A на крај тој Мурињо можи да си остани со празни раце т.е Интер(на Мур му е многу гајле, по се изгледа ќе го напушти клубот на крај на сезона), ама на мене ич не ми е гајле што екипата ја внеси во 1/2 финале или пак што се бори за титулата во Серија А или пак што можеби ќе игра финале во купот на Италија(големата работа), што фајде оти ја внесил во најдобрите 4 во Европа ко многу веројатно е дека нема да игра финале тимот(има минимални шанси против одличната Барса), од човекот се бара титула, а не пласман во 1/2 финале, тој е донесен за тоа, мислам дека и ти си свесен за тоа, ама тераш некој политика која гледам дека не ти е многу реална
Мурињо е донесен да донесе титула во ЛШ до крај на негов договор, односно да создаде подлога која Интер ја немаше во тоа натпреварување, од тргање на онаа психолошка пречка, до носење на нови играчи. Ти што мислиш, толку е едноставно да се освои тоа првенство во рок од неполни 2 години во Интер.
Па еден Ферги само види колку чекаше за трофеј во тоа натпреварување, а до сега ги има 2, а тек денес, кога ке видиш над 6 екипи кои од старт се ставени ко кандидати за највисокото место во ЛШ. за разлика од порано, кога максимумот беше 5 екипи се на се.
Јас уште пред почеток на сезона имав напишано, титула во Серија А и пласман во 4 најдобри е окарактеризирано ко супер сезона, и сеуште стојам на тоа, чекор по чекор и може да се стигне до највисокото место и таму, али период од само 2 години во тим каде се десија 100 претумбации ова е и максимумот, се остало ( финале и титула во ЛШ ) е ко шлаг на торта.
А за Серија А, чекај, има сеуште време и шанси за титулата, условот е да се победи се до крај, Рома гарант ке направи кикс, дал нерешено или пораз сеедно.
Интер ги има потребните услови за 5 од 5 до крај, за жал, паднаа на најкритичната пречка вчера поради голманска грешка, али до крај убеден сум дека ке победат Се што ке им се најде на пат во Серија А, а и ко што гледаш, друг избор и немаат.
Кога ке видиш, евентуална титула во Серија А, и пласман во 4 најдобри ( ако идеме по твој став дека ке бидат елиминирани од Барса ) е една од најдобрите сезони на Интер во последниве 10-15 години, плус ако се земе и титулата во Купот, убер најдобра сезона у задњи 20 години.
Сега друга работа.. Абе јас коа викав дека Цезар не е за тим од калибарот на Интер бев најголемиот предавник.. Сега гледам таму наназад со твоиве постови се согласуваат децава на форумов.. Бре што значи да си модератор.. :smir:
Не се согласуваат, тоа е најтрагично, него одат на оноа, на времето не вадел со супер интервенции ( нема везе што е голман и што тоа му е и единствената работа во тимот ). :tv:
А кога ке им се постави прашњаето, најдете класа голман кој во една сезона во 3 наврати направил кардинални грешки во клучните мечеви за својот тим молчат ...
Шо е најтрагично, во рок од само 3 кола он прави 2 кардинални грешки, плус, вчера испушти топка од раце но за негова среќа мислам Јоветич беше тој кој изреагира неспретно во ситуација кога немаше никој на гол.
Среќа за Цезар ( а лошо за Интер ) е што на клупа Интер ги има Орландони и Толдо, иначе да имаа некој млад и перспективен голман на клупа ке го снајдеше истата судбина што го снајде и Дони во Рома.