансформацијата одбрана-напад функционира совршено.
Второ, ни Хамшик ни Пасторе ни Санчез (иако не е во постов) сеуште не заиграле за голема екипа и нормално дека ги немаат успесите на Снајдер. Времето е пред нив во секој случај, помлади се и нивните 5 минути допрва ќе дојдат.
Ние Хамшик нема да го земеме од проста причина што Лаурентис за него бара пари. Многу пари. Нашите муабети од типот толку пари + овој + оној се само муабети, како што пишав порано, за да можат фановите да го задржат чувството дека сме голем клуб кој сеуште е некаков фактор на трансфер пазарот. И самиот Бранка знае дека ваква понуда ќе биде одма одбиена. Во реалност, ние уште долго време нема да купиме играч кој вреди 40 милиони.
Се согласувам и јас дека ако Снајдер го продаваме, тогаш треба по секоја цена да тргнеме по Хамшик, Пасторе, или па Насри, во спротивно не ни треба.