Морам да кажам дека се сложувам наполно со Ибракадабра....
Играта на Меси се состои во движење по десната страна, и нагла промена на лева страна и местење на шут со лева нога... тоа и дете од 12 години го разбира...
Меси давал голови? Дава против кои голмани?
Што не даде некој таков гол против Cech, Cesar или Van der Sar???
Или ги начекал Штутгард(последна утакмица што ја гледав), даде 2 гола на истиот начин што го објаснив, од кој вториот гол од 18 метри и топката му помина на 20 сантими од неголманот од Леман.....
И ќорава кокошка ќе се уклопи во тој тим на Барса и ќе постигнува голови....
Секоја почит за Меси, дечкото игра премногу добро но уште поголема среќа има тоа што игра во тим како Барселона...
Незнам со које право го оспорувате Лионел Меси кој важи за еден од петте најдобри фудбалери во историјата на фудбалската игра. Срамота е да речете дека слаби биле голманите или одбраните на екипите, се надевам дека нема да ми замерете на мојов пост, посебно beneamata кој пишува интересни постови на сајтот од Интер. Потрошивте неколку страници за да го оспорувате Меси, кој заедно со Роналдо, Зенедин Зидан, Марадона, Пеле можеме да ги вбројиме во ТОП ПЕТ фудбалери кој се родиле на планетава.
Барселона со и без Лионел Меси не е исто, впрочем откупната клаузула за Меси изнесува 900 милиони евра ( ако неверувате проверите ). Денеска за околу 100 милиони евра секој играч вие достапен, а Меси сигурно не.
Не е ни фер еден фан на фудбалската игра да ги отпишува Арсенал или ЦСКА Москва во натпреварите од 1/4 финалето, имало доста пати кога многу силни екипи кој беа поквалитетни на изгубиле во двомеч со далеку послаби екипи, таков најсвеж пример беше Реал Мадрид - Лион.
Секогаш кога неутрално ги гледам натпреварите сум на страната на послабиот противник, но незначи дека ако инцидентно една супер екипа отпадне од некоја послаба дека таа екипа е за никаде, кој здрав и разумен човек би рекол дека Реал Мадрид или Челзи се слаби екипи, иако отпаднаа во 1/8 финалето.
Респект до сите фанови на фудбалската игра.
Знам дека на форумов пишуваат и деца од 12-13 годишна возраст, па најчесто нивните постови се многу пристрасни и најчесто прогнозират пред да изигра нивниот омилен клуб резултат од 5:0, 6:0, а после натпреварот ќе почнаат да пцујаат или секое мислење да го оценуваат како провокација.
На моменти размислувам дали вреди да се троши време за пишување на постови каде што ги читат голем број деца плачковци. Но, сепак се најдува и по некој фан кој многу реално ги гледа случувањата во фудбалската игра, а такви ги има во сите фан клубови на форумов, но има и голем број дечиња кој после некој неуспек на неговиот омилен клуб да пишуваат навредливи термини, а нај лошото е што има дечиња и како модератори.
Овој пост е мој 1005 во фан клубот Интер вклучуваќи ги сите три теми:
Прва тема : 675 постови (затворена)
Втора тема: 207 постови (затворена)
Трета тема: 123 постови ( се уште не е затворена )
Во многу прилики од постовите сум давал негативни критики на сметка на играчи, тренери, управа, а кога требало и позитивни критики. Но во ниту еден мој пост несум напишал дека Панатинаикос, Анартозис, Ливорно, Катанија дека ќе ги тепаме 5:0, 6:0...тоа е несериозно од еден фан на фудбалската игра, доста од постовите на некој фанови беа претерано оптимистички, па често пати после ждрепките ќе прочитав пост дека Интер ќе ги победел грците ( Панатинаикос, Анартозис ) со по 6:0, а на крај после натпреварот таквиот смел прогнозер да им се љути на фановите од другите екипи и недолично да пишува против нив, тоа е многу несериозно и безобразно кога сам си ја местиш да те реметат или да те земат како потсмев.
И за крај пред двомечот помеѓу Интер - Челзи бев убеден дека предноста е на страната на Челзи кој ги сметав како благ фаворит, но за моја и ваша среќа испадна да оди понатаму екипата која покажа кој јасакал повеќе победата. За 1/4 финалето ние ја добивме улогата на апсолутни фаворити, но незначи дека треба да се гледаме во 1/2 финале, треба да завршат двата натпревари и тогаш ќе го добиеме одговорот кој е полуфиналистот.
Сите фанови, кои се почувствувале навредени од моите постови искрајно им се извинувам.