Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Леле за малку од готово ќе направевме вересија. Одлично игравме во текот на целиот натпревар. Пато ни правеше огромни проблеми реков уште пред некој ден дека треба да игра Кордоба барем така ќе можеа да се бркаат по теренот. Моравме да дадеме гол на 2-0, напротив ние примивме и натпреварот до крајот беше неизвесен. Еден ваков развој на настаните во ЛШ значи сигурна елиминација.

Сите го критикуваат судијата, освен тоа што не ја виде раката на Адри горе доле се беа прави одлуки. Тоа пичката Инзаги, сто пати беше во офасајд по два метра и само се бунеше. Првата топка што ја фати во шеснаесетник падна како педерче и бараше фаул, такви селски финти и во Италија престанаа да ги судат пред 5 години ама добро дечкото е луд и мисли уште на стари фори ќе прави слава.

Од сите страни доаѓаат напади како тоа судиите суделе против нас од фанови на Јуве, Милан, па и до некои кој првпат пишуваат на темата за дербито.

Зашто не се бунеа на ист начин за голот од фосајад на првиот натпревар???? Зошто не се бунеа кога на Ибра му дадо жут картон а беше чист пенал минатото коло? Зошто не се бунеа кога Јуве од апла офсајд даде гол против Аталанта или што минатото коло не досудија пенал за Катанија.

Судиски грешки имало и ќе има секогаш, само ме боли тоа што кога одлуката е во корист на Интер, ние секогаш добиваме помош и сме фаворизирани, ама кога е во корист на Милан или Јуве е тогаш, е во ред, па и судиите се луѓе и нормално е да погрешат или па ќе те прават будала и ќе викааат дека удлуката била исправна.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Супер изигравме, 4-4-2 е добитната формација, не ни требаат некои добри крила. Супер супер :)
 

StiX

Why so serious?
Член од
13 февруари 2008
Мислења
100
Поени од реакции
19
Што да каже човек после ова:vozbud: ФЕНОМЕНАЛНО. И поише голови разлика да беше пак немаше многу да биде. Многу ми е мило особено за играта што ја покажаа , создаваа шанси многу лесно , у одбрана солидни , Сантон ѕвер , Цезар легенда , Маикон ....неам зборови за него , Станко лудак , Занети покажа зошто е жива легенда , Адриано полека но сигурно се враќа у форма ( поздрав до Милан од раката негова , се се враќа јеби га првата утакмица они од офсајд дадоа гол) , Ибра и кога е добро чуван пак маме е***а.

Особено ми е мило за плачкото Инзаги , мило ми е за Тајра Бекс , Каладзе хахахаха , едино Пато покажа желба.

Се на се одличен натпревар , право дерби , и ај честито нека ни е и на нас ко навијачи и на нив ко играчи и аирлија 4 титула по ред.
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Ајдееее нека ни е честита победава :vozbud: нека пукнат душманиве!!!
Одлична игра се на се...али Интер не е Интер ако не приредит вакво нешо :) Pazza Inter Amala!!! :)

Нека се среќни Биланезиве шо не си заминаа со 5-6 гола...а голот од Адри со рака...Магнифико :wink:

Тууууу ама почна да е ладно, ај некој refresh my memory и да ми каже температурава како се движит Италија :pos2: :wink:

Дејо :zver:
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Со Манчестер само не ни требат последните 15 мин и се ке биде во ред, и секако да погодиме барем 1 од 3 шанси кои ги имаа Адри и Станкович.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Моменталната температура во Торино е -9 степени целзиусови, додека во Милано -11. Се врати зимата, проклета да е. :pos:
 
Член од
21 мај 2006
Мислења
428
Поени од реакции
6
Сакам најискрено да им се извинам на навивачите на Милан за поразот!! Не беше намерно!

ДЕКИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 

Krkiroma

NOMEN EST OMEN
Член од
30 декември 2008
Мислења
736
Поени од реакции
22
Моменталната температура во Торино е -9 степени целзиусови, додека во Милано -11. Се врати зимата, проклета да е. :pos:
Север на Италија е мора да е ладно. Честитки за победата.
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
353
Поени од реакции
21
Интер владее во Милано, Нероазурите подобри од градскиот ривалГолемото дерби на Милано му припадна на Интер, во исклучително интересен натпревар Нероазурите со 2-1 го совладаа лутиот градски ривал, тимот на Милан.
Прекрасен дерби натпревар на Сан Сиро, голема победа на Интер кој со овие два бода е чекор поблиску до одбрана на титулата во Серија А. Ова воедно беше и последен дерби натпревар за легендата на Милан, Паоло Малдини кој ја игра последната сезона во својата кариера.
Првата голема шанса на натпреварот беше за Интер, по една одлична акција, Камбијасо го проигра Станковиќ кој се најде сам пред Абиати, Амбросини прекрасно рашчисти, и пропадна огромната можност за домаќините.
Во 19та минута Роналдињо упати одлична топка до Пато, кој ја зафати токата, но Жулио Цезар со фантастичен рефлекс спречи водство на Росоњерите.
Веќе следната минута нова шанса за Милан, Јанкуловски одлично го проигра Пато кој биеше со глава, но Цезар повторно интервенираше.
Во 28та минута, одличен центаршут на Маикон, Адриано најпрво со глава, а потоа и со рака ја зафати топката, таа влезе во мрежата на Абиати, голема радост на трибините, Интер поведе со 1-0.
Контроверзен гол на Адриано, напаѓачот на Интер со рака во стилот на Марадона погоди, но судиите не го забележаа тоа.
Од тој момент Интер ја презеде играта во свои раце, имаше посед и тргна кон втор гол.
Тоа се случи во 42та минута, топка од Мунтари до Ибрахимовиќ кој ја спушти до Дејан Станковиќ, Србинот со вистинска бомба погодува за 2-0, нова радост за Интер.
Интер одлично го започна и второто полувреме, во 47та минута фантастична можност за Адриано, излезе сам пред Абиати но биеше непрецизно.
Интер играше моќно, доминираше на теренот и создаваше шанси, но една ситуација на 20 минути пред крајот го сврте натпреварот.
Во 70та минута по асистенција на Роналдињо, Пато постигнува гол, радост за Милан, Росењерите се вратија во натпреварот.
Во 73та минута одлична акција на Адриано, кој го помина Малдини и изби сам пред Абиати, голманот на Милан фантастично интервенираше.
Финишот му припадна на Милан, бо 77та минута по асистенција на Пато, Инзаги постигнува прекрасен погодок, но судијата оправдано го поништи поради офсајд.
Мурињо се реши за тотална дефанзива, тоа можеше многу лесно да биде казнето.
Во финишот најпрво Пато а потоа Инзаги имаа големи можности за гол, но Жулио Цезар беше на висината на задачата и не дозволи неговата мрежа да се тресе.
На крајот голема победа за Интер, Милан го губи чекорот во борбата за Скудетото.
Малдини го одигра последното дерби, Мурињо го продолжи фантастичниот рекорд без пораз на домашен терен.
 

Mikky

Интераш
Член од
23 октомври 2008
Мислења
210
Поени од реакции
19
Браво за мотивираноста и желбата за победа. Пошто сум нов во друштвото мислам дека ова беше добра одмазда на Мурињо за Анчелоти. Чиста 10-ка за Мурињо. Мајстор. Го најде идеалниот тим, го надигра Милан.

Императорот се враќа, Деки играчиште (освен онаа од 5м. :tapp:) Бамбино растур, Капитенот коска, Маикон ОРА по теренот, Ибра стандард, Мунтари (Мурињо без ваков играч неможе), Цезар се докажа и се извади за последниве слаби натпревари. Браво.

Бев скептичен за одбраната 2-ца леваци али мислам дека се покажа дека Киву неможе да игра подобро на никоја друга позиција освен оваа како централен бек.

Мислам дека сме на голем чекор до титулата, треба сега се да се насочи на Манчестер.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ајде после возбудата и јас да пишам еден нормален пост, т.е. рецензија на утакмицава

Како што кажаа некои тука, ова беше фантастичен дуел, еден од најдобрите натпревари во изминативе години. Двата тима имаат одлични состави со фантастични фудбалери.

Цезар - Нема што, подобар голман нема од овој, многу го сакам :), одбрани две-три топки кои што беа исклучително опасни, на крај ни спаси победа, му одбарни на педерчено Инзаги.
Маикон - Најдобриот десен бек, да. Ѕвериште невидено, напред-назад, којзнае колкава километража направи, намести гол, играше одлично во одбраната, се на се 10ка за Маикон.
Сантон - Незнам дали ќе се сложите со мене, ама јас во овој дечко го гледам новиот Занети. Детево е вансериско, игра како да има којзнае колкугодишно искуство, толку е точен во движењата, а исто толку точен во дефанзива. Алал мајка што го родила.
Киву - Мојот омилен играч од дефанзивата, 100 пати сум рекол дека ни цент немаме загубено во купувањето на овој играч.Каков професионализам, одлични лизгачки стартови, фантастични пожртвувани блокирања, вау секоја чест за Киву, изигра мајсторски.
Самуел - Ѕидот наш, изигра солидно, во дуел 1 на 1 не е баш добар, но затоа секоја нафрлена топка ја извади надвор од нашиот шеснаесетник, браво Валтере.
Занети - Незаменливиот капитен наш, колку само енергија и колку само желба за победа. Ги сопре неколкупати играчите на Милан, изигра феноменално, пак ќе речам стандардно за него.
Камбијасо - Несакам да го урочам, но...кога ќе направи грешка овој човек? Тотално незаменлив во нашиот тим, еден единствен играч не го замина, секоја чест, како што игра во напад, така и во одбрана.Браво Камби.
Мунтари - Не играше баш добро во нападот, но затоа во одбраната беше неприкосновен, на два-три пати лавовски им ја одзеде топката на Пато, Бекам... Некомпромисниот Сулеј, изигра доста солидно, но во одбрандбените задачи, напад не му одеше некако, рака на срце и за дефанзива е наменет.
Станковиќ - Ах србине бре, овој човек не е за големи утакмици дефинитивно, иако знае да им лупне гол, посебно на миланезиве.Изигра одлично, поврза доста топки во средината.Страшно ме изиритира кога промаши 100% шанса, но се извади некако кога постигна гол.Добар е Дејо, доста добар.
Ибра - Играа фластер на него, но сепак изигра одлично, воздушни дуели, градење топка, повлечување во напад, асистенции... Браво Ибраа, се кладам да ги имаше шансите на Адри, денеска Милан дебакл ќе доживееше. Ибра ко Ибра, и да не постигнува голови сепак тој е нашиот генијалец.
Адри - Леле колку скокав, ќе искршев нешто кога го даде голот, посебно мерак ми напраи што баш тој им го закачи на Милан. Ајде Императоре, вратисе во старата форма, па тогаш каков Агуеро, какви бакрачи, императорот да се врати во форма најмногу посакувам, а не е далеку од тоа.Императорот рулз.

Предводени од нашиот фантастичен тренер победивме, и титулата е се поизвесна.Вака сакам да играме, и Манчестер ќе биде лесна задача, само вака да продолжиме, браво момци, ФОРЦА ИНТЕР !!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.534
Поени од реакции
59.075
Јас не можам сега да пишувам нешто само ќе постирам две постари слики кои имаат пригодно значење во моментов:

-9

catch1.jpg




-11

catch2.jpg




:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom