Фан Клуб: Интер

Ранокиа - Хуан, тоа е тој тандем што треба да се форсира во одбрана.
Касано 3 утакмици, 2 гола и 1 асистенција.
Алварез солидно изигра, ако се знае дека после повреда ова му беше прва утакмица.
 
не сте нормални .... малце објективно , Алварез изиграл СОЛИДНО :?????

Човекот направи 450 грешки пред акцијата за голот ....
 
Добро е за тимов и ваква победа, потребни се овие грди победи, особено против босиве тимови. Само со ваква формација повеќе НЕ, не знам дали беше тактички од Страма или стварно нешто пробувал али со 6 бека повеќе никако. Си има златни играчи за во среден ред, Сакатомо и Џонатан може да греат клупа, и така само вишок се и грешки прават.
По вчера виденото можам да кажам дека Гаргањо МОРА да игра прва постава, човекот е одличен, и исто така Милито сам во напад НЕ, барем да има поддршка од Касано или Паласио/Кутињо. Со најистурен Милито и позади него Снајдер тимов неможе да просперира, ќе има слаби резултати со ваква формација.

4-3-1-2 мислам дека е најидеална, со Милито и Касано напред а позади нив Снајди, во среден ред Гуарин-Гаргањо и Камби/Рики, а во одбрана Хуан и Ранокија како централни, капитенот десен а Переира лев бек. Според мене ова е едно од поидеалните и попродуктивните решенија за моменталниов тим на Интер.
 
Според мене против послабите екипи како Сиена на домашен терен треба да се излези поофанзивно и да се запечати победата уште во првото полувреме на пример со овој состав..

Занети--------Ранокија-------Хуан-------Переира

-----------------Гаргањо---------Гуарин-------------
Алварез------------------Снајдер-------------Кутињо
-----------------------Милито-------------------------------

ех сега овај состав што го напишав според мене е идеален за против екипи што се бранат ама кој сум јас да му солам памет на страмачиони ..
за во дерби натпревари или екипи што истот ака напаѓаат и имаат квалитет можи да искомбинира нешто подефанзивно

Нагатомо------Ранокија--------Хуан--------Перера

-------------Занети------Гаргањо------Гуарин

------------------------Снајдер---------------
-----------------------------------Касано/Паласио
------------------Милито

важно можат да се направат повеќе комбинации со составот и се надевам дека Страмачиони ќе го искористи колку толку квалитетот на тимот и ќе ги искомбинира играчите најдобро што можи..

во небитни натпревари како ЛЕ или Купот на Италија можи да си извади сосема друг состав за да ги одмора првотимците..

Џонатан-------Силвестре-----Хуан--------Нагатомо

---------Мудингаи------Камбиасо-------
Алварез------------Кутињо----------Ливаја
-----------------Паласио-----------------------

Врти Сучи и неможиме да му се лутиме на Морати и Бранка ако имаме пак лоша сезона и ако не се пласираме во ЛШ..едноставно тимот е колку толку добар за трето место во Сериа А и се надевам дек Страмачиони ќе ја направи шемата во тимот и ќе почниме да личиме на нешто
 
Не знам ни јас која беше идејата на составот, најмногу затоа што целите подготовки и ЛЕ натпреварите ги одигравме најмалку со 2 напаѓачи и доста креативен среден ред. Сега одеднаш итрчавме со Раниери формација, ама со оглед на тоа дека тепавме 2-0 нема потреба да креваме прашина, најверојатно е one-time-thing и важно е дека пројде. Сум за тоа секогаш покрај Милито да игра најмалку еден од Паласио/Кутињо/Касано, Переира да игра бек, не зошто не е добар во средина туку затоа што е подобар од бековите што ги имаме, Гаргањо да игра место Камби. Мило ми е што Хуан се наметнува а мислам дека Силвестре не е толку лош колку што не може барем од почетоков да се справи со притисокот. Нека му даваат шанса во ЛЕ да добие самодоверба човекот. Киву нека си ги троши парите.

Ја не знам зошто е Џони толку збунет со овие коментари дека не требало да му се лутиме на Морати и Бранка ако не се пласираме во ЛШ ама тимот бил колку толку добар за 3 место... Има три тима во Италија кои имаат капацитет за првите 3 места оваа сезона: Интер, Јувентус и Наполи, а другите се толку полоши (вклучително и Рома без разлика што изгубивме од нив) што ќе биде трагедија да не се пласираме во првите три.
 
Да разјасниме..поентата ми беше дека Морати и Бранка со играчите си го направија своето и дека колку толку склопија конкурентен тим за во ова првнество и ако случајно се случи да не влезиме во првите три до крајот на сезоната тоа ќе биди катастрофа и одговорноста ќе ја превземи тренерот..односно неможиме повеќе да плукаме дека во тимот нема квалитет..
 
Има три тима во Италија кои имаат капацитет за првите 3 места оваа сезона: Интер, Јувентус и Наполи.

Рома оваа сезона може да изненади со добра борба за првите 3-4 места во Калчото.
Не ги заборавај Лацио,кои последниве неколку години играат се подобро и подобро од сезона во сезона.
Тука се и Милан,не дека имаат големи шанси,ама Милан е Милан,клуб кој со традиција е меѓу првите 3-4 екипи.

Мое мислење е дека оваа сезона борбата за првото место ќе биде помеѓу Јувентус и тимот кој ќе успее највеќе да држи чекор со него.

Наполи нема тим за тоа,очекувам некаде јануари-февруари веќе да почнат да опаѓаат во формата,и се надевам дека токму Интер ќе биде конкурент број еден за преземање на скудетото оваа сезона од стариот досаден Јувентус.
--- надополнето: 17 септември 2012 во 23:49 ---
Да разјасниме..поентата ми беше дека Морати и Бранка со играчите си го направија своето и дека колку толку склопија конкурентен тим за во ова првнество и ако случајно се случи да не влезиме во првите три до крајот на сезоната тоа ќе биди катастрофа и одговорноста ќе ја превземи тренерот..односно неможиме повеќе да плукаме дека во тимот нема квалитет..
Не би се согласил со тебе.
Мислам дека овој Интер (оваа и претходната сезона) е можеби најслабиот Интер од своето постоење.
Гледано генерално,од позиција до позиција и од тренер па се до стручен штаб.

Се надевам дека грешам и дека они на терен ќе ме негираат ама од Нагатомо,Хуан,Касано,Алварез,Кутињо,Оби итн можеме да очекуваме добри и солидни партии но не и константност во играта како што било тоа случај со ред други играчи во последните неколку сезони.

Сепак,останува сезоната да покаже.

Forza Inter!
 
Наполи оваа година не игра ЛШ и мислам дека сега им е шансата да се фокусираат на Серија А, имаат одлична генерација на играчи, катастрофална конкуренција, и ако успеат постојано да вршат притисок врз Јуве ќе биде многу интересно првенството до крајот. Исто ќе треба да видиме Јуве како ќе се снајде во три конкуренции да атакува на победи и каква среќа ќе имаат со повредите како еден многу клучен фактор. И двете екипи имаат игра, тоа не им е проблем.

За Интер, ќе видиме...
 
Што ве гледам чудни,како да држиме чекор со ѓубретарите бре кога секое ебено коло им се суди по еден пенал.Нема шанса да се држи чекор со таква местачка екипа,јас со овој состав ќе бидам задоволен и со вицешампионското место баш поради причината што ја кажав погоре.
 
Така е.И јас тоа приметив по натпреварот против Џенова во неделата.Срамота.
 
Што ве гледам чудни,како да држиме чекор со ѓубретарите бре кога секое ебено коло им се суди по еден пенал.Нема шанса да се држи чекор со таква местачка екипа,јас со овој состав ќе бидам задоволен и со вицешампионското место баш поради причината што ја кажав погоре.

еве прошлата сезона на милан 12 му досудија, аа интер доста имаше, а на Јуве само 3.... и подобриот освои

Inter have conceded five penalties in eight games, the latest in a 1-1 draw at Atalanta on Wednesday.

Лани не се бунеше убаво ти беше?
 
Имаше сеа пенал за нив, плус еден недосуден при 1-0 за Џенова, all in all заслужија и пенал и победа против Џенова.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 00:48 ---
еве прошлата сезона на милан 12 му досудија, аа интер доста имаше, а на Јуве само 3.... и подобриот освои

Inter have conceded five penalties in eight games, the latest in a 1-1 draw at Atalanta on Wednesday.

Лани не се бунеше убаво ти беше?
Лани ако некоја екипа беше убиена буквално од судиите, тоа беа Интер, ти уште со муабетов викаш дека судиите ги фаворизирале. good one.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom