Остајте и трампи и Пацини и Касано за сега. Секој викенд ќе се мења мислењето, иако ја мислам таму накај полусезона некаде, ќе има лабав консензус. Нема да кажам за која позиција, само ќе кажам дека ние ги заебавме Милан.
Да се свртиме на натпреварот вечер што го имаме со Рома. Многу интересен ќе биде за нас, зошто е прв посериозен натпревар со посериозен тим за врвот во Италија, што значи дека ќе може одприлика да видиме како функционира тимот против квалитетни противници. Пескара тоа не беше, очигледно. Исто е и добар тест за Страма, зошто ќе треба да покаже флексибилност во тактиката, да се прилагодува на играта на противникот. Е интересно зошто, тешко е да играш игра која е базирана на посед на топка и агресивен пресинг против било која тим на Земан.
Добар тест и за одбраната, да се види како ќе се снаоѓа со многу играчи што напаѓаат, зошто во Италија ретко се сретнуваат со тимови кои форсираат таква ултра напаѓачка игра. Треба екстремно добра организираност и многу концентрација, посебно за бековите и играчите во средина.
Се на се Земан е многу добар спаринг-партнер за почеток на сезона, зошто ќе видиш до каде си. Ако лесно поминеш со него, значи дека барем одбраната и транзицијата добро ти функционираат. Типот е фудбалска легенда. И ден денес половина и повеќе од тренерите ги користат неговото организирано напаѓање, напаѓачка игра по шема, дури и најдобрите тимови.
Беше прилично смешно, што се коментираше за него, во темата за Сериа А.
Како и да е, јас мислам дека ќе победиме вечер, не е битно како и со каква игра. И сигурен сум дека ќе биде супер натпревар.