Hurin
Pokerface bastard
- Член од
- 3 јуни 2009
- Мислења
- 8.543
- Поени од реакции
- 14.678
цобе трајановскиДа се разбереме, Тегла беше во право со тоа дека ова е нулта година за Интер, односно дека од оваа сезона треба само да растеме како клуб. Прво и основно почнаа попаметно да пазарат, а под тоа подразбирам да не се фрлаат огромни пари за непроверени фудбалери (Марио и Барбоса) него да се зимаат играчите што ги побарал тренерот и што му требаат на тимот. Фрливме пари за Шкриниар (30 и нешо милиони) и Весино (20 и нешто), и двајцата играат одлично и скроз ги оправдуваат очекувањата до сега, Валеро ептен евтино и он си игра топ, едино бековите да почнат да играат редовно. До душа Кансело почна во последно време и доста добро игра, можеби уз Ханда единствената светла точка во лошиов период кај нас. Нема преголеми суми за трансфери, добро се менаџира со платите и не се оптеретува многу буџетот.
Маркетингот е многу подобрен, во Кина придобивме многу фанови, гледаноста ни е многу поголема, оваа сезона сме најпосетен клуб во Италија, исто Сунинг фрли доста солена сума за ТВ правата во Кина ако не се лажам.
Направен е нов тренинг центар, тотално модерен со сите можни услови за фудбалерите.
Значи не е дека не се работи или дека криминално лошо се работи, далеку од тоа. Е сега слабите, односно лошите страни се што не се земаа замени за нападот, односно останавме на Карамох и Едер.... Не може озбилен клуб кој претендира за висок пласман да останува на тие навални играчи. Исто штоперите, Ранокија, Шкринијар и Миранда, единствени штопери во цел тим........................................... Ова е најдегенското нешто моментално во тимов, мислам дека не постои клуб со тројца штопери во екипа. Кога веќе работеа “во тајност“ можеа да склопат некој фри трансфер или позајмица и да скрпат на 2-3 позиции.
Најискрено ви кажувам, имам спомнато едно 5-6 пати сигурно ама еве ќе спомнам и пак, немам ништо против киксови, против порази, против лоши резултати, имам против пристапот на играчите и тренерот. Не може бе пријатели да имаме 13 победи, 2 нерешени и 0 порази после 15 кола, да ги добиеме Рома на гости, со Јуве и Наполи нерешено на гости и после тоа да не можеме гол да постигнеме во 5 меча, односно во 6 меча да постигнеме 2 гола и да победиме нула пати. ЗНАЧИ Н Е М О Ж Е.... Тоа е како да ја ебеш Адријана Лима и наеднаш Урко да ти легне у кревет место неа. Ај што не може да победиме, абе шанси не ствараме, игра немаме, све умре у нас, ни 1% не играме од тоа што игравме до тој кобен смрдлив меч со Порденоне. Затоа и ми е криво, затоа што знам дека тимов може многу повеќе од моменталнава беда и очај и под итно мора да преземат нешто сите до еден со се Спалети за да не отиде возот во провалија и оваа сезона. Ако случајно не оствариме пласман во ЛШ и сезонава тогаш не знам што да кажам, огромен удар ќе е за нас и постои голема опасност да ги изгубиме сите битни играчи.
Тоа е тоа, се надевам дека од Рома ќе ни тргне добра серија и дека ќе биде надминат кризниов период.
цобе иванов
цобе груевски
цобе пешевски