Има три тима во Италија кои имаат капацитет за првите 3 места оваа сезона: Интер, Јувентус и Наполи.
Рома оваа сезона може да изненади со добра борба за првите 3-4 места во Калчото.
Не ги заборавај Лацио,кои последниве неколку години играат се подобро и подобро од сезона во сезона.
Тука се и Милан,не дека имаат големи шанси,ама Милан е Милан,клуб кој со традиција е меѓу првите 3-4 екипи.
Мое мислење е дека оваа сезона борбата за првото место ќе биде помеѓу Јувентус и тимот кој ќе успее највеќе да држи чекор со него.
Наполи нема тим за тоа,очекувам некаде јануари-февруари веќе да почнат да опаѓаат во формата,и се надевам дека токму Интер ќе биде конкурент број еден за преземање на скудетото оваа сезона од стариот досаден Јувентус.
--- надополнето: 17 септември 2012 во 23:49 ---
Да разјасниме..поентата ми беше дека Морати и Бранка со играчите си го направија своето и дека колку толку склопија конкурентен тим за во ова првнество и ако случајно се случи да не влезиме во првите три до крајот на сезоната тоа ќе биди катастрофа и одговорноста ќе ја превземи тренерот..односно неможиме повеќе да плукаме дека во тимот нема квалитет..
Не би се согласил со тебе.
Мислам дека овој Интер (оваа и претходната сезона) е можеби најслабиот Интер од своето постоење.
Гледано генерално,од позиција до позиција и од тренер па се до стручен штаб.
Се надевам дека грешам и дека они на терен ќе ме негираат ама од Нагатомо,Хуан,Касано,Алварез,Кутињо,Оби итн можеме да очекуваме добри и солидни партии но не и константност во играта како што било тоа случај со ред други играчи во последните неколку сезони.
Сепак,останува сезоната да покаже.
Forza Inter!