Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
Де бе де, ке се уигравал ке се ова ке се она, ко за ретардиран да правиме муабет а не за човек кој цел свој живот играл фудбал .
Ето немаше изиграно асално утакмица за Интер па во вториот меч според сите интернет спортски портали беше убедливо најдобро оценетиот на теренот, заедно со голманот на Лацио, а да потсетам, тоа му беше втор меч, меч пред кој Мур кажа дека Ето ке игра преку сила само 70 минути .

За Ибра, дискутираш за човек кој сакаше да замине од клубот, човек кој јасно ставил на дознаење дека сака да оди во Барселона уште пред година дена, ова е изјава од неговиот агент . Како сакаш да задржиме таков играч, зар уз здрав памет веруваш дека имаа таква опција, задржување на Ибра ? Не друже немаа, а кога веќе беа доведени во една таква ситуација тогаш мораа да го изнајдат најдоброто решение, а подобро од ова со Ето нема, и ќе нема . :wink:

п.с. Зашто осеќам дека со горчина ке го примиш секој нареден успех на Интер ?
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
ибракадабра сака да ви казе дека ЕТО+ милито е послабо од Ибра + милито.....а иначе според мене ЕТО+МИЛИТО +50те милиони дел од нив да се потрошеја за некои добри играчи од среден ред тогаш е мн поисплатливо и сме мн појаки одколку само ибра и милито......зборов ми беше дека немаме ние ништо фајде од тие 50 милиони евра...и за 200милиони + ето да го продадевме ибрахимович како што гледам исто ќе ни беше оти париве (50 милиони) не се ни допрени а камоли да се трошат
 

Massimo Moratti

engin90
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
156

25 милиони не се малце , ако оваа понуда е вистина и ако Гуркуф дојде кај нас дефинитивно ке славам :toe::vozbud:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Гуркуф за негови години е играчиште,нема збор тука,но неговото неискуство ке биде доволно во Италија да не се покаже како што треба.
Во Франција се игра еден стил на игра,во Италија сосем друг...така да не знам дали би успеал во Интер.
Затоа поискусен плеј треба да се доведе,некој како ВДВ,Снајдер,Рикелме,Едерсон.
Не знам сеа зашо толку по Снајдер се запнале сите,па ВДВ според мене е боље.
Рикелме ако се доведе,онака да изненади Морати ке праам банкет на сред плоштад.
Таков играч е потребен во Интер,лидер на целиот тим,што има мозок и знае како да одигра во секоја ситуација,ненормално добар шут има,за пасовите и дриблинзите не коментирам воопшто.
И Едерсон е исто така екстра играч,не знам зашо Морати толку брзо се откажа од него,па понуди некој милион повеке ебате тоа,не жали пари,сакаш ЛШ,а не сакаш да даваш за екстра играч поголема сума.
Мурињо си рече,плеј ке се доведе по секоја цена,уште таков играч му треба во тимот и не би се откажал од таа намера,познавајки го неговиот инаетлив карактер.
Кој и да се доведе се надевам ке биде добро решение за Интер...:smir:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ајде извештај кој играл за својата репрезентација и што постигнал:

- St Petersburg - Russia U21 3-2 Italy U21: 3-2 (Paloschi 38, Smolov 51, Mamalev pen 61, Saputin 89, Rispoli 90)
Mario Balotelli played the whole match.

- Moscow - Russia 2-3 -Argentina (Semshow 17, Aguero 43, Lopez 46, Datolo 59, Pavlyuchenko 78)
Nicolas Burdisso and Diego Milito played for 46 minutes. Javier Zanetti played from start to finish.

- Tallin - Estonia 0-1 Brazil (Luis Fabiano 45)
Julio Cesar played the whole match. Maicon and Lucio were substituted by Daniel Alves (58th minute) and Miranda (72nd).

- Budapest - Hungary 0-1 Romania (42' Ghioane 42)
Cristian Chivu was replaced by Constantin in the 81st minute.

- Basel - Switzerland 0-0 Italy
Davide Santon came on for Gianluca Zambrotta at the start of the second half and played until the final whistle.

- Klagenfurt - Austria 0-2 Cameroon: (28', 35' Webo 28, 35)
Samuel Eto'o played the first 60 minutes.

- London - Ghana 4-1 Zambia (Muntari 11, Hichani Himonde 28, Stoppila Sunzu o.g. 32, Agogo 37, Draman 42)
Sulley Muntari scored the first goal and was substituted by Dickson in the 86th minute.

- New York- Colombia 1-2 Venezuela (Rey 34, Falcao 38, Vizcarrondo 72)
Ivan Ramiro Cordoba played the whole match
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Де бе де, ке се уигравал ке се ова ке се она, ко за ретардиран да правиме муабет а не за човек кој цел свој живот играл фудбал .
Ето немаше изиграно асално утакмица за Интер па во вториот меч според сите интернет спортски портали беше убедливо најдобро оценетиот на теренот, заедно со голманот на Лацио, а да потсетам, тоа му беше втор меч, меч пред кој Мур кажа дека Ето ке игра преку сила само 70 минути .

За Ибра, дискутираш за човек кој сакаше да замине од клубот, човек кој јасно ставил на дознаење дека сака да оди во Барселона уште пред година дена, ова е изјава од неговиот агент . Како сакаш да задржиме таков играч, зар уз здрав памет веруваш дека имаа таква опција, задржување на Ибра ? Не друже немаа, а кога веќе беа доведени во една таква ситуација тогаш мораа да го изнајдат најдоброто решение, а подобро од ова со Ето нема, и ќе нема . :wink:

п.с. Зашто осеќам дека со горчина ке го примиш секој нареден успех на Интер ?
Да секој играч се уигрува ако не си забележал.. Не за џабе Реал си ги купија одма Кака и Раул.. Не за џабе Гвардиола си го побара Ибра пред да започнат со припремите..
Незнам јас дали Ето бил најдобро оценет, знам дека од тоа што изигра најдобро немавме никакво фајде.. Незнам дали треба да ти нацртам.. Ето изиграл најдобро.. Ниедно конкретно подавање со Милито.. На неколку пати добри дриблинзи пред се поради тоа што игравме ако не си забележал против тим кој го победувавме со 10 играчи среде Рим..
За Ибра не дискутирам веќе, туку имаш и факти, исто и реалност.. Два нови напаѓачи во тимот и веќе загубен ппрвиот трофеј од една просечна екипа.. Тоа дали сум сакал да задржиме и што мислам за него не е твоја работа.. Никаде во претходниот пост не спомнав дека сакам да го задржиме.. Реков дека Ибра + новиот Милито е подобро од новите Милито + Ето. Ако тоа не можиш да го сфатиш јас не можам да ти помогнам.. И не зборувај како некои што врска немаат од фубал кои знаат само да кажат Ибра бил ова Ибра бил она.. Кур ме боли што кажал Ибра и неговиот агент.. Јас ти зборувам за Интер дека сега без плеј (како што ти кажа некој погоре и со 200 милиони) е далеку послаб од оној претходниот.. Барем во ефикасноста на нападот.. А ти ако го чекаш Бари и да го дрвиш по форуми е твоја работа.. Јас чекам некоја подобра екипа.. А тоа ќе биде во лигата на шампионите бидејќи сме во втор шешир, па да ја видиш неуиграноста на Милито и Ето како ќе се одрази на Интер.. (ова го зборувам без некој добро уигран плеј).. А тоа што се радувате за надмоќта над еден посран тим како Лацио е исто така ваша работа..

П.С. Зошто јас сум убеден дека за секој неуспех на Интер оправдување ќе ви биде заминувањето на Ето на купот на конфедерации? :smir:
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
ај бе не го дрвете. со проштење :) мала шала. донекаде во право е ибракадабра .... плеј требаше пред две недли веќе да имаме во тимот , во италија тоа и нема да се забележи зошто и со овој тим сме прејаки. за ЛШ ќе дадам отчет на после групите ... за 4 - 3 - 3 сепак тврдам дека не е толку до крилата колку што немавме напаѓач за таа формација . а бе греота е фурија ко ибра да го затвориш во 16ник ... а за плеј шо знам не ми праи мерак гуркуф .... тоа што го покажа во милан не ме импресионираше ич ... а и миланез (тетоецот) имаше одличен пост на таа тема кога отиде гуркуф .... сега го нема кака . да имаше муда и карактер дечкото ќе останеше во милан да го замени кака и да покажеше што знае сигурно ќе имаше повеќе шанса да игра сега !!! затоа снајдер или вдв .... никој друг
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Дај боже јас да грешам, дај боже и Ибракадабра кој барем преку 70 % се согласува со мене да греши, дај боже да не се во право оние кои полека веруваат во она што го зборувам и Интер да освои се, ама не е се така розово како што сакате да претставите дел од вас овде..
Сакал Златан да си оди? Продади го бе.. Стави го на трансфер листа во мај месец.. А не да го земеш на подготовки, да му ја дадеш 10 ката, која ако не сте знаеле не можи тој сам да си ја земи туку Мурињо ја доделува и да дојде еден овчар од Шпанија, да ти речи имам проблем со Ето сакам да го продадам, сакам да го купам Златан и да те прелажи со бедни 50 милиони..
Тоа мене многу ме нервира, а не што си замина Златан.. Значи ако се беше испланирано сега за некои 25-30 милиони кај нас ќе беа и Деко и Диего, ќе го имавме Ето (кој не го мразам, ама за јас да сакам некој како Адриано, Роналдо, Златан, Рекоба, Мартинс, Занети, Маикон, Камбиасо и Виери) тоа треба да го заслужи.. да покажи добра игра.. а не како вас овде доаѓањето на Ето го кажувате како Интер да го фатил господ за мадиња.. И ќе ни останеа на крајот некои 15 милиони за финансиите.. Значи тука ќе беа Лусио, Ето, Мота, Милито + оние нови кои јас ги кажав во имињата на Деко и Диего..
И сега што имаме? Сега имаме двајца нови напаѓачи, имаме уште една недела до почетокот, а немаме ниеден плеј играч.. Тоа мене ме нервира многу..
Сите знаеме дека се стремиме да го стасаме Јубе во титули во Италија.. Па ако сакаме да го стасаме киксови од типот на оној со Лацио не ни требаат.. Ќе разберев да изгубевме на пенали.. Ама во регуларен дел да изгубиш, да не можиш да дадеш еден гол при резултат 0-0 и да ми го оправдаш тоа со добра игра.. кај мене тоа така не оди.. Нас ни треба секоја титула во походот кон најдобар тим во италија, а не да губиме од Лацио кој играше без 3 стандардни првотимци.. :uvo:
И за крај.. за играчите кои не сакале да си заминат.. Кои се тоа? Виеира? Бурдисо? Ривас? Манчини? Обиња? Не е проблемот што тие не сакаат да си заминат, проблемот е што Интер не знае како да го направи тоа.. Па видете малку подалеку во Пиринеите како прави Реал.. Не сакале да си одат? Му го раскинува договорот.. Ако Раул претставува она што Занети е во нашиот тим, тогаш Салгадо во нивниот е она што Кордоба е во нашиот тим.. И што прават тие? Не сакал да си оди? Му го раскинаа договорот.. А ние не можиме на играчи како оние погоре споменатите, камо ли на некој некогаш како Кордоба.. Ете и Ханјце го набркаа, го набркаа и Хунтелар, а се спремаат и за Ван де Варт, Снајдер и Робен (за кого искрено се чудам покрај тоа како добро игра)..
И сега некои од вас ќе речат па сакаме да бидат продадени за да не му ја доплатиме останатата година која ја имаат.. Па ако толку се секираат за Интер и доброто на Интер тогаш тоа не треба да ги интересира.. Ако на Мурињо му сметаат повеќе од 25 играчи тогаш како тој да работи ако ти тоа не можиш да му го исполниш? После сакате ефикасен Интер, сакате уигран тим, сакате акции, а на секој натпревар имаме по 3 тима да извадиме, немаме постојан костур на тимот, немаме константност.. Да го прашате едно дете од 10 години која е првата постава на Манчестер, Челзи или Барселона ќе ви ја каже одма со најмногу две грешки..
Додека да ме праша некој мене кој го прати Интер една декада, да ве праша и вас кој го пратите исто така една декада, нема да знаеме да му ја кажиме првата постава..
Ете тука е разликата меѓу нас и оние три клуба кои секоја година или освојуваат финале на лига на шампиони или играат во него..
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Ако се даваат 25 милиони подобро е да се купи Горкуф одколку Снајдер.
Не знам зошто споредувате како играл во Милан. па Милан имаа играчи за извоз на таа позиција. Еден Роналдињо грееше клупа. Кака беше незаменлива и Сидорф беше тука.
За разлика од Милан ние немаме никаков организатор на играта и тоа мораше да биде Дејан а и Дарко Тасески да дојди подобро ќе одигра плеј. :)

Горкуф има колку толку искуство во Сериа А а за неговите квалитети на сите ни се познати и не треба многу да зборуваме. Само проблемот е дали Бордо би се откажал од својот најдобар играч и за 25 милиони евра...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
@ Ibracadabra. Умараш за ситуација што беше невозможна, капираш, ми збориш за некаков тандем Ибра - Милито што беше фантазија со оглед на тоа дека Ибра јасно излезе во јавноста со изјавата дека буквално Се што можел освоил со Интер и сака нов предизвик . Неговото задржување не беше возможно поради неговата огромна желба и настојување на замине во Барселона, сфаќаш ?

Гвардиола го донесе Ибра во Барса, но дечкото сеуште нема изиграно утакмица со новиот тим, еве Иниеста се повреди, Меси се повреди, Анри исто така е под знак прашалник за почетокот на сезоната а Ибра освен на лесни тренинзи со нив сеуште нема изиграно натпревар и не е имплементиран во новиот тактички систем . A за разлика од нив, Реал се консолидира, Робен, Кака и Роналдо функционираат феноменално, Игуаин почна да разара па во моментов во тој поглед на уиграност и форма се пред Барса а дефакто имаат страшен тим .

Нејсе, мечот со Лацио беше приказна за себе, ти го гледаше најверојатно цел, како и сите ние овде, едноставно беше еден од оние мечеви кога топката не сакаше да влезе во голот, шансата на Мунтари, онаа на Ето, Лусио, Милито и останатите беа казнети од гол даден со фаца, од флипер акција во моменти кога Лацио за втор пат во вториот дел поминаа половина .
Тоа беше одлучувачкиот момент на овој меч, факт, деморализирачки делуваат ваквите голови и тоа директно влијаеше за нивниот втор гол по грешката на Киву . Јебига, еден од оние денови кога среќата ни го сврте грбот, такви моменти имаа пример минатата сезона со Торино дома, со Џенова дома . Мене ме радува изјавата на Мурињо кога кажа дека во една ситуација кога тимот е сеуште недоволно спремен и кога Ето игра за прв пат во стартен тим играле најдобро од кога е тој тука .
Ето даде гол, учествуваше во сите шанси и акции ( кој му ја овозможи 100% шанса на Мунтари и оние на Милито ?! ), повеќе и не можеше да даде во период кога за втор пат настапува за тимот и беше 60 до 70 % подготвен за игра . Глупо е да кажеш дека не беше импресиониран од неговото деби во овој дрес . :toe:
Се согласувам со тебе за една работа, премногу се одовлекуваше со Златан, али можеш ли да ја обвиниш управата за тоа кога секој би направил Се за да задржи таков играч во свои редови, за жал во истото не успеаа . Не дека чекале, го дрвеле до Јули па го шитнале, нц, се Се одвиваше надвор од медиумскиот радар, позадината на таа приказна не ја знаеме, али во едно сум 100% сигурен, Ибра беше тој кој стави крај на целата '' драма '' и донесе одлука да замине а Интер во една таква ситуација го извади според многумина максимумот, подобро за него и не можеа да добија, факт .

И да ја согледаме ситуацијата од еден реален аспект :

Oдбрана : Подобри од лани со носењето на Лусио, човек кој повеќе од 5 години сакав да го видам во овој дрес и ни на сон не помислив дека Баер би се откажале од него, и тоа во период кога е предводник на одбраната на Бразил ( заедно со Цезар и Маикон, што значи имаме 3ца играчи дел од стартен тим на еден Бразил ), период кога има 31 година ( одлични за еден одбранбен фудбалер ) и период кога одбраната нивна е тиња, без голман, без асални бекови а и централни дефанзифци во моментов . И ти самиот изрази желба пред неколку месеци за Лусио во Интер, па верувам ке се согласиш со мене дека во моментов имаат убедливо најдобра одбрана во Италија, батали што зборат јубентудиве за Кана и Киело, баФча се во споредба со Интер во тој аспект, дуелот Бразил - Италија им е потврда за истото ( Киелини - Кана - Буфон vs Лусио - Цезар - Маикон ) .

Средина : Најболната тачка на Интер повеќе од 10 години, фрагмент од тимот за кој бев убеден дека ке се среди со Мурињо . За Камби имам говорено, еден од најдобри 5 деструктивци на Светов, проблемот се останатите . Мота ке функционира одлично само во средина каде што ке нема уште еден деструктивец кој капак на Се е левак, што значи сум или за Мота или за Мунтари у стартен состав . Останатите две позиции, Занети дефинитивно да се врати на местото каде што играше лани а Киву да биде префлен на позиција лев бек, реков, коинциденција или не, кога Интер игра со 3 леваци во средина губи, така беше со Аталанта сезонава, така беше и со Лацио .
И конечно фамозниот плеј, доколку дојде некој од Горкуф или Снајдер, тимот ке биде и те како комплетен, Камби стриктно за дефанзива, Мота и Занети како солидна подршка за плејот, и истиот уз еден страшен универзален напад .

Напад : Заедно со одбраната, најмоќното оружје на Интер, пак ке се навратам на јувентидиве, нека не ме смеат со споредбите на Ето - Милитито со Амаури - Дел Пиеро . . . . не се на место, два солидни напади со разлика од 20 гола од минатата сезона, само Милито постигна 24 гола а главниот тандем на Јуве лани постигна вкупно 25 гола лани во Серија А .
Ето е приказна за себе, трет стрелец во историјата на Барса, играч кој беше најзаслужен за нивните триумфи во финалињата од ЛШ, играч кој парче правеше во Мајорка ( наводно играл само кога тимот играл добро ) и играч кој беше ноќна мора на еден Касиљас, човек кој завршил на инфективно ради труење од текила поради заминувањето на Ето од Шпанија, она што некогаш беше сон за него, денес е реалност, Ето не е во Барса .

Kлупа : За ова многу нема да го потам, доволни се зборовите на Мурињо дека клупата за резервни играчи е доста важен фактор за успех на сите полиња, т.е. премногу важен фактор, поготово во едно вакво првенство . На тоа место Интер има буквално уште еден тим кој со тие играчи во вакво првенство ке завршеше позади првата 4ка односно Интер има убедливо најдобар резервен состав во Италија а тоа е огромна предност .

п.с. Да, Јуве го доби Диего, али заборавате кого изгуби, уникатна машина која според мене беше едно од најдобрите нешта што некогаш играле во среден ред, а тоа е Недвед . :smir:

п.п.с. Gourcuff, l'unico vero trequartista nella lista della spesa nerazzurra - редно беше и fcinternews да излезат со оваа информација .
 

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
@ Ibracadabra. Умараш за ситуација што беше невозможна, капираш, ми збориш за некаков тандем Ибра - Милито што беше фантазија со оглед на тоа дека Ибра јасно излезе во јавноста со изјавата дека буквално Се што можел освоил со Интер и сака нов предизвик . Неговото задржување не беше возможно поради неговата огромна желба и настојување на замине во Барселона, сфаќаш ?
Се согласувам со тебе за една работа, премногу се одовлекуваше со Златан, али можеш ли да ја обвиниш управата за тоа кога секој би направил Се за да задржи таков играч во свои редови, за жал во истото не успеаа . Не дека чекале, го дрвеле до Јули па го шитнале, нц, се Се одвиваше надвор од медиумскиот радар, позадината на таа приказна не ја знаеме, али во едно сум 100% сигурен, Ибра беше тој кој стави крај на целата '' драма '' и донесе одлука да замине а Интер во една таква ситуација го извади според многумина максимумот, подобро за него и не можеа да добија, факт .


Прво пази што зборуваш.. Викаш тандемот бил фантазија.. Тандемот не беше фантазија, тандемот го имавме ние од 1 јуни..
Златан одамна викаше дека сака да си оди точно е тоа! Но, исто така точно е дека Мурињо не сакаше да слушни за негова продажба! Доказ за тоа ти е што Златан замина на подготовки, ја доби 10-ката од Мурињо и беше на промоцијата на новите дресови.. Исто така откако Реал ги купи останатите ѕвезди се прошири муабет и за Златан, Морати излезе со изјава дека тој не е за продажба! Исто така рече дека тој е клучен за проектот кој се спрема за наредната сезона..
Е сега мене не ме нервира тоа што го продадовме, ме нервира тоа што ни го купија! Едно е да си планираш како Барса што ќе биде со твојот играч и кој ќе го донесеш, друго е да ти го купат, па да си ја чукаш главата бидејќи знаеш дека тој во твојот тим беше и стрелец и асистент за голови и делумно плејмејкер.. Тоа не е нешто својствено за така голем клуб
..
За одбраната знам дека е најдобра.. А за тоа дека Чиву бил крив ама ич не се согласувам.. (сега ќе речите пак зборувам против голманот) ама откако примивме гол сите беа сконцентрирани односно линиите беа подигнати малку понапред и се мислеше да се израмни резултатот.. Кога Роки ја прима топката назад се наоѓаат само Чиву и Занети додека останатите се напред.. И сега не можиш ти да го чуваш играчот залепен за него тој воопшто да не ја прима топката кога губиш со 1-0, а тоа да биде и контра на противникот.. Значи овој ја прима, набрзо е стигнат од Чиву и Занети и веќе не може да се движи напред и што прави? Го лобува голманот од 25 метри.. Голманот кој излегол на 10 метри од голот..:tapp: Ако за лоб удар е крив одбранбениот играч тогаш не зборуваме за фудбал..
За нападот не велам дека не се добри или се слаби, туку велам не се уиграни.. Не е тоа туку така.. Дај боже да грешам.. Али изгубивме значајна утакмица.. Има уште 1 недела до Бари.. И големото дерби со Милан.. Се надевам дека дотогаш барем малку ќе се средат..
А за средината цело време го дрвиш сме играле со леваци..
па што има тоа врска?
Еве ти еден клип, со овој клип ја побивам твојата теза за леваци (односно на клипот сите играат со десна нога).. Мислам на Реал Мадрид..


Овој клип ти покажува дека нема врска со која нога ти играат играчите од средината на теренот..
Едноставно она знаење, техника, осет за додавање и ред други работи што го имаат Мота, Камбиасо, Мунтари и Дејо не е ни 50 % од она на Зидан. Тоа ти кажува дека играчите кои ги имаме се технички слаби, а не како што викаш ти губиме поради тоа што биле леваци..
Значи ни требаат креативци, техничари.. Ние немаме нити еден асален.. А сакаме да ја освоиме ЛШ! Како?!

П.С. Имаме уште малку време.. Во ваква ситуација би се задоволил со било кого.. Само да се земе некој.. И да имаме среќа со повредите..

П.П.С. Доколку не земат никој, тогаш знаете што мислам за трансферот Ето + 50 милиони за Златан!
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Portieri: 1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 21 Paolo Orlandoni;

Difensori: 23 Marco Materazzi, 24 Nelson Rivas, 25 Walter Samuel, 26 Cristian Chivu, 39 Davide Santon, 46 Luca Caldirola;

Centrocampisti: 5 Dejan Stankovic, 7 Ricardo Quaresma, 8 Thiago Motta, 14 Patrick Vieira, 15 Renè Krhin, 19 Esteban Cambiasso, 20 Obi, 30 Mancini, 48 Lorenzo Crisetig;

Attaccanti: 22 Diego Milito, 45 Mario Balotelli, 47 Denis Alibec, 49 Mattia Destro.


Утре се игра тим купот по едно полувреме со Јувентус и Милан. Но Мурињо поради пријателските натпревари на кои играа голем број од нашите играчи уштре ќе игра со играчи кои беа слободни викендов како Мансини, Кварезма, Виера, Матераци, Самуел...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
Леваците се уникатни луѓе, не е исто да ги споредиш со 3ца деснаци во среден ред зашто факт е дека поголема е веројатноста да имаш деснаци отколку леваци со оглед на тоа што тој тип на луѓе се '' реткост '' .

У принцип тимовите се составени од 7-8 деснаци и 2-3 леваци ( главно бек и крило и евентуално напаѓач ) во екипа, но не сите да бидат распоредени на едно исто место, средина .
Освен Мота, другиве се тиња со десната нога, незнаат да подадат а камоли да шутнат . На крај краева најди колку екипи во светот, освен Интер практикуваат да играат со тројца класични леваци во среден ред . . . изброј го бројот на екипи со таков среден ред .
Јас еве искрено, освен Интер, немам сретнато друга екипа која го практикува истото . :wink:

п.с. Клипот не ја побива мојата теза за леваците, јас таму гледам како што и самиот напомена, играчи кои играат главно со десна нога, мада дел од нив подеднакво добро играат и со едната и со другата нога . Јас зборев стриктно за леваци, деснаците се друга приказна .
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.545
Поени од реакции
7.083
Portieri: 1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 21 Paolo Orlandoni;

Difensori: 23 Marco Materazzi, 24 Nelson Rivas, 25 Walter Samuel, 26 Cristian Chivu, 39 Davide Santon, 46 Luca Caldirola;

Centrocampisti: 5 Dejan Stankovic, 7 Ricardo Quaresma, 8 Thiago Motta, 14 Patrick Vieira, 15 Renè Krhin, 19 Esteban Cambiasso, 20 Obi, 30 Mancini, 48 Lorenzo Crisetig;

Attaccanti: 22 Diego Milito, 45 Mario Balotelli, 47 Denis Alibec, 49 Mattia Destro.


Утре се игра тим купот по едно полувреме со Јувентус и Милан. Но Мурињо поради пријателските натпревари на кои играа голем број од нашите играчи уштре ќе игра со играчи кои беа слободни викендов како Мансини, Кварезма, Виера, Матераци, Самуел...
во колку саат се игра утакмицава и дали ке има пренос на тв?
баш сакам утре да видам дали ке се докаже некој што цело лето си ги дига акциите како манчини и виеира!
ке останувале да се докажуваат, ја да сум мурињо утре им викам докажете се ве оставам не се докажете сакам сами да си најдете нов клуб до 22 август!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom