Не, со иронија го изјави Хернан тоа. Нема шанса во ЛШ.
Со Урко не се сложувам, кажав одамна дека се дур играме со бразилски бекови-крила, нема шанса да земаме играч како Кварезма, Рони или К. Роналдо. Претерано офанзивно би било, меч со две острици. Со другото делумно се сложувам, Пеле не... него Болцони. Супер Марио ме изненадува очекував многу од него, но не толку рано. Ќе мора Интер сериозно да размисли за неговата иднина, очекувам да прерасне во трет напаѓач на Интер.
Ливерпул.
Најголема слабост му е одбраната, ако Манчини е доволно паметен и го внесе Суазо да ја размрда одбраната и кичмите на пензионерите Карагер и Хипија, Интер има големи шанси да се врати со бод/ови од Енфилд. Инаку тешко да бараме некоја шанса таму, а на Меаца ќе биди друга песна. Сепак блиску ќе биди, нијанси ќе одлучуваат, два слични тимови кои играта ја градат на физичката надмоќ на играчите, екипи играат тврд и лош за око фудбал, но ефективен. Пресреќен сум што ќе гледам разарачи како Џерард, Маскерано против Камби и Виеира. Не сте свесни каква рововска битка ќе се води. Фудбалска класика. Вистински трилер ќе има, вистински...
Од Ибра не очекувам многу, ќе потфрли. Гадно.
Круз е човекот на Интер и Суазо, кој мислам дека ќе биде херојот на овој двомеч. Друга работа е тоа дали Манчини ќе игра со Матераци(полошата варијанта) или со Кордоба(добрата). Ако е колумбиецот, тогаш немам потреба да стравувам од Торес, ако е Матриксот тогаш црно ни се пишува. Хм, друго... сконцентрираност и битка за секоја топка, тоа ќе биде приоритет. Подобро да се зачува сопствената мрежа на Енфилд отколку да се цели кон противничката.
Конечен резултат 1-1 или 2-1, тоа се моите типови.