Ваљда сакал да каже дека Снајдер дур беше Мур тука стандард се враќаше назад кога противникот имаше посед на топка, т.е. тогаш формацијата од 4231 при одбрана беше 4-5-1, 9 играчи на своја половина имаа Интер но тоа што беше перфектно кај Мурињо е моментот на трансформација од одбрана во напад, само Милито беше поштеден од константно помагање во одбраната.
Со Рафа тактиката е иста но филозофијата не, мислам дека само со Рома изиграа Мур-меч кога Ето пак делуваше ко бек, после тоа распад систем у пм.
Не, не, сакаше да каже кога напаѓаме Снајдер е пред нивниот шеснаесетник и немало кој да дели топки што воопшто не е точно.
Снајдер сиротиот се враќа до Лусио да земе топка зашто Камби,Оби,Марига и компанија никој не може да повлече топка во средина...
Знаеш како изгледа формацијата во натпреварите кога имаме посед на топка?
Кордоба/Сантон - Лусио - Кордоба/Самуел - Киву
Снајдер
Оби/Марига - Камби/Занети
-------------------------------------------------------
-----------------------IIIIIIIIIIIIIII-----------------------
--------------------------------------------------------
Биабиани -------------------------------- Пандев/Ето
---------------------Милито/Ето--------------------
Ете кај се враќа Снајдер да повлече топка а би требало да биде кај тоа IIIIIIIIIII.....
Потребен ни е играч во средина кој што знае да додаде(не пас на 2 метри) и загради топка. Но, најмногу ни е потребен играч како Кварезма кој кога ќе дојде во шеснаесетник ќе знае да помине, нешто што сега само Ето го прави во Интер.
Тактиката и замислата на Рафа е добра, но потребни се барем двајца играчи за да функционира одлично. И кога се напаѓа, нормално е да противниците идат на контри, и тоа што одбраната е извлечена на центар не е ништо лошо, и Барса играат така цело време.
Кога сме кај Барса, против Алмериа, Максвел ми се чини си повлече топка и сам стигна скоро до шеснаесетникот од Алмериа без притоа никој да го нападне, додека Киву и Сантон ги блокираат уште на средина од теренот, интересно...