Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Ја не знам што се замарате кога ваша е титулата...:tapp:
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Иначе, искрено, и јас многу повеќе очекував од ЕТО.
Искрено да ти кажам.. Не да го мразам Ето.. Не да провоцирам заради Ибра.. Али не очекував ништо од него... Напротив.. токму ова што го прикажува.. Како некоја изгубена полутка напред.. Без топки во празно и шанси за реализација.. Онаму каде Ето е најдобар.. Не е крив Ето.. Крива е средината на Интер.. Го очекував токму ова..

П.С. Муабетот ми е.. Ето не е искористен најмногу онаму каде е најдобар.. Во завршницата..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Половина среќен

Јас ич не сум среќен, 3к отидоа! :tapp:
Не си требало толку да ја форсираш, имаше секакви компликации за денес. Јас ја чекав како последна на ливче ама кога видов дека нема да ја биде некаде 70-75 минута ставив Х и барем не сум зијан.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ова за кикс го сметате бе ???:)
Солидна предност пред “конкурентите“ па можеме да си дозволиме мал луксуз...

Милан не тепа во петок против Фиорентина па што сака нека биде...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Кој рече 40 +? Да не сонуваш нешто?
Јас реков некои рекоа 50 + голови.. Не што бил муабетот.. Ако сакаш ќе ти го најдам постот незнам чиј беше.. Дека ќе има 50 тина голови..
А што ме интересира каде бил Ето? Тоа го знаеа пред да го купат..
Дали бев во право ќе видиме на крајот.. Што постигна екипата само со Ибра..
И што ќе постигне екипата со Лусио, Мота, Ето, Снајдер па еве и Пандев гратис ти го давам..
Оти успехот се гледа на крајот.. Незнам кај не сум бил во право..
Фудбалот не се игра за повеќе постигнати голови на првенствената табела.. И лани имаа 10 тина бодови предност.. И пред тоа имаа.. Али дека тимот кој наместо еден има 6 нови од кои ти тврдиш 5 мина играат и се вклопени 100 %, тој тим има игра недозволива за него тоа е факт.. Еден натпревар добар.. 2 натпревари тиња.. А првенствената табела е таква бидејќи Милан и Јуве се потиња од лани.. Исто и тоа ти е факт.. Можеби Милан не толку, али Јуве секако..
И како што велиш.. Дај боже да грешам и да ме демантираат..
И кој муабет не памтам искрено 32 голови? Ги сметаш 25 на Ибра и 7 на Балотели? Што не ги сметаш тогаш 25 на Ибра со 5 на Маикон? Нека бидат 30.. :pipi: Нема врска тој муабет.. И мене не ми е муабетот за поединци како што ти одма го фати Ибра за носот..
И дете што почнало да гледа фудбал од лани знае дека до минатата сезона Интер имаа само 1 играч у тим кој се двои од останатите и беше способен да реши меч со 1 потег, сега откако ги добија Милито, Пандев, Ето, Снајдер, работите се многу .... многу поинакви.
И реално, сериозно си сватил некој што рекол дека ке дадат се на се плус 50 голови, па тоа не е возможно во Серија А, макар и тандемот напред е Ибра - Торез или Ибра - Руни или Руни - Торез, факт, незнам што си се фатил за нереална бројка.

Муабетот за таа бројка над 32 е за главниот напад од минатата сезона, нека биде приближно до таа бројка или над од ова дуо и дефакто тоа ке значи дека за Серија А изиграле солидно односно доволно за титулата, сега уз Пандев па и Балотели нормално бројот ке се редуцира но ти реков, она што мене ме интересира е тимот, а истиот до сега, пупу да не заречам, е во супер ситуација гледајќи ја табелата и имајќи го во предвид фактот дека Милан и Рома имаат меѓусебен дуел за неколку кола. :wink:

Не ми е до вакви дискусии, ко сеа пази, ја да ти речам дека Ибра у последно време е многу лош па и Пеп го викал на приватни разговори бла бла, а Барса сеуште незнае за пораз у Шпанија, сеедно ... стварно сеедно што некој не бил у право дека Ибра ке даде 30+ голови во Примера кога тимот му е скоро и перфектен.

А за играта, со 4-3-1-2 системот се супер во последниве неколку натпревари односно од оној со Милан во кој повторно се вратија на тој формат, денес да бидеме реални у прво играше само една екипа и една екипа создаваше шанси, во второ од една страна земи го фактот што заморот си го направи своето ( Парма плус играа меч во Сабота ако не се лажам ) од друга лошиот избор на Мур во одбраната со Кордоба и Матераци, тука они поебаа за корнерот по кој падна и голот, лево беа очајно лоши.

И џабе играч више на терен кога Матераци се повреди, затоа и Мур го остави напред, не дека повторно идеше на оноа ко со Самуел или на времето со него, него ке немаше никаква корист од него во одбрана во ситуација кога овие имаат брзи напаѓачи, овој у фит стање беше на шала претрчан од французон, а не па у ситуација кога се повреди.
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Не ми е до вакви дискусии, ко сеа пази, ја да ти речам дека Ибра у последно време е многу лош па и Пеп го викал на приватни разговори бла бла, а Барса сеуште незнае за пораз у Шпанија, сеедно ... стварно сеедно што некој не бил у право дека Ибра ке даде 30+ голови во Примера кога тимот му е скоро и перфектен.
Јас онака да си кажам нешто оти последно време освен ваквите дискусии кои ги започнував не гледам нешто интересно на фан клубов.. Глеам некој нови дечишта кои се палат на Пандев.. и тоа е..
Исто и Ибра не е муабетот.. Тој е веќе историја..
Ама муабетот ми е кога веќе продаваш играч како него, прва виолина во клубот твој.. Како Златан, Роналдо, Кака.. Тогаш само ретардиран не би сакал да направи споредба и да прокоментира дали тој потег се покажал добро или не.. Не е работата да жалиме по Ибра.. Туку онака да видиме на што сме.. Како и Манчестер, Милан и остали..
Продавањето на Роналдињо од Барса се покажа како добар потег.. Меси излезе во преден план.. Доби поголема слобода и одговорност.. И оп тројна круна и најдобар играч.. Ќе видиме што ќе направат Милан кој го продадоа Кака.. А исто така и Манчестер кој го продаде најдобриот на светот на само 23 или 24 години.. Но за разлика од нив кои не купија ништо.. Интер се засили најмногу.. И не можам да бидам задоволен коа ќе видам ваква игра против тим кој се бори за опстанок и има играч помалку.. Дури сега за нас почнува онаа вистинската сезона.. Играме со Наполи, потоа со Челзи.. Тоа е тоа.. Што се уигра се уигра, што се научи се научи.. Нема веќе право на кикс.. Нити на едната страна нити на другата.. Не сакам како онаа сезона со Манчини пораз на едната страна да доведе со катастрофа на другата.. Која за малку не не снајде тогаш..
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Слаба игра во второто полувреме. Очекував повеке од Средината која потфрли во вториот дел,Матераци камен,Кордоба камен,Ето слаба форма,Милито немаше ниедна конкретна шанса.

Имавме 20 минути со играч повеке и не успеавме да искористиме дека врската мегу средниот ред и нападот е многу слаба,,,ах Снајди Снајди .... ке биде ова лекција за наредниот натпревар во кој се надевам дека Марига ке почне од првата минута.

Криво ми е за Пандев кој не успеа да погоди во прво полувреме....
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Играат со Наполи, па со Фиорентина куп, па дома со Сампдорија и тек после следи мечот со Челзи. Него Рони замина од Барса по очајна сезона да бидеме реални, не по сезона во која тој беше лидерот во екипата.
Јас пак ке кажам, знаејќи ја очајно лошата трансфер политика на Интер од минатото, ова што го направија по продавањето на Ибра беше одлично изведено, и за тоа само еден човек ги има заслугите, Мур, никој друг. Порано по продажбата на Роналдо сите знаеме што се деси, доволна е оваа паралела.

А за играта денес, пак ке кажам во прво беа на ниво, немаа среќа односно секој нивни удар завршуваше во голманот, ударот на Пандев на старт, потоа пак Пандев, па Мота со глава добар удар, сите ко за беља у голман односно таму каде што Миранте беше поставен. За италијански услови не изиграа лошо, немавме причини да бидеме незадоволни од тоа што го видовме во првиот дел, но второ за жал беше друга приказна, се удри од глава играњето на Кордоба лево, примија гол од мртва игра и толку треба. Мислам дека и Мурињо прерано се реши да го става Марига, али ај што би било кога би било, бидна и нема назад.

Мечот со Наполи е одлична прилика за да го покажат шампионскиот карактер, остајте тоа Пандев да одмара, на тој меч уз Снајдер Пандев мора да игра, Ето е оној кој треба да биде на клупа !

edit : Moja грешка, на soccerway уште стои оној меч со Фиорентина од Купот кој беше преместен за Јануари, значи следат Наполи гости, Сампдорија дома па Челзи, реваншот со Фиорентина е на 14ти Април.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Не си требало толку да ја форсираш, имаше секакви компликации за денес. Јас ја чекав како последна на ливче ама кога видов дека нема да ја биде некаде 70-75 минута ставив Х и барем не сум зијан.
Абе во серија беа, си викам нема да дозволат Парма да промрчи нешто...

Иначе Марига ги искина, незнам зошто го форсира толку Мота кога за тие 20 мин, “Кингбургер“ изигра многу подобро.

Ептен е брз, антилопа! :vozbud:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Уште ли не е завршена дискусијата. Просто е: го продадовме Ибра и со парите направивме каде-каде подобра и попасна екипа. Натпреваров го следев со англиски коментар и коментаторот по голот на Балотели рече: невозможно е да се спречи оваа екипа да постигне гол. И то...

Сега џабе ја вергламе, не е лошо и Ибра да го имаме, и Торес и Руни ако се може... ама ова е екипата.

Ето полека ама сигурно почнува да разочарува и тоа е факт. Не дека Ибра се изнаигра во Барса...

Во секој случај, подобро да имам екипа во која противниците ќе стравуваат од 5 играчи подеднакво отколку екипа во која ќе се борат само со еден. Тоа е тоа...
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Играат со Наполи, па со Фиорентина куп, па дома со Сампдорија и тек после следи мечот со Челзи. Него Рони замина од Барса по очајна сезона да бидеме реални, не по сезона во која тој беше лидерот во екипата.
Наполи, Сампдорија па Челзи.. Со Фиорентина дури по два месеци играат..
А тоа што Рони замина по очајна сезона, а Златан и Роналдо по најдобри сезони во кариерата за мене не е баш најдобра трансфер политика.. Али што е тука е.. Кој како гледа на тоа..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.069
Поени од реакции
45.889
Епа ти реков и на времето, ако клубот одлучуваше или било кој фан факт е дека Златан ке останеше, ама он беше тој кој сакаше да замине, иначе едитирав погоре за куп мечот со Фиорентина, се водев по еден сајт а они уште не удриле едит на распоредот.
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Уште ли не е завршена дискусијата. Просто е: го продадовме Ибра и со парите направивме каде-каде подобра и попасна екипа.
Грешка друже.. Го продадовме Ибра и го добивме Ето.. А ние ги имавме Лусио, Мота, Милито и највероватно Снајдер ќе дојдеше уз Ибра во Интер..
Голема грешка во твојот пост..
А коа само ќе ми текне.. Милито 24 голови, Златан 25.. Голови во калчото.. Можеше ли подобро од тоа? :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom