Како прво не сум шпион, навивам за Интер уште кога играше Беркамп. Што се однесува до никот се двоумев и помеѓу Хакан Шукур и Нелсон Ривас, но сепак Греско си е Греско, инаку сите тројца ги мрзам најмногу на свет, и зошто мора никот да е од омилениот играч????????
Еден мој пријател роднина тренира во Мадрид, и уште пред месец дена ми кажа дека околу Снајдер се е завршено, и тој е интераш, и секогаш ми давал точни информации. На пр. пред две лета, иако официјално се откажавме од Киву, тој ми кажа дека тоа е само трансфер-игра, и дека романецот ке потпише за нас. Тоа и се случи. Истото беше и лани со Кварезма. Значи Снајдер зад Ето-Милито, Станковиќ-Камбијасо-Мота зад Снајдер, Маикон-Киву-Лусио-Занети пред Цезар, тоа е тимот кој сигурно го освојува скудето со барем иста разлика како оваа сезона, и барем едно финале додека е тука Мурињо (уште три сезони). И не е ништо страшно што нема веднаш да биде уигран, за Италија и вака сме прејаки, во ЛШ вистинското започнува по јануари. И ако сака некој опклада дека Диего во јубе ке заврши нешто слично како Рафаел ВДВ во реал, може одма...