Многу неорганизирано играме во напад. Тоа мора во следните утакмици да се поправи. Да не е Касано во тимов моментално, не би се ни доближиле до гол. Он игра ненормално добро иначе. Класа си е класа.
И Переира очигледно е дека како крило или во тројката во средина е многу полош од тоа како игра како бек. Ширината во нападот ни останува проблем. Немаме крилни напаѓачи што може тоа да ни го обезбедат. Единствено можеби Кутињо може таму да игра. Затоа идеа и Переира и Нагатомо таму минатите утакмици.
Како и да е и со овие играчи мора да се подобро организирани во напад. Не може само да ги стаиш Милито, Касано и Снајдер напред и да чекаш се да напраат и сами да им текне.
И Гуарин нека го пратат на психолог, да работи на одржување концентрација 90 минути, како што секој нормален човек би требало да може.