Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.060
Normalno deka se brojat i tie 2, ama ne se osvoeni....ako me sfakas.
Inter dominira poslednava dekada :pos2:. Da recese poslednive 3 godini ke bese vo pravo....ama dekada....e pa.....
.......ova e pocetokot na taa dekada sto ja zboris
Од цела декада, во Италија имаат освоено најмногу титули, факт, 5 последователни со што го израмнија рекордот на Јуве и чинам Торино, Милан никад у историја немале вакво достигнување, втори се Јуве со две титули, а потоа следат Рома и Милан со една, кој и да рекол дека Интер доминирал у последнава декада, во право е, и у куп титулите, и во Серија А титулите ...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.373
Поени од реакции
113.755
Кои 2 ? Една е, и тоа на сугестија на УЕФА која ги обврза ИФФ да ја доделат таа титула, или Интер е крив што некој трет играл валкано ...

--- надополнето ---


Сакај ти или не, неупатен, Пеп ќе си иде 1000% од Барселона во иднина, читни нешто наоколу и информирај се и не тролај со вакви безвредни глупи постови.
Иначе пред два или три дена Гвардиола потврди дека по завршувањето на договорот(мислам 2012 беше) си оди од Барселона бидејќи се заситил од играчите, а и они од него.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Не бе, каков Гвардиола за тренер на Интер, ништо нема да се смени, ако не му даат потребни засилувања ништо нема да направи, го нема Меси да го вади кога му гори под газето, не сакам тренер што го вади највисокиот напаѓач и става 150цм висок неталентиран напаѓач во името на Кркиќ и тера на нафрлени топки, а во одбрана седат Лусио, Киву и Самуел.


За утакмицава. Ај денеска со бистра глава, т.е можда не толку бистра али ипак. Што е сменето од времето на Бенитез? Ништо. Што ќе беше ако го освоевме ова првенство? Ќе се лажевме дека сме шампионски тим а ќе ни се десеше тоа што им се дешаваше на Милан откако освоија ЛШ и мислеа дека без Шевченко, со повредениот Кака(а после и без него), и со трансфери од типот на Фавали, Оливера и Бориело ќе бидат тимчиште, е сеа истото и на нас ќе ни се дешава ако уште спиеме на таа карта дека Камби е шампион, дека Станковиќ мора да игра пред Мота, а и овој па мора да игра. Се носат играчи за клупа, а кога се носат играчи за клупа оние што се прв тим знаат дека ќе си останат прв тим. Освоија се, мотивацијата е логично да им падне, нема свежа крв, и таа што ја имаме, не добива никаква шанса покрај нашите сакани шампиони. А тогаш кога добија некои шанса,им се гледаа само грешките, ко демек Камби, Кордоба, Матераци, Ето и Пандев не грешеа.

Сеедно е, ќе речете Бенитез изгубил во дербито со Милан, не го памтам составот, но го имавме Оби во првиот тим, игравме со Кордоба како лев бек, хејтавте тогаш дека Бенитез бил аматер и немал поим, потоа интерашот Матераци што бил пред заминување во Милан играше и направи тоа што направи. Игравме со повреден Милито, слично ко вчера што беше со него, мада не е до него. Го немавме Мота, го немавме Пацини, нит Камбиасо. Имавме деца. Но децата како Оби остаија срце на терен, Милан победи со 1-0 и со само 1 удар кон гол, и тоа од ПЕНАЛ. Не, не ми кажувајте дека сме играле со играч повеќе, тоа беше црвен за Пандев пред се, тоа што го намести тој идиот е друго, и овој натпревар имаше чист пенал за Милан, можеше да биде 2-0 уште у 20 минута. Не дека Бенитез беше тренериште, не ми е тоа муабетот, муабетот ми е дека играчиве мораа да добијат конуренција, ама не, немало потреба.

Кое дерби го добивме? Изгубивме од Милан, Јувентус, Удинезе, на сите посериозни тестови паднавме, ко на колоквиум кога паѓаш со 0 бодови а сите други положиле. Не е до професорот, до тебе е нешто. Ма и какви посериозни тестови, од кога овој скапан тим на Милан со Фламини, Гатузо и Боатенг е сериозен тест. Неспоредливо е со тоа што беше Милан пред неколку години со Пирло, Кака, Шевченко, Инзаги, тој Гатузо итн... Или пак Јувентус, тоа па не е за спомнување, не очекував многу од тој натпревар, ај, нерешено беше реален исход без Милито.

Проблемот е во управата, ќе речете да не беше Бенитез први ќе бевме, и што? Ќе бевме едвај, и тоа пак при никаква конуренција, кикснаа Морати и Бранка, еден играч мораше да се донесе, или кога веќе не се носеше нека им се дадеше можност на младите играчи. Кутињо, он можеби бил добар пред 2-3 години, но не пораснал, нема чекор, таков мал играч нема да успее никогаш, нема чекор, нема снага, со 18 години Руни и Пато растураа, Балотели си го играше курот со одбраната на Јуве, а го курчеше и Тоти. Овој? Овој е талент, ниту прв, ниту последен. Не се давале туку така пари, епа луѓе, He who dares, wins, he who dares.

Морав некаде да си се олеснам, тоа е тоа што имав да кажам, некои ќе се согласат, некои нема. Секој со своето размислување. Се глеаме у вторник на собиранката :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.060
Sekako e podarena.
Nikoj ne moze da garantira deka Juve nemase da bide sampion ako ne gi namestel natprevarite....nema garancija za toa.
Дефинирај подарено ...
Ако ти оправдуваш таков начин на функционирање тогаш боље не дискутирај на оваа тема, бесцелно е, ако оправдуваш заобиколување на правила и сугестии од УЕФА ( незнам тука што не е јасно ) ондак џабе тераш на ваков муабет тука, очигледно различни перцепции имаш ти со останативе тука.

Подарени титули у фудбал немало и ќе нема, ако одиме по твоиве логики, и на Вардар титулата у бивша СФРЈ била подарена, нема везе што другиве местеле натпревари ...

--- надополнето ---

Иначе пред два или три дена Гвардиола потврди дека по завршувањето на договорот(мислам 2012 беше) си оди од Барселона бидејќи се заситил од играчите, а и они од него.
Он сигурно заминува од Барса, само прашање е неговата следна дестинација, не викам дека у Интер 1000% ќе иде, али постои веројатност тоа да се деси ко и со Мурињо што бидна.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.830
Podareno=dobivanje poklon...gratis.
Kako sto rekov, nikoj ne moze da garantira deka Juve nemase da bide prv ako ne mestel, nikoj ne moze da garantira deka Inter ke ja osvoel titulata ako Juve ne mestel. Najrealno ke bese da se ponistese taa titula.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.060
Podareno=dobivanje poklon...gratis.
Kako sto rekov, nikoj ne moze da garantira deka Juve nemase da bide prv ako ne mestel, nikoj ne moze da garantira deka Inter ke ja osvoel titulata ako Juve ne mestel. Najrealno ke bese da se ponistese taa titula.
Најреално и подарено само на кајгана форум ...
Да беше Милан место Интер ист ќе ти беше ставот, ти ми правиш муабет за мали деца, фантазерски, да беше да не беше, ова ко да кажеш, најреално ќе беше вчера Киву да добиеше жолт картон за да не се усере дербито, е вака ти звучи муабетот, епа јебига, у тој свет таму, правила не се заобиколуваат, дал Интер, дал Лацио, дал Рома, сеедно, таа титула мораше некој да ја добие, тоа го налагаат регулативите ...

А за муабетот, што би било кога би било, незнам, може Јуве 10то место ќе беа, од кај знаеш, никад не би знаел каква би била ситуацијата доколку не си делигираа самите на себе судии, нешто што НЕ СМЕЕ во ниту едно фудбалско првенство да се случува. Такво нешто да се обиде некој да направи во Лига на Шампиони, бетер од Победа ќе биде казнет, Европа нема да ја видат 10 години.
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.830
Ne me sfakas ili ne sakas da me sfatis?
Sekako e minato.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.060
Ne me sfakas ili ne sakas da me sfatis?
Sekako e minato.
Нема што да те сватам тука кога кажуваш нешто што нема апсолутно никаква логика , ти реков, според твојата логика, и Вардар освоил првенство во СФРЈ со подарена титула иако играл во наместено првенство.
Ти сакаш да се заобиколуваат регулативите, сакаш некој да мести и истата таа сезона да нема првак, ваква логика само на форум у виртуелен свет може да егзистира, се знае дека ако некој игра валкано му се одземаат бодови и оној позади него добива предност, така е во секој спорт, не само во фудбалот, ене и у формула имаш такви работи, и во баскет и ред други спортови ...
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Јас сум задоволен од Лео сезонава, од каде ја зеде екипата и каде сме моментално, навистина е чудо, не е којзнае колку ГОЛЕМО чудо, него онака... Затоа што и така ние имавме -2 натпревари, од кои не освоивме можни 6 него помалку. Чудо големо е тоа што Рафа му го напрае на овој тим, така да Грешко може многу мирно да спие сега, има поголем грешник од него во овој тим.

Ако ни ги гледате играчите, не знам за вас ама играч who can make the difference освен Ето, никој друг не гледам како сериозен кандидат, додади тука дека Ето на 2 натпревари каде што ни е најпотребен, и каде што доаѓа до 100% шанси, какви грешки прави, екипава ни плаче за трансфери.

40 милиони за Снајдер, се многу пари, реално за него 22/23 се таман, ама ако се толку будали од Ман Утд да дадат толку пари за него, јас како што реков лично ке го носам до Манчестер. Каде што знаејки каков фудбал се игра, може да се прости од фудбалот после првата полу сезона.

За пеналот нема што да се дискутира, убаво вели Син, се гледаше и по ’’реакцијата’’ на нашите играчи а и на самиот Киву. Исто така, да не играа против Интер, и да имаше идентична ситуација како таа со Маикон, ке се свиреше пенал одма, ама тоа е тоа, поголемите екипи секогаш имале предност за вакви ситуации.

Друго не знам што да речам, освен тоа истото веке неколку пати што го повторувам, дека ни требаат 4/5 нови стартери во тимот, не резерви.

--- надополнето ---

Сеедно е, ќе речете Бенитез изгубил во дербито со Милан, не го памтам составот, но го имавме Оби во првиот тим, игравме со Кордоба како лев бек, хејтавте тогаш дека Бенитез бил аматер и немал поим, потоа интерашот Матераци што бил пред заминување во Милан играше и направи тоа што направи. Игравме со повреден Милито, слично ко вчера што беше со него, мада не е до него. Го немавме Мота, го немавме Пацини, нит Камбиасо. Имавме деца. Но децата како Оби остаија срце на терен, Милан победи со 1-0 и со само 1 удар кон гол, и тоа од ПЕНАЛ. Не, не ми кажувајте дека сме играле со играч повеќе, тоа беше црвен за Пандев пред се, тоа што го намести тој идиот е друго, и овој натпревар имаше чист пенал за Милан, можеше да биде 2-0 уште у 20 минута. Не дека Бенитез беше тренериште, не ми е тоа муабетот, муабетот ми е дека играчиве мораа да добијат конуренција, ама не, немало потреба.
Освен Мота, овие другиве не знам дали да ги сметам за засилување или не, и ти го мислиш тоа, знам. И убаво спомуваш подолу за годините на Пато и Руни, истото важи и за децава наши.

За другото тука сме, освен за Бенчо. Му спомуваш само еден пораз кој бил со помалку голови негатива за разлика од овој вчера. Спомнувај све другпат. :)

И само ова за Кутињно, значи секогаш кога ке влезе да игра, сме на негатива, или при крај, и сите тогаш чекаме да ја земе топката да издрибла 10 играчи и да даде гол. Така не се станува играч. Пато кога се донесе, првиот натпревар целиот тим за него работаше, мислам Милан тепаше 4-2, еден гол мислам даде Пато, ама имаше над 4 100% шанси, шанси кои му ги местеа сите соиграчи, сите до еден за него трчаа, нешто слично и на крајот пред 2 сезони сите за Ибра што трчаа.

Руни како Руни има дарба за посилно тело, ништо повеке немаше тој од Кутињо на 18.

Кутињо е 18 и 80% од случаите играл на за него неприродна позиција - крило, сите играчи кога ке играат на свои не природни позиции се губат, сите. Не па овој.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Апсолутно се сложувам со целовкупниот пост на Бенамата..толку!
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Гвардиола за тренер? не или Мурињо ако се врати или Лео нека си остане,што ви е крив Лео незнам... од 7 место дојде на 2 со Интер... пресврт со Баерн и пласман понатаму,вчера за поразот се знае кој е крив играчите,Лео излезе со таква формација како што сите ние посакувавме,сакате да го тури Матераци штопер? Кордоба штопер? кој ни е крив коа Пацини промашува чиста гол шанса а за Ето па да не збориме катастрофа,пишав дека треба да се средат некој работи во тимот за другата година,треба освежување треба брзина во играта,а не дедовци ги пуштиле тоа газовите неможат да потрчаат еден метар,подобро што не сум ја гледал вчера,ке останев без телевизор !
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.935
Поени од реакции
45.060
Што е сменето од времето на Бенитез? Ништо.
Сериозно ова ? Што е сменето ? Хмм, лет ми си, прво, Милан игра со истото темпо на победи и порази, второ, Интер во времето на Бенитез не беше дел од четирите најдобри екипи во првенството, пред него беа Јуве, Лацио, Наполи и остали просечни екипи, имаа исто бодови со Палермо на 7мото место и беа исфрлени од битката за Скудетото.
Е тоа е сменето од ерата на Бентиез и сега, Интер влезе повторно у битка за титула, ГО НЕМА ПРОБЛЕМОТ СО ПОВРЕДЕНИ ИГРАЧИ ко у времето на дебелиот кога 11 играчи му беа повредени ( и тоа Лео играше во презгуснат распоред ), ги елиминираше Баерн Минхен од Лигата на Шампионите ( со дебелиот против Баерн ќе играа со играчи кои не сме ни знаеле дека постојат у тимов ради повредите ), атмосферата у тимот е на завидно ниво, т.е. на она посакувано, за разлика од ерата на Бенитез кој имаше 3 последователни победи у Септември ( прва и последна серија на победи со него, да, последна во Септември ) Интер со Лео имаа во ТРИ наврати серија на победи, првата траеше 4 натпревари, втората 3 и третата 4 ...

Па пред да дојде Лео и да ја направи најдолгата серија на победи сезонава знаете каква серија имаа Интер ? Пораз, Победа, Пораз, Пораз, Нерешено, Нерешено, Победа, Нерешено, Победа, Нерешено, Пораз и тн и тн, тоа се последните 11 исходи со Рафа, 11 натпревари каде се извојувани само 3 победи, Лео 4 од 4 веднаш направи по превземањето на тимот, тоа се 4 победи кои се најдолга низа сезонава и тоа е една победа повеќе од Рафа со Интер у последните 11 натпревари на тимот ...

Дап, како што гледате, ' ништо ' не е сменето, ја убаво реков уште кога се дискутираше тука за катастрофата наречена Рафа, ќе дојде денот кога ќе сватите колку всушност Рафа бил лош и колку всушност он вадел од потенцијалот на екипата ( читај, 5 % ), човек со искуство од нецели две години докажа дека тимот може МНОГУ повеќе од она у првиот дел од сезоната.

Да цртам ли уште што е сменето од ерата на Рафа ? Тоа дека ништо не е сменето е невистинито, врска си нема со реалноста карактеристична за овој тим сезонава.

И тоа пазете, ова го направи Леонардо, човек кој имаше нецела недела откако дојде во тимот да се запознае со тимот и да го подготви за наредните предизвици, засилувањата му дојдоа покасно, првите мечеви ги играше со истиот тим на Рафа но без Милито, Самуел, Цезар а мислам и Дејо се повреди еден период у пакет со Мота.
Да, Леонардо кој има искуство ко тренер од нецели 2 години, па можете само да претпоставите што ќе се случуваше со Мурињо тука или некој друг искусен и добар тренер и тоа у период кога имаше простор од 2 месеци за подготовки за сезоната што следи, па и Лео тука ќе го ставам, со цело едно лето пред него и овој моментален тим.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Дај бе не пишувајте глупости демек ништо не е сменето од времето на Бенитез.

Јес да и треба на Леонардо уште време, али ако ништо друго, доволно е што и ја врати насмевката на тимот, дали само памтите какво беше расположението кога беше Бенитез, па тој човек е фејл од тренер. Леонардо ова сезона и да не освои ништо(најверејатно :P ), мислам дека заслужува уште една сезона. Само помислете да беше од почетокот на сезоната на клупата на интер, кој знае можеби сега ке славевме титула, со изгубен дерби :P .
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Како ни се накитил Tallashassee :pos:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.745
Поени од реакции
6.471
Кога ја гледам табелава се чудам како може толку многу примени голови да имаме,дури 7 екипи Милан,Наполи,Удинезе,Лацио,Фирентина,Џенова,Киево и Самдорија имаат помалце примени од нас! Ај разбирам за првите 3-4 екипи,али овие Џенова,Киево и Самдорија е срамота да имаат подобра одбрана од нас! Ако добро памтам до Бенитез имавме најдобра одбрана и најслаб напад,сега е обратна ситацијата со Лео! Не ми се верува дека до толку Самуел е значаен за екипата,мора да се поработи малце во одбраната!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom