Хозе Мурињо ќе биде тренер на Интер во наредните 3 сезони. Преговорите почнаа пред околу 2 месеци и завршија сега. Тој ќе добива по 9 милиони евра по сезона. Деко и Лампард ќе му се придружат на Португалскиот стратег. Фиго би требало да остане во Интер уште една сезона.
За ангажирањето на Португалскиот тренер, стариот сон на Морати кој има цел да ја освои Лигата на Шампионите, почна да се зборува при крајот на март кога се одржа првиот состанок помеѓу нив двајцата. Меѓутоа цело време Морати ги одбиваше тие шпекулации, и се обидуваше целата работа да биде со големо ниво на дискреција.
Во тоа време Интер веќе беше елиминиран од Лигата на Шампионите, и беше посветен да ја освои Италијанската Сериа А. Роберто Манчини го успеа тоа, но сепак тоа не беше доволно за Морати да се предомисли.