Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Абе Ибра е тежок материјалис и занос кај него е кој повеќе пари му даде за него ќе игра не е тој како Занети,Кордоба приврзани за клубот и никогаш не зборат за пари.
Се сеќавам кога Адриано беше во топ форма имаше понуди од Челзи и Барселона секогаш велеше дека ке остане во Интер а му нудеа дупло поголема плата.
Денес Адриано изјави дека со душа чека да се врати во Интер и да игра со Балотели и Ибра но не знам орелот Манчони дали ке биде срекен со тоа да се надеваме дека ке си оди идиотот Манчини.

А за следната година би сакал овој да ни биде нападот(а знам дека нема шанси)
Балотели,Адриано,Ибра,Аквафреска.

Креспо ми е омилен но тој не е за на клупа сигурен сум дека каде и да оди ке даде над 15 гола.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.663
Поени од реакции
5.348
Moмци , ја тргам на апсолвентска ке ме нема едно 17 дена и за жал ке ги пропуштам дуелите со Каљари и Милан и со Лацио во Купот . Во сабота или во недела ке се иде во Милано али на ден , ако е Недела и се стигне пред 15.00 ке им идам на мечот со Каљари така да ако видите метро со метар ипол македонско знаме позади Цезар :D знаете кој ве поздравува у тие моменти иако со мојава интерашка среќа чисто сумјам .
Kако и да е времето поминато таму ке го искористам во потрага за Манчини , нормално придружен со средтство кое нанесува тешки болки и скршеници по човековото тело . Мечот со Милан можно е и да не го гледам а е меч на годината така да се надевам дека тогаш фино лепо ке ја прославите Титулата а Меаца ке си ја обои куќата во плаво црна комбинација , нормално со помош на Кико :D .


C'e solo l'Inter per Me !!! Pozz и се глеаме за 18 дена , се надевам во славеничка атмосвера .
Aјде убаво помини си..Јас и меаца си сме другарчиња во се си помагаме, комшии сме ебаго...Поздрав, и убаво помини си на апсолвентската екскурзија, те чекаме да не посетиш...
 
А

Адриано

Гостин
Митка го заборави Круз и тој е приврзан за клубот и многу често не вадел од калта во 90 минута!
иначе syn убаво да си поминеш на ескурзија и очекуваме фотки од Сан сиро!
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
syn и бојан убаво да си поминете на екскурзија. syn оствари ми една желба освен фотките од џузепе меаца ако може да го онеспособиш манчини манчини да не ја врши тренерската работа. оставамм на тебе како ке го решиш тоа :pos:
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Симни се на клупа глуми помошен тренер,сигурно боље ќе се покажеш и од главниот
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
jas sum za da si odi Ibra!!!Da mu zemime 70+ milioncina,i so tie parina Diego i Quaresma,i taka 100 pati ce bidi pojak timot,bez dopolnitelni trosoci.
Mnogu me nervira toj majmuno Ibra,se misli deka e nad site vo Inter!
Кој бил купен 70 миљони до сеа па тој да биде. Не верувам повеќе од 36-37. Чекај за шо збориме фунти или евра?
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Секој ден со шпекулации.
Денес Реал дава 50 милиони евра плус Диара за Ибра.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.636
Поени од реакции
11.263
Грешка си! 35 милиони + Диара!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Вакви шпекулации пишува кој стигне,така да има шанси ни тоа ни тоа да не е точно
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Е ова ќе биде интересно искушение за Морати
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.032
Поени од реакции
1.143
С

Спенсер

Гостин
Проблематичниот напаѓач на Интер, кој моментално е на позајмица во Сао Пало најави дека по крајот на Копа Либертадорес ќе се врати во Италија.

Во интервју за La Gazzetta dello Sport, Адри откри дека навистина имал проблеми во минатото но сега се е зад него, и е позитивен околу неговото враќање во Интер.

“Ми недостасува Италијанскиот фудбал, моите пријатели и мојот живот таму. Тоа е вистинското место за мене.” – рече Адриано.

Императорот повторно е во инзвонредна форма и постигна 11 погодоци на 17 натпревари во Паулиста шампионатот.

Тој посакува да се врати во Интер и да игра во нападот покрај Ибрахимович и Марио Балотели.

“Често се слушам со Марио, а со Златан имам одлични односи. Сакам да се враам во Италија и да го убедам Манчини дека можам да играм покрај нив.”

“Немам ништо против Манчини. Единствено нешто што кажав, беше дека очекував да ми помогне во мојот најтежок период. Доколку Манчини ми рече да останам, со задоволство ќе го направам тоа. Ќе му докажам дека заслужувам да играм.”

Во италијанските медиуми се појави информација која велеше дека Адри ќе се врати во Фиорентина и ќе работи со неговиот поранешен тренер Чезаре Прандели.

“Прандели ме разбира, знае како да ми ги прочита мислите. Ми зборуваше многу, претерано многу. Секогаш кога ќе видеше дека нешто не е во ред ме носеше на вечера.”

Но и покрај интересот на Виолетовите, Адриано очајно посакува да се врати во Интер и да му се одолжи на Морати за укажаната доверба.

“Најпрво сакам да се испробам во Интер. На Морати му должам многу. Претседателот ми кажа дека ќе направи се само за јас да бидам добро. Мислам дека тој ќе биде среќен од начинот на кои се одвиваат работите.”

“Сакам да останам во Интер до крајот на мојот договор кој истекува во 2010.” – заврши Адриано.

Извор: 24 FUDBAL
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Абе кога ќе размислиш понудата за Ибра и не е така лоша
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom