Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
http://footballspeak.com/post/2012/05/01/Best-Transfers-of-Moratti.aspx
1. Javier Zanetti (In : 6.5m, out : never)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 20:45 ---
http://footballspeak.com/post/2012/04/26/Worst-Transfer-of-Moratti-Era.aspx <--Десетте најлоши трансфери во ерата на морати.
Нема ни еден од Турците :)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 21:32 ---
Пандев 8 а Лавеци 31?
Пандев во Наполи не е ништо полош од Лавеци. Реши неколку важни натпревари и кога игра на местото на Лавеци воопшто не се чуствува отсуството на аргентинецот.

Од кај сега Лавеци е 3 класи над Пандев?
Со години се тука некаде и ако споредуваме со бројки за настапи, голови, асистенции нема којзнае каква разлика...
Знаеш што ме нервира мене? Не што го продадоа за 8. Ме нервира што никогаш не сме чуле информација или шпекулација од типот: Интер бара 16 милиони за Пандев. Не бе. кај нас се е гага, дај-шта-даш...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Пандев е злато играч, штета што управата и навивачите се тутурутки невидени во Интер...
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Нема ни еден од Турците :)
--- надополнето: 31 мај 2012 во 21:32 ---

Знаеш што ме нервира мене? Не што го продадоа за 8. Ме нервира што никогаш не сме чуле информација или шпекулација од типот: Интер бара 16 милиони за Пандев. Не бе. кај нас се е гага, дај-шта-даш...
Најголемиот проблем тука се големите плати па гледаме да се ослободиме од играчите по секоја цена и тоа го користат екипи како Наполи.
Од друга страна сега не се само Реал и Челзи да трошат по 200 мил по сезона, секоја сезона има по 1-2 нова екипа купена од некој шеик па помалите екипи може да си дозволат да билдаат цени за некој мрсулковци кои можеби реално не вредат ни 5 пати помалку.

Сигурен сум дека и Маикон ке го дадеме колку ке ни понудат а ке даваме двојно повеќе за Исла или некој нов Маикон кој наредна сезона нема да го сака ни Бреша... Освен ако не се заинтересираат Сити или ПСЖ па да земеме некоја солидна сума.
Затоа вчера и со Снајдер споредбата ја ставив. Ајде нека не биде со Лукас нека биде со Пасторе... Како може некој "потенцијален талент" да вреди двапати повеќе од готов производ, играч во најдобри години кој сезони играл во врвна форма и освоил се што може да се освои.

Трансфер пазарот е луд и го уништува фудбалот...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
Се е тоа во ред, ама и ние треба да сме малку луди наместо многу глупи. Барај бе. Дигај ја цената. Кревај прашина. Се понашаме како Црвен крст.

Мора да е малку луд човек денес. Газдата на Лукас фино изјави: Ние не сакаме да го продадеме Лукас, Лукас не сака да си оди, во меѓувреме откупната клаузула е 80 милиони евра, па повелете :)
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Така е брат, само реално дел од фудбалерите кое сакаме да ги продадеме се во поодминати години, ретко која екипа ги сака и што е најважно ретко која може да си ја дозволи платата која тој играч ја земама во Интер.
Не знам која екипа на Форлан ке му понуди 5 милиони плата па уште да плати и на Интер за раскинување на договор... Исто и Лусио, Станкович...
И ние кога го имавме Адријано во најдобрите сезони можевме да бараме и 90, за Ибра зедовме 70.
Имаме еден стар состав, играчи на крај на кариера и затоа оваа сезона заврши како што заврши.. згора на тоа и Раниери беше на клупата на Интер.. трагедија...


За Пандев и јас се сложувам требаше да се бара повеќе кога тие за Лавеци бараат 31 сумата за Пандев е смешна.
Направивме услуга на Наполи со позајмицата, го даваме сега за симболична сума... Не знам, можеби има некој договор за Лавеци не гледам друга логика.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
Сами си правиме што си правиме. Му даваме на Паласио 3 годишен договор иако и 2 години со две раце ќе ги прифати и 100 пати фала ќе каже. Ај може ќе се погоди типот да одигра добро. Ама ако се покаже флоп? Отидоа 5 милиони за следните две години кои никој нормален нема да му ги даде, па и овој нормално нема да сака да си оди.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Се е тоа во ред, ама и ние треба да сме малку луди наместо многу глупи. Барај бе. Дигај ја цената. Кревај прашина. Се понашаме како Црвен крст.

Мора да е малку луд човек денес. Газдата на Лукас фино изјави: Ние не сакаме да го продадеме Лукас, Лукас не сака да си оди, во меѓувреме откупната клаузула е 80 милиони евра, па повелете :)
На што ќе бараме пари бе, на Мунтари и Ривас? :pos:

Немаме што да продадеме, последен пат(пред 2 години) кога го проценивме Мунтари на 15 милиони Ливерпул се навредија, и јас тотално ги разбирам. На Пацини да му бараш 20 е лудо, да имаше дадено 30 гола сезонава да, и 30 ќе му баравме на Јунајтед, а вака? Зарате што беше кловн, или Форлан флопот и со голем пад во формата поради годините, Станковиќ со внуците заедно, или Киву со капата?

Од Маикон можеме нешто да земем, и според ова што излегуваат шпекулацииве, Пандев со Маикон и Снајдер а највреден играч во Интер моментално, видете зашто сме ние 10ти.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Паласио е новиот Милито! :pos:

Шала на страна јас се сложувам со овој трансфер само не знам колку зема плата и колку плати Интер за играчот. 1.5 милиони плата и 6-7 за Џенова би било реално.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.486
На Маикон, на Снајдер, на Цезар, на секој што може да оди по пат, ќе му накачиш здрави 10 милиони + и ќе изјавиш дека е за продажба. Ама не, Бранка сака само да оди по гости, не сака гости дома.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.326
Поени од реакции
15.581
Абе не е дека не сме чудни за продажба, али реално до сега немаме продадено некој за беспари а што вредел... последно што вредеше и си замина беше Ето, и тоа беа добри пари(иако одма ги вративме за Форлан и Зарате :pos: ), како и Ибра... Дури и Кварезма добро го шитнавме...
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Сити ги бара Снајдер и Маикон?
Балотели, Џеко и Коларов во обратна насока и сите ке бидеат задоволни :)
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Абе ни ја видоа сите играта после таа Ибра- Ето година и затоа знаат како да се ценкаат со нас. Сите им честитаа за тоа , ама и сите одма сфатија колку е саат.
А и отидоа цениве многу нагоре. Другите тимови во рок од неколку сезони тројно им се зголемија приходите, кај Интер се констатно на едно ниво. И не само кај нив, во сите италијански тимови. Си одат и цените нагоре.
Плус, претседателиве на клубовите во Италија се за утепување. Рамирез да ти бил 20 милиона вреден играч.
Ја не знам на каков начин само си ги прават проценките.

Коа сме веќе кај тоа. Мое мислење е дека Рамирез (ако е вистина) и Палсио за крилни напаѓачи, не е доволно. Може да биде тоа напад на Џенова, ама за Интер не е доволно. Ако Лавеци е отиден у ПСЖ, се надевам дека имаат добри алтернативи.
Даваат ли на лизинг играчи? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom