Tegla
Interista
- Член од
- 20 февруари 2012
- Мислења
- 5.094
- Поени од реакции
- 9.015
Многу корисен играч е за тимов, го обожавам. Има одличен осет за пас во длабочина но најдобар е кога од него почнуваат акциите а тоа значи играње малку поназад. Нас ни фали некој вистински АМФ кој ќе има добар шут и ќе допринесува со голови, некој што ќе може да ја дрибла одбраната кога ни играат бункер.Па баш Валеро е измислен за споро градење на акции.
У право си за ова. И јас истово го размислував вчера, Борха ти е класичен шпански (ју донт сеи) везен играч, доста поразличен од погоре набројаниве пред се Банега и Љајиќ. Валеро ко и секој шпански фудбалер практично, е научен на споро играње фудбал, со подавање со споро градење на акции, без брзање и со точни докторски пасови.
За 10ка не е, да, не е таква 10ка ко што бараш, нешто ко Снајдер што беше или ко овие што ги спомна.
Ја мислев Марио ќе биде таков, ама курац, не знам што се дешава со компиров.
Мора да имаме повеќе играчи способни да постигнуваат голови освен Икарди и Перишиќ. Рандом голови од прекин од Шкриниар, Дамбросио и остали се баш тоа, рандом.
Како и да е, добри резултати досега, 10 победи и 3 нерешени. Нема место да им се замери за ништо ни на Спалети, ни на дечките. Ме радува што после долго време земавме засилувања во вистинска смисла на зборот, и тоа играчи што на хартија делуваа загрижувачки. Ќе си добијат шанса Кансело, Далберт и Карамо со тек на време, секако не се земени да дадат инстант импакт, туку се земени да бидат битна алка во иднина. Сепак се деца и не треба да се брза со нив.