И за крај... колку пати до сега не спасил Цезар? Оваа сезона и претходната???
Kaжи де колку не вадел оваа сезона ? Се кладам дека повеќе од 2-3 утакмици не можеш да наброиш.
Тогаш зашто жити све плукаме по Грешко уназад 10 години ?
Одговорот е многу јасен, во ситуација кога тимот треба да биде перфектен, он игра ко играч од регионална лига во Узбекистан, значи самото тоа што он на времето не '' вадел '' по автоматизам според вас има кредит за трошење во мечеви каде се одлучува титулата.
Милито не направи грешки во тие ситуации, него немаше среќа, статива гаѓаше, тоа не е окарактеризирано ко кардинална и аматерска грешка, додека Цезар во ситуација кога тимот му се изборуе за пресврт со Фиорентина праи пацерска грешка и му трга 2 бода на Интер од бодовно салдо.
Остај ја ти изјавата на Бранка, да не очекуваш во овој дел од сезона да излезе и да каже да, Цезар згреши и да се нарушуе атмосферата во тимот.
Бидете малце реални, сезонава Цезар ја игра просечно, да не кажам лошо, и е светлосни години далеку од оној Цезар од минатите сезони.
Еве, ќе ти ги набројам дел од неговите грешки за оваа сезона на кои во моментов ми текна.
1. Со Катанија дома води тимот 2-0 и е пред лесна победа, него у 88ма му паѓа топка од рака и прави пенал, Катанија даваат гол и на крај напаѓаат за израмнување.
2. Првиот меч со Јуве, кумува и за двата гола, и во двете ситуции реагираше лошо, немаше портал што не го оцени со мала оцена за тој меч.
3. Прв меч од осмина финале со Челзи, од круцијално значење за екипата, он прима смешен гол кој значеше и израмнување на резултат и примен гол на домашен терен во ЛШ у прв натпревар. Остајте сообраќајката за таа ситуација, Стиви Вондер ке го одбранеше тоа.
4. Директен меч за титула со Рома, тој подарува водство на Рома, буквално, го подари, и го става тимот во ситуација да брка негатива, да не зборам колку тој примен гол се одрази дестуктивно врз целата игра, не мрднаа Интер у прво, освен шо имаа статива по корнер (читај, мртва игра).
5. Фиорентина, меч кој со евентуален порази или нерешено значи и губење на првото место во случај Рома да ги победи Болоња. Тимот му губи 1-0, се изборуваат за пресврт кој беше претешко заработен, тој по само 2 мин крати 2 бода а со тоа и го симнува Интер од врвот.
Да не споменуем дека во истиов меч му испадна и топката од раце по што голот беше празен, среќа Јоветич беше неспретен и не ја искористи оваа огромна грешка на Цезар.
И сеа, ке ми дое некое дете ( не алудирам на тебе ) и ке ми каже, абе на времето колку не вадел ... :tv:
Е колку де ?! У споредба на посраните негови утакмици и удел во изгубените бодови во најклучниот дел од сезоната, повторувам, најклучниот, кога нема назад и кога шансите за поправен се убер минимални, дури и смешно е некој да каже, битно на времето не вадел и аналогно на тоа, не треба да се критикува на ваков начин.
п.с. Ако некаде може Рома да изгуби бодови, тоа е гостувањето со Парма, ја друг меч каде има голема шанса да ремизираат или изгубат не гледам, иако мн јасно, се надевам дека уште од наредно коло ке кикснат.