- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.326
- Поени од реакции
- 15.581
Ни еден тим во италија со 22-23 годишни играчи нема да освои првенство, без разлика дали Мурињо-Гвардиола-Раниери-џкалкдјас е тренер на екипата. Ова колку да ти доловам колку е полесно да освоиш во Германија титула отколку во Италија, каде екипа со Арнаутовиќ може да биде шампион, или пак со Ибишевиќ.Веруј ми, не е посмешна од италијанската, со квалитетот на исто ниво се моментално, страшни германски таленти извадија, глеј им ја и репрезентацијата и спореди ја со италијанската.
Е сеа проблемот кај нив е што од година во година има голема разлика во квалитетот на одредени тимови, таму може во една сезона 1 тим да се бори за титула до последно коло а наредна за опстанок, такви драстични разлики имаше кај Шалке, Вердер, Штутгарт и ред други.
У секој случај за Клоп конкретно, за мене, он е еден од најнадежните тренери моментално, пред Боаш без размислување го ставам а и феномеално работи со младите фудбалери и има супер сенс за неекспонирани млади играчи, нешто што и те како фали во Интер со години и години а се обидуваат да имплементираат таква политика и слабо им иде, не е случајно што се шпекулира и за техничкиот директор на Аталанта кој на времето одлично работеше во Удинезе и Наполи, он ги доведе Хамшик и Лавеци. Останатите тренери ич не ми се свиѓаат од тоа првенство, Лев го неам видено како се носи со клуб, али Клоп очекувам во иднина да вади супер резултати и со голем тим, претпоставувам Баерн Минхен или евентуално некоја екипа од англискиве.
Клоп можда може да се носи во Германија, во ЛШ како шампион на Германија испадна, додека Наполи како четвртопласирана екипа во Италија и во група со Баерн Минхен и Манчестер Сити отиде во следно коло.
Моментално неам против ниеден тренер да дојде, па и Гасперини и Леонардо, толку ми е сеедно...