Со овој тренер и оваа мотивација ??? Не биди озбилен ;]...овоа ќе биди наше за 1 месец и останува Рафа на клупата на Интер
Ох ох одвај чекам Интер да играт во овој купот, после то како ќе му се згусни распоредот ќе биди жално за гледање....овоа ќе биди наше за 1 месец и останува Рафа на клупата на Интер
Одличeн пост брат,браво,само сакам да искементирам нешто,наместо Вучинич би можеле да го лапнеме Суарез од Ајакс,ке го чини Морати негде околу 30м стварно се работи за добар напагач и мислам дека ке му одговара играта во Италија.Санчез одличен играч и ни фали брзина од страните,не да го гледам Пандев по таа лева страна неможе да оди,а камо ли па да трча,за средината би сакал да се земе Монтоливо, али тоа тешко дека Морати ке фрли за него кеш,и уште нешто Мислам дека е Редно и Занети да отстапи место,и во средината и како лев бек,како бек ми се свига левиот бек на Палермо Балзарети мислам дека беше,го пратам и одлично ја држи таа лева страна,али ајде да почекаме да видиме чичко Морати што ке каже .Ова се мои планови за How do Inter rebuild,поточно "фудбал менаџер муабети",како што ги викате )Ето,Милито,Пандев,Биабиани,Кутињо...
Уште од сеа кажувам па сакајте читајте,сакајте не читајте..
У Јануари мора да зееме нешто од напад,не иде вака..
Од овие 5(4 пропалици),ние треба да играме со тројца (Ето,Милито и Пандев/Кутињо) а на клупа да останат двајца (Биабиани и Кутињо/Пандев).
Двајца од првиот состав се дудуци и кога нема да ни тргне,нели треба да направиме измена?
Биабиани и Кутињо/Пандев - што можат да сменат у играта овие пропалици? НИШТО.
Затоа фино лепо у Јануари да го продадат Биабиани и да се купат Вучинич(резервата на Рома,сто посто ќе си иде у Јануари) - 20м да речеме и Санчез(резервата на Удинезе,сто посто ќе си иде у Јануари) - 15м да речеме.За Санчез можеме да им го дадеме и Биабиани на Удинезе,ако сакаат,ако не да го продадеме за барем 5м.
Ќе мора да фрли Морати околу 30м,што да прави,летоско ич не даде ама сеа мора,ако сака да не рамниме со Чезена и Бари по постигнати голови...
Значи нападот - лево Ето а централно Вучинич и обратно(и двајцата можат да играат и таму и таму,ќе се ротираат,тоа е добро) а десно Санчез.Резерви - Пандев,Милито и Кутињо(овој резерва и за крилата и за Снајдер)
За средината не се жалам,кога ќе си отиде крофната и кога сите ќе се вратат од повреди и hopefully,нема толку да се повредуваат,ОК е средината.
Снајдер и Камбиасо се сигурни,другото место ќе пополнуваат Мота(кога/ако биде фит),Станкович(не е лош у последно време) и Марига у креан случај.
За Камби што излегуваат муабети дека не чинел у последно време,без врска,што да кажам.Не знаел пас да даде.. Па кога знаел? Е сеа што крофната сака да го направи Чаби Алонсо со сила,тоа е друга работа.А како си ја врши неговата работа,у дефанзива,ја сум сеуште задоволен од него.Плус и со новиот тренер (сигурно ќе биде некој што ќе се фокусира и на дефанзива,не како крофнава,одбранава ни е..),би требало да престанеме со high defence и Камби ќе се врати поназад,ќе си тера како разбивач,нема да изиграва Алонсо.
Додека ги пишував составите подоле,видов дека ни средината не е ОК.Ако Мота биде повреден(веројатноста е голема),Деки ќе игра прв тим а резерва ќе ни остане само Марига,ако не е повреден.Мунтари не го планирам,го продаваме.
Значи да додадеме - 10м Инлер
Е сеа за одбраната,тука мора да се купи Ранокиа.
Да речеме дека прв тим ќе ни бидат Маикон,Лусио,Киву и Занети.Не знаеме дали Киву уште е добар како централен,одамна не играл,освен 2-3 нат. годишно со Романија.
Сигурно ќе се плаши често да влага у дуели и да скока,да ни си ја дупне главата пак. Ама ОК,да речеме дека е добар како централен.
Кои ќе ни бидат резерви,Матераци,Кордоба и Сантон? Двајца старци и едно дете? Што праиме ако двајца од одбраната се повредат? Сме го наебале..
Затоа фино лепо ќе го донесеме Ранокиа,да му биде партнер на Лусио.Покрај тоа што првиот тим од одбраната ќе ни биде rock,ќе иаме и одлична клупа,Киву и за централно и за лево,Сантон за десно или лево.Старците полека полека треба да ги избегаваме.
За Ранокиа би ни требале околу 10м ама у Јануари би требало да го продадеме Мунтарот за тие пари...
^ Ова нема врска со Бенитез,и да дојде Бенитез,пак би требало да ги иаме истите проблеми зашо стварно ни фалат неколку играчи,ни треба squad depth.
Ама тонеме,Морати сигурно ќе се освести и ќе купи нешто.
Плус,да земеме тренер што ќе се фокусира на одбрана,средина и напад И на резултатите а не како крофната,ќе играл убав фудбал за око...
Таков тренер? Дунга на пример.
Еден плус - имаме доста бразилци у тим,би требало одлично да се разбира со Цезар,Маикон,Лусио,Кутињо..
In - тренер,Вучинич(20м),Санчез(15м),Инлер(10м),
Ранокиа(10м)
Out - крофна,Мунтари(10м),Биабиани(5м)
Значи Морати ќе треба да фрли околу 40м..
Како би изгледал тимот -
- Cesar -
- Maicon - Lucio - Ranocchia - Zanetti -
- Cambiasso - Motta/Deki/Inler -
- Sneijder -
- Sanchez - Vucinic - Eto -
(- Sanchez - Eto - Vucinic -)
Subs
Одбрана - Киву,Сантон,Кордоба,Матераци
Средина - Деки/Инлер/Мота*,Марига,Кутињо
Напад - Милито,Пандев,Кутињо
* Двајца од нив на клупа или еден,ако рачунаме дека Мота е повреден
Суарез не можеме да го земеме во Јануари,нема ЕУ пасош.А и да имаше,јас не се согласувам да се даде 30м за него.И Хунтелар газеше во Ајакс,само тоа ќе кажам...Одлично пост брат,браво,само сакам да искементирам нешто,наместо Вучинич би можеле да го лапнеме Суарез од Ајакс,ке го чини Морати негде околу 30м стварно се работи за добар напагач и мислам дека ке му одговара играта во Италија.Санчез одличен играч и ни фали брзина од страните,не да го гледам Пандев по таа лева страна неможе да оди,а камо ли па да трча,за средината би сакал да се земе Монтоливо, али тоа тешко дека Морати ке фрли за него кеш,и уште нешто Мислам дека е Редно и Занети да отстапи место,и во средината и како лев бек,како бек ми се свига левиот бек на Палермо Балзарети мислам дека беше,го пратам и одлично ја држи таа лева страна,али ајде да почекаме да видиме чичко Морати што ке каже .
Мислам дека убаво објаснав зошто неможиме да победуваме..со таа средина што ти ја потенцирав гледаме лош Снајдер,без Мајкон немаме визија во нападот,и сосе тоа собрано Пандев и Милито се автоматски лоши бидејќи овие двајца зависат од тимот..и неможиме да створиме една посериозна шанса освен Ето ако се здиви да му влези насила внатре во шеснаесетникот и сам да ја заврши акцијата..со ваквиа игра и Тетекс да дојди да ни се затвори тешко дека ќе дадеме гол а не Италјанска екипа од понизок ранг која е мотивирана до маскимум да се докажи против шампионот и секако скоро сите имаа помлади и побрзи играчи во средината од нас...и Милан е во нешто слична ситуација ама тие го имаат Ибрахимович што е голема предност за нив....!морам да ти реплицирам за средината, сигурно не е на нивото од лани, сигурно има барем 5 клубови со појака средина од нас ... али каква-таква БИ ТРЕБАЛО да ги меле Бреша, Киево, Болоња ...
Ти оставив некои празни места во постот за да знам до кај сум со читањето,тешко е да се прочита постов а да не се изгубиш у читање,се надевам не се љутиш.. )Сликата кај нас е многу пожална отколку што си мислиме самите..како прво Морати нема да го избрка Бенитез до јануари(освен ако изгубиме уште два пати со ред во првенството што е тешко изводливо) и нема да фрла астрономски суми само за да ги донеси на полу сезона Санчез и Вучинич(овој играше веќе во ЛШ) кога ништо нема да гарантираат ако остани дебелиот за тренер
...видете вака колку што е виновен дебелиот за резултатите толку е и виновен играчки кадар каде оваа година ни е катастрофа..вклучувајќи ги повредите тогаш и не е некое изненадување овие лоши резултати што ни се случуваат во последно..гледајте вака Мота ни е подолго време повреден и во средина мора да играме со старите и истрошените играчи како Занети,Станкович,Камбиасо кои немаат ни К од креативност тројцата заедно и неможат 8 км да истрчаат на натпревар и на секое се претрчувани од помладите колеги од спротивниот табор и тука нон стоп ја губиме битката на средината и мора снајдер да се враќа назад да помага а напред Ето останува сам на 6 души....
замислете на тие клучни позиции реал ги има чаби и кедира ,барселона чави и бускетс,манчестер ги има флечер и карик/сколс,за арсенал не правам муабет бидејќи имаат класа подобри играчи од нас во тој дел од теренот,па дури и виола има подобри играчи од тој дел на тренот од нас,тотенхем,шалке,баерн има уште 5 минимум клубови низ европа што имаат подобра средина од нас и не знам како очекувате со такви истрошени играчи да победуваме против цврсти екипи како што се во италија и желни за докажување(мотивирани максимум)...тој дел е проблем кај иргачкиот кадар,не е до толку нападот бидејќи ако профукционира средината ќе функционира нападот...вака ни средина ни напад а и отсуството на Мајкон ја отежнува работата..гледајте малце логично на работтите..Мајкон беше катастрофален во одбрана досега..во нападот Мајкон има огромен придонес и ако заприметите ако не е тој во составот се мачиме да направиме шанса(уште немаме победа без него) и снајдер е прочитан однапред на кој ќе му ја додава топката од противничките поединци....лоша и бавна средина(занети,станкович,камбиасо)=лош и непродуктивен снајдер во напад+отсуството на Мајкон+отсуството на Мота=Лоши Пандев и Милито+(не)карактерот на Бенитез=Катасторфален и немоќен Интер..........
одбраната и не е некој проблем ако нападот постигнува голови..иако страшно ни ендостасува најдобриот и најстабилниот одбранбен играч според мене Самуел....то е то дечки според мене оваа сезона е пропадната и тимот не атакува на титула туку само на 3 место колку за да обезбедиме пласман во ЛШ(без разлика дали ќе победуваат во остатокот на сезоната).....а за светското клубско првенство ќе ни треба чудо за да го освоиме покрај овие околности...