Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Коа ке видиш дека пола екипа ни се бразилци/аргентинци ... и МОЌНО е преслаб збор за тоа :)


пс:Кажете некој аватар на Дим4е да му даеме бе ? ме мрзи да гуглам на нетов ...
Нешто во врска со Интер да е или нема врска ???

Ако нема врска,еве некој од мене...

Морав...:pos2::pos2:











Иииии....како за Дим4е некое аватарче,така некое поубаво...

 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Пред натпреварот, дечињата од школата на Интер имаа можност да се поздрават со фудбалерите на Интер. После нив, тоа задоволство го имаа и фудбалерите на Наполи. Заморот од поздравувањето кај Наполитанците си го направи своето па тие уморни го започнаа натпреварот.

Во втората минута од натпреварот на chatot на www.fcinter.com.mk се појави андерковер навивачот на Интер Марли, што потврдено им носи среќа на Нероазурите, па во истата минута мрежата на противникот се затресе, откако тројца фудбалери на Интер останаа во петерецот на Наполи при изведување на корнер.

Нешто подоцна, Милито Il Principe излезе сам пред гостинскиот голман и принципиелно ја затресе мрежата. Додуша, Милито прерано втрча по топката и се најде во недозволена позиција, но помошникот судија мислеше дека гледа реприза од натпреварот со Парма и не го подигна знаменцето.

Лусио подоцна докажа дека причина за промашувањата со глава на натпреварот со Лацио била нерамната фризура: овој пат со мали корекции на фризурата ја удри топката како што треба и резултатот веќе беше 3-0 за Интер.

Во продолжение Ето подзаборави дека не е повеќе во Барселона па почна да игра многу „пети“. Ова како зараза ги префати и останатите фудбалери, и оние што знаат и оние што не знаат да ја удрат право, а не па со пета. Како резултат на филмот во кој влезе комплетната екипа, заборавија дека не се на тренинг туку имаат противник на теренот, па Лавеци на несакање доби топка осамен пред петерецот и го ублажи водството на Интер.

Во 45-тата минута Бурдисо постигна гол на натпреварот Палермо - Рома, што значи не е наша работа...

Пред судијата да отсвири крај на првото полувреме, Марли најави дека сеуште е тука и дека натпреварот сигурно завршува со победа на Интер. Неговиот андерковер изговор овојпат е дека го имал Интер на ливче. Да, сигурно...

Во меѓувреме, Мурињо успеа да ископа канал од паркингот до соблекувалната на Интер и да се најде таму на полувремето за да подели некој совет. Од доверливи извори дознаваме дека збеснал кога му кажале дека е 3-1, т.е. дека џабе копал.

Во 65 минута и Џилардињо постигна гол, за Фиорентина. Благодарение на Телма, друго и нема што да ви пренесеме за овој дел од натпреварот. Голот на Џилардињо важно, убав беше.

Во 67-мата минута Кварареља го подигна шутот, што би рекол Игор Трпевски, при што настрадаа неколку гулаби.

До крајот на натпреварот фудбалерите на Интер го направија она што секогаш го прават кога имаат високо водство а Марли го нема на chat-от: тотално ја отупеа играта, околу 5000 од поуморните гледачи на трибините си дремнаа а оние пред малите екрани го искористија времето да си пуштат некое филмче.

На теренот пак, Цезар си реши неколку крстозбори, за потешките му помагаа Самуел и Лусио.

Се на се, заслужена победа на Интер кој по поразот на Сампдорија ја презеде водечката позиција на табелата.

А сега, малку посериозна анализа:

Многу сме јаки!!!

Forza Inter!!!



:pos2::pos2:

1. У никој случај :smir:

2. Ми беше стварно :pipi:

3. Мислев ќе се деси обратно т.е Наполи да заигра подобро :vozbud:

4. Честито победа, од сеа ќе ви наплаќам за седење на чатот :pipi:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.930
Поени од реакции
45.025


:tv:

A, да :pos2:



hint : Маикон . :wink:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Панучи:Кој кур сакаш бе
Лусио:Беј бе пиљуштар , не напињај
МАикон:АХАХАХХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХХА
Панучи:На мајка ти у пичка :):baeh::baeh::baeh:


Слободен превод ;)
 
Член од
23 февруари 2009
Мислења
166
Поени од реакции
5
Наредната утакмица на Интер е во сабота со Сампдорија мислам дека во 18.00 дај нешо интервенирајте за да може да ја глеаме на телма
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.797
telma2@unet.com.mk
слободно кој сака нека интервенира!

досега 1000 пати им имаме пишано да пренесуваат некоја утакмица они 2 посто не ни го опираат така да не се ни замараме веќе!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не се замарајте бе, стварно мислите дека некоја телевизија ќе промени програмска шема заради неколку е-маил пораки?

Проблем е што и стримовите се за никаде во последно време...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.930
Поени од реакции
45.025
Џабе ке праќате мејлови, мада топ е ова што играат од тој термин во Сабота, бар за мене, аман, бела ноќ е, не планирам у 11 да излезам е*аго . :vozbud:
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.041
Поени од реакции
1.164
Праќајте мејлови, досадувајте му на фејсбук мора да даваат. Јас немам лимит ми го потрошија комшиите месецов. :(

Не е фер да даваат некои глупавии емисии или филмови што никој не ги гледа наместо фудбал. Не верувам дека некој гледа Телма за нешто друго освем Сериа А.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.797
хохоооо Креспо ни прави услуга... 80 минута џенова води 2-1
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom